Промени тема
Контакт

Јужна Европа се бори со огнената стихија: Франција, Грција, Шпанија и Португалија на удар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N
unsplash / Илустрација

Шумските пожари продолжуваат да беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници жители да ги напуштат своите домови, додека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата.

— реклама —

Најкритично е во југозападниот дел на Франција, во близина на Перпињан, каде што повеќе од 700 пожарникари, со поддршка од специјализирани авиони, се борат со голем пожар што досега зафатил околу 4.600 хектари. Од погоденото подрачје се евакуирани повеќе од 10.000 жители.

— реклама —

Поради опасноста од пожарите, француските власти донесоа одлука третата етапа од велосипедската трка Тур де Франс низ Пиринеите да се одржи без присуство на публика.

Пожари се активни и во Португалија, Шпанија и Грција, каде што заедно уништиле повеќе од 19.000 хектари земјиште. Во Солун огнот зафати две фабрики, по што беа евакуирани околните населби, додека жителите добија препорака да не ги отвораат прозорците поради густиот чад.

— реклама —

Во Шпанија, пожарот во близина на Коста Брава уништи повеќе од 2.200 хектари за само два дена, а властите предупредуваат дека новиот топлотен бран, со температури до 40 степени, ќе го отежне справувањето со огнената стихија.

— реклама —

Пожари се регистрирани и во Хрватска и Албанија, а метеоролозите најавуваат дека екстремно високите температури во текот на неделата ќе се прошират и кон северните делови на Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 2 седмици

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Четири активни пожари во Македонија, најкритично кај Македонски Брод, Чучер-Сандево, Неготино и Новаци

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања