Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Има пари за НАТО, нема за студентите - ДПМНЕ крати 185 милиони од образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
apasiev

Опозициската партија Левица преку соопштение обвинува дека власта предводена од ДПМНЕ со ребалансот на буџетот ги намалила средствата за образование за 185 милиони денари, додека капиталните расходи на Министерството за образование и наука се намалуваат за дополнителни 518 милиони денари.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека кратењата доаѓаат во период кога студентите тешко ги покриваат основните животни трошоци, студентскиот стандард се влошува, а износот на субвенционираниот студентски оброк со години не е усогласен со инфлацијата.

— реклама —

Според Левица, ваквата одлука е удар врз младите, кои наместо подобри услови за студирање и поквалитетно образование добиваат нови кратења. Партијата тврди дека власта се повикува на ограничениот буџет кога станува збор за зголемување на студентскиот оброк, но истовремено обезбедува средства за НАТО и воени расходи.

— реклама —

Од Левица обвинуваат дека владата продолжува да се задолжува и да штеди на различни категории граѓани, додека, како што наведуваат, ги штити интересите на најбогатите. Според партијата, намалувањето на средствата за образование ја загрозува иднината на државата.

— реклама —

Левица најави дека преку амандмани ќе се обиде да ги спречи кратењата со ребалансот на буџетот. Од партијата порачуваат дека средства има за младите, работниците и пензионерите, но дека недостига политичка волја, и бараат намалувањето на трошоците да започне од луксузот на функционерите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања