Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Казни до 150 евра за пиење алкохол на плажа во француско летувалиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryfh7q97rls9o79GOkunT
Photo by Savvas Kalimeris on Unsplash

Популарното француско летувалиште Сен Жан де Луз на атлантскиот брег воведе нови ограничувања за консумирање алкохол на јавни места, вклучително и на плажите, со цел да се намалат ноќните забави и нарушувањето на јавниот ред.

— реклама —

Според новите правила, лицата кои во вечерните часови ќе консумираат алкохол на плажите може да бидат казнети со парична казна до 150 евра.

Мерката се однесува на трите најпосетени градски плажи – Гранд Плаж, Плаж д’Еромарди и Плаж де Лафитенија. Локалните власти наведуваат дека проблем претставуваат големите групи кои по затворањето на кафулињата и рестораните продолжуваат со забавите покрај морето.

— реклама —

Од општинската полиција појаснуваат дека целта не е да се казнуваат туристите кои преку ден мирно уживаат на плажа со пијалак, туку да се спречат доцните ноќни собири, бучавата и нарушувањето на јавниот ред.

— реклама —

Полицијата ќе ја проценува секоја ситуација поединечно, а засилените контроли ќе бидат насочени кон масовните вечерни собирања.

Слични ограничувања веќе се применуваат и во други туристички дестинации. Во хрватската Макарска е забранета продажба на алкохол во продавници, киосци и пекарници во текот на ноќта, додека во Сплит и Дубровник за консумирање алкохол на одредени јавни површини се предвидени казни до 300 евра.

— реклама —

Уште построги се правилата на шпанските Балеарски Острови, каде што за пиење алкохол на улица или на плажа казните се движат од 500 до 1.500 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања