Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кремљ: Трамп и Путин разговарале 75 минути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор кој траел еден час и 15 минути. Разговорот бил инициран од американска страна и, според Кремљ, поминал во пријателски тон, со размена на божиќни честитки.

Информациите за разговорот ги пренесе советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Тој изјави дека Трамп сакал директно да го слушне рускиот став за конфликтот во Украина, непосредно пред неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

„Претседателот Трамп внимателно ја сослуша проценката на руската страна за состојбата на теренот и за можностите за постигнување мировен договор“, изјави Ушаков.

— реклама —

Според него, во разговорот било нагласено дека ситуацијата околу регионот Донбас останува клучно прашање и дека, според заедничкото мислење на двајцата лидери, Киев треба без понатамошно одложување да донесе одлука за иднината на овој регион.

Ушаков додаде дека и Путин и Трамп се согласиле оти натамошното одложување на решавањето на прашањето за Донбас може дополнително да ги усложни мировните напори.

— реклама —

„Двајцата лидери сметаат дека е неопходно украинската страна во најкраток можен рок да донесе јасна одлука за иднината на Донбас“, наведе советникот на Кремљ.

— реклама —

Дополнително, Ушаков најави дека Доналд Трамп и Владимир Путин ќе имаат уште еден телефонски разговор во текот на вечерта, веднаш по завршувањето на средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател.

Од Кремљ засега не соопштуваат дополнителни детали за содржината на разговорот, ниту за тоа какви конкретни предлози биле разгледувани, наведувајќи дека прерано изнесување информации би можело да влијае врз натамошниот тек на дипломатските контакти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

ЕУ ги обновува односите со Сирија, истовремено го зголемува притисокот врз Русија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Свет | пред 2 дена

media-library80r36j4ah7lscADtZfe

Путин бара промена на безбедносниот поредок во Европа: НАТО да се повлече на границите од 1997 година

Свет | пред 2 дена

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп ќе се сретне со Путин и Си Џинпинг, Украина најверојатно нема да биде тема

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања