Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ќе има тестови за дрога за сите лекари, ако се прифатат измените на законот предложени од Алиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryatdbd0v6dl8o5DJngOK

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека лично смета оти треба да се воведе законска обврска за редовни токсиколошки анализи кај сите лекари, по објавата на скандалозната снимка на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, меша бела прашкаста материја и вели дека користи „само чисто бело“. Алиу, сепак, призна дека не е сигурен дали таквата обврска може веднаш да се вметне во некој од 12 здравствени закони што моментално се менуваат.

— реклама —

„Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира, не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.

— реклама —

Тој потврди дека сега веќе разрешениот директор Кузмановски од март годинава работел со истечена лиценца. Во моментот, неколку комисии — меѓу кои и Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат — спроведуваат проверки за да утврдат дали и какви прегледи извршувал Кузмановски во периодот додека немал важечка лиценца.

— реклама —

Министерот најави дека, иако не е сигурно дали може да се воведе законска обврска за токсиколошки тестови, ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.

— реклама —

Алиу информираше и дека на местото на разрешениот Кузмановски е назначен нов вршител на должност — Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој најави формирање две интерни комисии кои ќе спроведат стручен надзор врз работата на Клиниката и активностите на Кузмановски во изминатите 12 месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања