Промени тема
Контакт

ЛДП: Наместо „празни“ интерпелации, ДУИ да го поддржи нашиот предлог за намалување на банкарските провизии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
bankomat

Либерално-демократската партија апелира на одговорно и совесно однесување од сите политичари и политички партии, нo пред сѐ, како граѓани на оваа земја. Сега не е време за нови поделби и сите заедно не смееме да дозволиме одредени сили во земјата повторно да создаваат тензии и поделби на народот.

„Доколку ДУИ навистина сака да покаже доблест и вистинска грижа за граѓаните и државата, ќе го поддржи предлогот на ЛДП, кој претседателката и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, го достави пред две недели, а со кој се намалуваат и укинуваат неоправдано високите банкарски трошоци.

— реклама —
— реклама —

Со поддршка на овој предлог, од кој сите граѓани на Македонија без разлика на нивната вера, националност и етничка припадност ќе имаат повеќе пари во нивните џебови, ДУИ ќе покаже дека навистина застанува на страна на граѓаните и ги брани нивните интереси. Сѐ останато е само уште една епизода на популизам, задоволување на лични интереси и собирање на дневни политички поени.

— реклама —

ЛДП оценува дека интерпелациите поднесени од страна на ДУИ за првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерката за внатрешни работи Астри Исени и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, се неосновани и во моментов, целосно непотребни“, велат од ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryks28evm4i5ofe9fkaSy

Спротивно од оптимизмот на Мицкоски, иселувањето ќе се интензивира во наредните години, велат од ЛДП

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
LDPlogo-620x360

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?

Македонија | пред 2 дена

media-library5ijcftctjt2cdl5kezo

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Македонија | пред 3 дена

LDPlogo-620x360

ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања