Промени тема
Контакт

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен на само еден ден пред продолжениот викенд за да не може да се јават други наддавачи. Информациите кои стигнаа до нас, говорат и тоа дека раководниот тим на чело со генералниот директор Филип Филиповски се заканувале на фирми да не се јават на огласот. Во прилог на информациите говори и фактот што во повикот стои дека и да се јави само една фирма наддавањето ќе се изврши, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„Вработени во АД Водостопанство исто така укажуваат дека претпријатието е повторно блокирано затоа што има долг од 40 милиони евра кон УЈП, тужби од повеќе од 30 фирми и во моментов е дадено и на извршители. ЗЏаради ова во Водостопанство, како што велат, сѐ уште не земале плата и не се знае кога ќе земат.

— реклама —

Понатаму, вработените обвинуваат за нарушени меѓучовечки односи како во главната дирекција така и во сите подружници, а директорот Филиповски, откако е поставен до сега избркал од работа 50 вработени, а околу 15 стручни кадри со високо образование сами го напуштиле претпријатието поради малтретирање од страна на директорот. Згора на тоа, против десетина вработени се воделе дисциплински постапки за дела, како што велат свиркачите наместени од раководстовото со цел да се избркаат за на нивно место да вработат партиски активисти.

Вработените во Водостопанство обвинуваат и за поплавите што се случија пред два месеци дека  настанале со изливање на неколку реки единствено од негрижа на водостопанство за чистење на речните корита. Велат дека механизацијата наместо да ги чисти речните корита била користена за приватни цели во Куманово и на Велешко езеро. Истата била користена и во предизборната кампања на локалните избори за да се сликаат кандидатите и градоначалниците од ДПМНЕ за објави на социјални мрежи. Од друга страна, како што кажуваат, нема ни соодветни луѓе да ги одбележат точките на излевање во речните корита.

— реклама —

Вработените посочуваат и тоа дека Ацо Узелац, шеф на кабинет на главен извршен директор иако од 05.03.2026 е пензионер и понатаму доаѓа во Водостопанство да потпишува документи.  Атанас Ризов, пак, до скоро директор на подружница Кавадарци, а сега ставен специјален советник, за која вработените велат дека е една од најрентабилните, истовремено бил и во Управен одбор на Јавното комунално претпријатие Кавадарци, што претставува судир на интереси, а како што обвинуваат токму Ризов овозможувал ЈКП Кавадарци да не ги плаќа фактурите кон Водостопанство.

— реклама —

Освен ова вработените велат и дека Филиповски прави секојдневно трошок од 3000 денари за две возила што патуваат од Куманово за Скопје или околу 100 илјади денари месечно за гориво и патарина. Од Куманово доаѓале со службено возило СК 1951 ЦА кое го користеле исклучиво за приватни цели, а истото возило го користеле и во попладневните часови низ Куманово“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 21 час

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 22 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања