Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: ​​Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце - голготата на скопјани продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
avtobusi-skopje1

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно, велат од Левица.

— реклама —

„Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат намерно го блокираа Советот на Град Скопје, саботирајќи ја набавката на автобуси што самите ја ветуваа. По парламентарните избори во 2024 година, премиерот Христијан Мицкоски најави дека не градот Скопје, туку Владата ќе ги набави новите автобуси и дека истите ќе дојдат во октомври 2025 година. Откако пропадна првиот тендер, Мицкоски ретерираше и најави нови автобуси во март оваа година.

— реклама —

На последната седница на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски воодушевено говореше како не видел поубав автобус од оној на ИКАРУС и дека новите автобуси ќе стигнат за еден месец. Вчера медиумите објавија дека пропаднал и вториот тендер, оној кој го доби унгарскиот ИКАРУС, што значи нови автобуси нема да има ниту оваа година!

— реклама —

Поради неспособноста на вмровските властодршци, скопјани секој ден чекаат автобус што не доаѓа, се гужваат во нефункционални возила и губат часови од својот живот поради тоталниот колапс на јавниот превоз, додека градоначалникот Орце со месеци го крие штетниот договор кој ЈСП го склучи со фирмата ,,Маратон".

— реклама —

Скопје денес е град без функционален јавен транспорт затоа што ДПМНЕ го претвори ЈСП во извор за цедење пари кои завршуваат во приватни џепови, а човекот кој го колабира ова јавно претпријатие денес е награден со функција генерален секретар на Владата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања