„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Кулминација на нередите во Иран: Демонстрантите палат владини згради

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library1dbbc5ifq9v77E0AyJM

Масовни протести против власта се одржуваат во Техеран и во други ирански градови, а снимките од терен прикажуваат најголеми демонстрации против режимот во последните неколку години. Немирите, кои траат веќе 12 дена по ред, се поттикнати од гневот поради колапсот на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата.

— реклама —

Протестите дополнително беа поттикнати од повикот на Реза Пахлави, кој живее во Вашингтон, а чиј татко беше соборен со Исламската револуција во 1979 година. Тој ги повика Иранците „да излезат на улиците и, како обединет фронт, гласно да ги искажат своите барања“.

Иранските државни медиуми ги минимизираат размерите на немирите или целосно ги негираат, објавувајќи снимки од празни улици. Властите прибегнаа и кон драстични мерки, при што надзорната група „НетБлокс“ извести за „национален прекин на интернетот“ со цел да се попречи комуникацијата меѓу демонстрантите. Ситуацијата во Иран внимателно ја следи и меѓународната заедница.

— реклама —

Властите во многу делови од земјата ги прекинаа интернет и мобилните врски

За време на масовните протести, властите во Иран воведоа сериозни ограничувања на комуникациите.

Според податоците од организации што го следат мрежниот сообраќај, во многу делови од земјата интернет и мобилните врски се прекинати или значително отежнати, вклучително и мобилниот интернет и телефонските услуги.

Целта на мерките, како што се наведува, е да се спречи ширењето информации и координацијата меѓу демонстрантите, додека властите засега не издадоа официјално објаснување за обемот и времетраењето на прекините.

Синот на лидерот соборен во револуцијата од 1979 година ги поддржа демонстрантите и му се заблагодари на Трамп

Протестите дополнително беа поттикнати од повикот на Реза Пахлави, кој живее во Вашингтон, а чиј татко беше соборен со Исламската револуција во 1979 година.

Тој ги повика Иранците „да излезат на улиците и, како обединет фронт, гласно да ги искажат своите барања“.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Пахлави порача дека „милиони Иранци вечерва ја побараа својата слобода“, опишувајќи ги демонстрантите како свои „храбри сонародници“, а му се заблагодари и на Трамп.

Ова се најголемите протести по оние поттикнати од смртта на млада Курдка во затвор

Во коренот на протестите, кои започнаа на 28 декември со протест на трговците во Техеран, лежи длабока економска криза. Иранската валута, ријалот, падна на рекордно ниски нивоа во однос на доларот, а инфлацијата скокна на 40 отсто. Економијата е притисната од американските санкции, но и од лошото управување и корупцијата.

Актуелниот бран протести е најраспространет од оној во 2022 година, поттикнато од смртта на Махса Амини, младата девојка која почина во притвор по бруталното претепување од стран на моралната полиција. При задушувањето на тие протести беа убиени повеќе од 550 луѓе, а 20.000 беа приведени.

Сепак, најголемите протести од Исламската револуција се случија во 2009 година, кога милиони Иранци излегоа на улиците поради спорните претседателски избори, што резултираше со смрт на десетици поддржувачи на опозицијата и илјадници апсења.

Демонстрантите палат владини згради

На видеоснимки што се споделуваат на платформата Икс се гледаат пожари и чад во близина на објекти кои корисниците ги идентификуваат како згради на владата или на локалната самоуправа во поединечни градови.

Властите засега не ја потврдија автентичноста на снимките, ниту дадоа официјални информации за обемот на штетата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryth1nrhuoccsv6cN13oX

(Видео) Белата куќа: Трамп нареди напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“

Свет | пред 7 часа

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

Иран започна нов бран напади врз Израел

Свет | пред 7 часа

media-libraryl4js6v4rs4hobYAQxv4

Најмалку 87 морнари загинаа по потопувањето на иранска фрегата кај Шри Ланка

Свет | пред 8 часа

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Иран се закани: Израелските амбасади ќе бидат легитимни цели

Свет | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања