Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Купувате стан во Европа? Еве каде ќе платите најмногу данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarykcn260sq0kuudzkjBTb
unsplash

Поседувањето недвижност во Европа носи даночни обврски речиси во секоја фаза – од купувањето, преку сопственоста и издавањето под закуп, па сѐ до продажбата. Висината на овие давачки значително се разликува од држава до држава, а според анализата на „Еуроњуз“, Белгија е меѓу земјите со најголемо даночно оптоварување, додека Кипар и Малта се најповолни за сопствениците.

— реклама —

Сопствениците најчесто плаќаат четири вида даноци: данок при купување недвижност, годишен данок на имот, данок на приход од издавање под закуп и данок на капитална добивка при продажба.

Кога станува збор за приходите од изнајмување, Данска има една од највисоките даночни стапки за пониски приходи, додека за повисоки приходи на врвот е Белгија со стапка од 47,27 проценти. Од друга страна, Кипар не наплатува данок за најниските приходи од закуп.

— реклама —

Белгија е и меѓу најскапите земји при купување недвижност. Данокот може да достигне до 12,5 проценти од купопродажната цена, додека во Обединетото Кралство изнесува до 12 проценти, во Холандија 10,4, а во Луксембург 10 проценти. Спротивно на тоа, Естонија и Чешка не наплатуваат ваков данок.

— реклама —

Годишниот данок на недвижности, исто така, значително варира. Во Велика Британија сопствениците на дом вреден околу 300.000 евра плаќаат меѓу 2.000 и 3.200 евра годишно, додека во Франција и Шпанија износите најчесто се движат од 700 до 1.800 евра. Кипар и Малта воопшто немаат годишен данок на недвижности.

Највисок данок на капитална добивка при продажба има Данска, каде што може да достигне повеќе од 52 проценти. Во Германија, пак, доколку сопственикот ја поседувал недвижноста повеќе од десет години, добивката е целосно ослободена од оданочување.

— реклама —

Анализата покажува дека Белгија е меѓу најнеповолните земји за инвестирање во недвижности поради високите даноци во речиси сите категории, додека Кипар и Малта се издвојуваат како најповолни дестинации за сопствениците и инвеститорите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 1 седмица

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 1 седмица

gradeznistvo-1024x448

Младите во Европа сè потешко до сопствен дом: Цените на становите пораснале за 60,5 отсто

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања