Промени тема
Контакт

Левица бара одговорност по наодите за финансиски злоупотреби во во Академијата за судии и јавни обвинители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0cph4esfdqrh1Ttx4lY

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По злоупотребите при работењето во Академијата за судии и јавни обвинители, кои се нотирани во последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, се поставува прашање како институцијата која што треба да ги обучи идните судии и јавни обвинители ќе извади високостручен и високо морален кадар, кога самата е длабоко навлезена во криминал и корупција, велат од политичката партија Левица.

„Според ревизорскиот извештај во Академијата се исплаќало за гориво за приватни автомобили, надоместоци за седници на лица кои не се присутни, набавки без оглас и ред други неправилност, односно се расфрлале со пари без реално покритие.

Ревизорите утврдиле дека Академијата исплаќала надоместоци за учество на седниците на членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет уште пред да се одржи седница тековниот месец, а исплаќале и надоместоци и на членови кои што не биле присутни на седниците.

Исто така, утврдено е дека Академијата нема интерни процедури за исплата на патни и дневни трошоци за службени патувања во странство користењето на службени возила како и начинот на користење и располагање со средствата од денарска и девизна благајна, што придонело членови на Комисијата за полагање на приемен испит да си точат гориво со службени картици во приватни возила, за што се потрошени 325.000 денари.

— реклама —

Следно, ревизорите утврдиле дека Академијата набавила психолошки тестови за 527 кандидати во износ од близу 2 милиони денари без објавување на оглас!

— реклама —

Во 2024 година, во Академија се одвивала втора фаза од почетна обука практична настава за 8 ма генерација на слушатели за судии и јавни обвинители, која е започната во мај 2023 што претставува надминување на законски утврдениот рок од 3 месеци, што довело до исплата на дополнителни финансиски средства за надоместоци во вкупен износ од 2.113 илјади денари од кои 1.822 илјади денари на менторите и 291 илјада денари на координаторите. Освен исплата на дополнителни средства, ваквата состојба влијаела и на пролонгирање назавршувањето на обуката и изборот на слушателите за судии и јавни обвинители.

Понатаму, се наплаќале надоместоци за приемен испит од 1000 денари, иако за тоа нема законски основ, а незаконски се исплаќале и надоместоци за прекувремена работа без притоа да се најави во Државниот инспекторат за труд, а часовите за прекувремена работа биле далеку над законски дозволениот максимум.

— реклама —

Имајќи го сето ова во предвид не зачудува фактот што судската власт има најмала доверба кај граѓаните од само 2 % , а работењето на овие институции како Академијата за судии и обвинители придонесува за ваквиот лош рејтинг во судството.

Ревизијата е направен за 2024 година кога директори беа Наташа Габер Дамјановска, Илир Исени и Ирина Трајкоска Стрезоска“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд без постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
apasiev

„Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел - Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините“, вели Левица

Македонија | пред 16 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Јаневска сфати дека со лажење не оди, па сега молчи пред сопствениот правилник - бодови нема и останува некој конечно да сноси одговорност за партизирање и на студентските домови

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Левица: „Во сезона кога западнонилската треска урива негативни рекорди, Град Скопје упорно крие дали навремено и колку ефикасно прскал - Левица поднесе жалба поради молкот на градот“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања