Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Левица: Со изборот на Ристоски МРТ станува банкомат на ДПМНЕ - Левица предупреди за партиска местенка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Од Левица во соопштение остро реагираат на изборот на Зоран Ристоски за директор на Македонска радио-телевизија, оценувајќи дека станува збор за, како што велат, однапред договорен процес под политичко влијание.

— реклама —

Според партијата, одлуката на Програмскиот совет била донесена и покрај предупредувањата и реакциите во јавноста, при што постапката ја оценуваат како нетранспарентна и режирана. Тврдат дека изборот бил познат уште пред да започне процедурата и дека одлуките се носеле во тесен круг блиску до премиерот Христијан Мицкоски, стои во соопштението.

— реклама —

Од Левица во своето соопштение наведуваат дека Ристоски, според нив, не поседува доволно професионално искуство во медиумскиот сектор и дека неговиот избор отвора сомнежи за критериумите врз кои е донесена одлуката.

Во соопштението се изнесуваат и наводи за негова поврзаност со маркетинг агенции и компании кои, според партијата, добивале средства од јавни институции, што според нив отвора прашања за можен судир на интереси.

— реклама —

Дополнително во соопштението, од Левица посочуваат дека ваквиот избор е спротивен на принципите за независност на јавниот сервис и предупредуваат дека МРТ, наместо да се реформира, ризикува дополнително институционално слабеење.

— реклама —

Партијата бара од Програмскиот совет да ги објави биографиите и програмите на сите кандидати за директор, со цел, како што велат, да се обезбеди транспарентност и отчетност во процесот, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 3 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања