Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица прифати учество на трибината на „Платформата 12:05“, Мециновиќ објасни зошто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, денеска објасни зошто неговата партија прифати да учествува на настан организиран од „Платформата 12:05“, во која учествуваат актуелни и поранешни функционери на СДСМ.

Мециновиќ рече дека Левица, како опозициска партија, има обврска да разговара со различни опозициски и општествени чинители и да бара заеднички точки за политичко дејствување.

— реклама —

„Сметам дека за нас како Левица времето е созреано да продолжиме да разговараме со сите опозициски елементи во општеството, да се обидеме да пронајдеме заеднички јазик, затоа што сметаме дека сега е време да се направи рез“, рече Мециновиќ.

Тој додаде дека Левица сака да разговара и за иднината на државата, а не само за изминатите 35 години.

— реклама —

Мециновиќ истакна дека партијата има свои јасни политички и идеолошки позиции и дека разговорите со други опозициски сили не значат отстапување од нив.

— реклама —

Осврнувајќи се на можните реакции од СДСМ, тој рече дека Левица има одговорност пред граѓаните, а не пред СДСМ.

„Ние како Левица имаме одговорност пред граѓаните, а не пред СДСМ“, потенцираше Мециновиќ.

— реклама —

Тој оцени дека разговорите со „Платформата 12:05“ се дел од поширока комуникација со различни политички и општествени чинители, а не изолиран настан.

„Левица ќе продолжи да разговара со различни опозициски и независни општествени чинители, без отстапување од своите политички и идеолошки позиции, со цел да се отвори простор за организиран и суштински политички одговор на актуелната власт“, рече Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања