Промени тема
Контакт

Левица: Економскиот „раст“ на Мицкоски е статистичка илузија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Од политичката партија Левица ги отфрлија тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за економските успеси на Владата, оценувајќи дека станува збор за статистички показатели кои, според нив, не ја отсликуваат реалната состојба со која се соочуваат граѓаните.

Од партијата наведуваат дека растот на бруто-домашниот производ не може да се смета за вистински економски успех во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога јавната потрошувачка е значително зголемена.

„Реалната економија покажува пад на земјоделското и индустриското производство, зголемен увоз и намален извоз. Домашното производство слабее, а економијата сè повеќе се потпира на задолжување и јавна потрошувачка“, велат од Левица.

— реклама —

Според нив, номиналниот раст на БДП може да биде резултат на инфлација, поскапувања и задолжувања, но тоа не значи дека граѓаните имаат подобар животен стандард.

— реклама —

Од Левица посочуваат и дека потрошувачката кошничка е значително поскапена, додека платите не го следат растот на цените.

Партијата исто така забележува дека дел од економските показатели на кои се повикува Владата се базираат на проекциите на Меѓународниот монетарен фонд, за кои, според нив, нема гаранција дека ќе бидат реализирани.

— реклама —

„Граѓаните не живеат од статистички презентации, туку од можноста да ги платат сметките и да обезбедат пристоен живот. Огромен дел од населението не го чувствува растот со кој власта секојдневно се фали“, наведуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zanaet45253_original

Левица: УЈП им создаде долг на занаетчиите, па сега ќе им блокира сметки и одзема здравственото осигурување поради грешка на институциите

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Левица: Владата троши милиони за да се снима, промовира и да си го мери рејтингот

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Јаневска молчи пред аргументите на Левица, со тоа потврдува дека бодување за студентските домови повторно немало, спротивно на законот и правилникот

Македонија | пред 2 дена

apasiev

„Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија“, вели Левица

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања