Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Ќе мораме сами да ги браниме нашите животи“, рече Вучиќ по вчерашните упади во „Информер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryrgirta42vi8a6G2r5BA

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, најави дека неговите поддржувачи би можеле сами да се организираат доколку државните органи не реагираат на насилството, коментирајќи го вчерашниот упад на граѓани во редакцијата на српскиот медиум „Информер“.

— реклама —

Вучиќ изјави дека ситуацијата била ужасна и дека животот на главниот уредник Драган Вучиќевиќ бил спасен дури по пристигнувањето на припадниците на полициската бригада. Тој ги обвини учесниците во инцидентот дека сакале да го понижуваат и малтретираат.

— реклама —

„Ако државата не реагира, во деновите што следуваат ќе мора да донесеме свои одлуки. Ќе бидеме принудени сами да се организираме“, порача Вучиќ, предупредувајќи дека одговорноста за тоа ќе ја сносат државните органи.

— реклама —

Тој ги обвини политичките противници дека сакаат да ја укинат демократијата и Собранието, нагласувајќи дека тоа нема да го дозволи без отпор. Вучиќ порача и дека не се плаши од своите противници и дека ќе остане покрај своите поддржувачи.

— реклама —

„Ќе мораме сами да ги браниме нашите животи. А сакаме тие што побрзо да формираат влада и да го покажат нивното знаење, да ги донесат сите експерти од Црна Гора. Ќе видиме докога граѓаните на Србија ќе го трпат тоа“, додаде Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања