Промени тема
Контакт

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците - и на улиците и од институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library6rni21jjsv8vfOBQWqB

Левица ја искажа целосната поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите, оценувајќи ги како легитимни и оправдани поради постојаното зголемување на трошоците за живот и потребата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

„Поминаа речиси две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, со игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме ‚четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП‘“, се наведува во соопштението на Левица.

— реклама —
— реклама —

Партијата ги повикува ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да престанат со „илузијата“ и да ја сфатат улогата на државниот врв како заштитник на послабите. Левица потсетува дека минатата година поднесе Предлог-закон со кој платите на сите работници требаше да се зголемат за најмалку 100 евра, што би ја зголемило минималната плата на 500 евра, но мнозинството го одби предлогот, наводно поради интересите на бизнис секторот.

— реклама —

„Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа Левица ја изразува недвосмислената поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, со плата која овозможува достоинствен живот“, се истакнува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 23 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања