Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јаневска учествува на Светскиот образовен форум во Лондон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library3uerufn8hc740QVfgMM

Од 17 до 20 мај во Лондон ќе се одржи Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини што се организира по 24 пат.

— реклама —

Годинава, темата на форумот е „Образование за заедничка иднина: Мир, планета, цел и патеки“.

— реклама —

Како што наведуваат организаторите на форумот - Министерството за образование на Обединетото Кралство, Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој, Министерството за бизнис и трговија и Британскиот совет, во време на глобална неизвесност и ескалација на геополитичките тензии, зголемување на нееднаквостите, интензивирање на климатските кризи и брзи технолошки промени, образованието е клучна сила и извор на отпорност, иновации и социјална кохезија. Единствено преку вложување во знаењата, вештините и вредностите на младите, може да се изградат општества ориентирани кон мир, праведност и одржлив развој.

— реклама —

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на повеќе тематски сесии, а ќе биде и меѓу говорниците на панел дискусија посветена на креирање образовни политики базирани на факти, каде ќе ги претстави македонските искуства и реформски процеси во образовниот систем.

На форумот се очекува присуство на над 150 министри и делегации од целиот свет, како и претставници на меѓународни организации, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања