Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Канадскиот премиер: Канада ќе помогне Америка повторно да стане голема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryi7l2buin9kl12RVx8cD

Канадскиот премиер Марк Карни повика на „ново партнерство“ со САД, оценувајќи дека блиската соработка меѓу двете земји ќе помогне „Америка повторно да биде голема“.

— реклама —

Во говор одржан во Њујорк, Карни изјави дека светот се менува додека САД ги трансформираат своите трговски односи, но нагласи дека посилната соработка со Канада ќе биде од корист за двете држави.

Неговото обраќање доаѓа во период на трговски тензии меѓу Отава и Вашингтон, а Карни најави дека Канада во следната деценија ќе го удвои извозот кон други пазари. Тој потсети и дека минатата година биле потпишани повеќе од 20 економски и безбедносни договори.

— реклама —

Канадскиот премиер се осврна и на претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можно припојување на Канада како 51. американска држава, оценувајќи дека односите меѓу двете земји откриле „слабости што треба да се исправат“.

— реклама —

Карни истакна дека САД суштински го промениле пристапот кон трговијата, воведувајќи царини какви што не биле видени уште од времето на Големата депресија.

Сепак, во говорот тој имаше помирувачки тон кон Вашингтон, опишувајќи ги САД како „најдинамичната, најотпорната и најиновативната земја во светот“.

„Силна Канада ќе помогне Америка повторно да биде голема“, порача Карни, повикувајќи на поголема соработка во секторите како алуминиумската индустрија, автомобилската индустрија и производството на клучни минерали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку седум загинати во голем пожар во канадска воена база, десетици повредени

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library77lonlb976v482h68Gz

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Свет | пред 6 дена

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Катастрофален пожар во воена база во Канада, има загинати и повредени

Свет | пред 6 дена

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Полицаец ранет во престрелка пред синагога во Канада

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања