Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Кадарот на ЛДП, Валентин Груевски го доведе во пропаст „Македонски шуми“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Состојбата во јавното претпријатие „Македонски шуми” е доведена на алармантно ниво на Македонија, каде работниците се заканија со генерален штрајк, доколку не се исполнат нивните барања.

— реклама —

Директорот од ЛДП, Валентин Груевски наместо ова профитабилно претпријатие да го доведе до рентабилно работење, Груевски со предизборни партиски вработувања продолжува да ги задолжува „Македонски шуми”.Очигледно граѓаните плаќаат за метар кубен дрва и до 4.000 денари, за Груевски да го пренатрупува претпријатието со партиски неподобен кадар, а за постоечките работници нема да исплати ни придонеси!

— реклама —

Јасно е дека коалицијата на СДС тоне во корупција и криминал и затоа ваквите неспособни кадри никој не ги разрешува, туку добиваат поддршка од власта. Токму ваквите таканаречени мали партии, кои се дел од секоја власт, а никогаш не излегле сами на избори, го руинираат македонското општество. Затоа Левица е единствена партија која е против предизборни коалицирања, со цел ваквите паразитски партии, чија единствена политичка сила се партиските вработувања - да исчезнат од политичката сцена.

— реклама —

Иронијата да биде поголема е што токму со насилничкиот Преспански договор, ова јавно претпријатие се преименува од „Македонски шуми” во „Национални шуми”. Со ова, квинслишката власт на СДС и ДУИ единствено што постигна е бришење на македонскиот идентитет, додека и со новото име, претпријатието тоне во долгови и корупција.

— реклама —

Левица го повикува ОЈО да влезе во просториите на „Македонски шуми” со цел да го истражи расипничкото работење на директорот Валентин Груевски, кој додека ги поскапува услугите, очигледно нема пари да ги исплати платите на работниците“, вели Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања