Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Поради “твојот човек” Аеродром со преполни контејнери и испразнет буџет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица – Аеродром преку соопштение обвини дека новиот правилник на Државна изборна комисија неправедно го оптоварува буџетот на Општина Аеродром, додека граѓаните се соочуваат со лоша јавна хигиена и комунален хаос.

— реклама —

Од партијата тврдат дека со новиот правилник, донесен со поддршка од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, скопските општини ќе треба самостојно да ги покријат трошоците за дневници на изборните комисии за локалните избори, наместо тие да се делат со Град Скопје.

Според Левица, ова ќе значи дополнителен товар од над 16 милиони денари, односно околу 260.000 евра за Општина Аеродром.

— реклама —

Од партијата прашуваат зошто општина која, како што велат, се соочува со преполни контејнери, неисчистени јавни површини и запуштена урбана опрема, треба сама да ги покрива овие трошоци.

— реклама —

Во соопштението се споменува и Орце Ѓорѓиевски, за кого тврдат дека е фаворизиран во распределбата на обврските поврзани со изборниот процес.

„Додека Аеродром презема трошоци што треба да бидат поделени со Град Скопје, граѓаните се соочуваат со запуштена јавна хигиена, неискосена трева и искршена урбана опрема“, наведуваат од Левица – Аеродром.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека станува збор за партизација на институциите и неправедна распределба на јавните средства, поради што бараат итно преиспитување на правилникот и пофер распределба на трошоците за локалните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања