Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Додека европските градови како Загреб и Берлин воведуваат високи даноци за недвижности кои не служат за домување и преземаат чекори за враќање на големиот станбен фонд во јавна сопственост, Владата на ДПМНЕ со својот либерален пристап им ја отвора вратата на инвестициските фондови да трупаат станови и да заработуваат милиони. Додека крупниот капитал купува стотици станови како инвестиција, граѓаните се заглавуваат во доживотни кредити за да обезбедат еден единствен дом, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„Данската инвестициска група „Ваексткапитал“ купила 250 станови во изградба во Скопје, со најавена цел бројката да достигне најмалку 1.000. При претпоставени 50 квадратни метри по стан и цена од 2.000 евра по квадрат, тоа би значело портфолио вредно околу 100 милиони евра. Додека еден фонд може да акумулира илјада станови, илјадници семејства не можат да обезбедат ниту еден.

— реклама —

За едно семејство, педесет квадрати се дом, сигурност и децении отплаќање кредит. За инвестициски фонд, тие се само бројка во портфолио. Ова не наликува на нормален пазар, туку на систем во кој државата го штити капиталот што трупа имот, додека граѓаните ги остава сами пред прескапите кредити и недостапните кирии.

— реклама —

Потребни се итни и конкретни мерки: јавно и достапно станбено домување, прогресивно оданочување на големите портфолија и празните станови, ограничување на шпекулативното купување, правила за краткорочно изнајмување и целосна транспарентност за концентрацијата на станбената сопственост.

— реклама —

Колку илјади станови треба да се соберат во рацете на малкумина за ДПМНЕ конечно да сфати дека граѓаните не бараат луксуз, туку покрив над глава? Домувањето е основно право, а власта што го претвора во привилегија за богатите мора да одговара“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: На Тошковски му бегаат тепачи на жени од полициски станици, а МВР сѐ уште не поднесува кривична пријава

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 4 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 4 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања