Промени тема
Контакт

Комунална хигиена исчисти 20 кубни метри отпад од гимназијата „Орце Николов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryj2erloj8rtp77zBHnsU

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“, при што од училишните простории и дворот беа собрани и транспортирани околу 20 кубни метри претежно кабаст отпад.

— реклама —

Акцијата беше реализирана со цел подобрување на хигиената и создавање почиста и побезбедна средина за учениците и вработените во гимназијата.

— реклама —
— реклама —

Покрај ваквите теренски активности, ЈП Комунална хигиена-Скопје традиционално организира и едукативни работилници во ова училиште. Преку нив, учениците се запознаваат со работата на претпријатието, значењето на правилното постапување со отпадот и придобивките од примарната селекција во заштитата на животната средина.

Од претпријатието посочуваат дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со цел подигање на јавната свест и поттикнување на одговорен однос кон чистата животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9kvt8c5b8olb4dZ1YHl

Во септември во Скопје собрани и транспортирани 14.320 тони комунален отпад

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-librarygnbo6b8isld50BmF7kz

Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна, според УНЕП

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryop9gbi1btfmi1az9f04

Од скопските улици и диви депонии отстранети 650 кубни метри отпад

Скопје | пред 2 седмици

media-library9upgi4eh67etfK3sbZY

(Видео) Собираат отпад за пари, но наместо на депонија – го истовараат на улица: уште еден случај на несовесно однесување

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања