Промени тема
Контакт

ЛДП бара владините повереници во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Либерално-демократската партија подготвува измени на Изборниот законик со кои ќе бара поверениците што Владата ќе ги назначи во општините во кои поради немање цензус не се избраа градоначалници, да не може да се кандидираат кога ќе бидат повторно организирани избори.

,,Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори. Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери”, велат од ЛДП.

— реклама —
— реклама —

Според партијата, доколку се усвојат измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија.

— реклама —

Во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа не се постигна неопходната излезност во првиот круг и по 60 дена изборите почнуваат од почеток. Спикерот Гаши чека толкување и договор од кога течат роковите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryks28evm4i5ofe9fkaSy

Спротивно од оптимизмот на Мицкоски, иселувањето ќе се интензивира во наредните години, велат од ЛДП

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
LDPlogo-620x360

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

Македонија | пред 2 дена

media-library5ijcftctjt2cdl5kezo

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Македонија | пред 3 дена

LDPlogo-620x360

ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања