Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Криминалното дувло во Центарот за социјални работи во Тетово се шири - пензија добил и роднина на вработен, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Од Левица преку соопштение обвинуваат дека скандалот со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега во Центарот за социјални работи во Тетово добива нови размери, тврдејќи дека социјална пензија добил и роднина на вработен во институцијата.

— реклама —

Според партијата, и покрај тоа што дел од вработените во Центарот биле опфатени со постапка на Јавното обвинителство и признале вина за несовесно работење во службата, тие продолжиле да работат, а злоупотребите, како што велат, не престанале.

— реклама —

„Ова отвора сомнежи дека станува збор за поширока мрежа на злоупотреби и покажува дека или не постои никаква контрола или намерно ваквите случаи се игнорираат од страна на министерот Фатмир Лимани“, стои во соопштението од Левица.

Од партијата во соопштението посочуваат дека инволвираните лица, иако биле задолжени да платат по 18.000 денари по признание на вина, останале на своите работни места.

— реклама —

Левица во соопштението обвинува дека Министерството за социјална политика не одговорило на нивните претходни барања за расчистување на случајот и оценува дека молкот на институциите претставува „премолчено одобрување и соучесништво во криминал и корупција“.

— реклама —

Партијата преку соопштението бара темелна истрага, јавна отчетност и конкретни санкции за сите инволвирани лица, нагласувајќи дека „социјалната заштита не смее да биде приватен канал за злоупотреба“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања