Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Клековски им држи лекции на докторите, додека аматери го водат јавното здравје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryej1dct3fu7v82ajFhJk

Политичката партија Левица упати остри критики до министерот за здравство Сашо Клековски, обвинувајќи го дека, наместо да преземе одговорност за, како што велат, институционалните пропусти поврзани со состојбата во Гостивар, ги напаѓа лекарите и медицинската јавност.

— реклама —

Од Левица оценуваат дека, во време кога, според нив, Гостивар се соочува со сериозна здравствена состојба, министерот не понудил извинување ниту објаснување како институциите не го забележале проблемот навреме, туку, како што наведуваат, одлучил да ги обвинува докторите дека настапуваат поради „лајкови и кликови“.

— реклама —

Според партијата, Клековски неосновано ги критикува професорите, докторите и специјалистите кои, како што велат, имаат долгогодишно клиничко искуство, иако неговата професионална кариера, според нив, не е поврзана со долгогодишна работа во болнички установи.

Левица во соопштението ја критикува и одлуката за назначување на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, наведувајќи дека институцијата ја раководи кадар со стоматолошко образование, додека, како што тврдат, власта ги напаѓа медицинските експерти кои јавно укажуваат на пропустите.

— реклама —

„Клековски не ја штити јавноста од нестручни совети, туку сопствената власт од стручни прашања на кои нема одговор“, наведуваат од Левица, оценувајќи дека, наместо да се слуша стручната јавност, се врши притисок врз докторите кои јавно ги изнесуваат своите ставови.

— реклама —

Од Министерството за здравство засега нема реакција на обвинувањата изнесени од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 1 ден

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања