Промени тема
Контакт

Левица за повикувањето на Стеваноски во полиција: Режимска злоупотреба на полицијата за замолчување на опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryg2tuuvr6kmo84cWyQ2x

Адвокатот и советник од редовите на Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, бил повикан на информативен разговор во Полициската станица во Прилеп, поврзан со негов објавен пост на социјалните мрежи од 28 јануари 2026 година. Од партијата Левица реагираа на социјалните мрежи, обвинувајќи за притисоци врз опозицијата и злоупотреба на институциите.

„Денес, советникот од редовите на Левица во Советот на Општина Прилеп, адвокатот Жаре Стеваноски, беше повикан на информативен разговор во МВР - ПС Прилеп, поради јавно изразен политички став на социјалните мрежи. Овој повик е уште една алка во низата притисоци што режимот на ДПМНЕ систематски ги врши врз членови и функционери на #Левица.

— реклама —

Ова не е прв пат ваков тип на институционален притисок да се применува врз Левица. Не е ни прв пат вакви повици да се користат како метод на заплашување кон Жаре Стеваноски. Напротив, станува збор за препознатлив режимски образец - кога ДПМНЕ нема политички одговор, користи полиција, а кога нема аргументи, активира притисок.

Станува збор за режимска злоупотреба на полицијата за замолчување на опозицијата. Кога МВР се активира по налог на власта за статус на опозициски советник, тоа значи дека ДПМНЕ ја претвори полицијата во партиска служба за притисок и заплашување. Наместо да гони криминал, корупција и милионски афери, полицијата се користи за дисциплинирање на оние што зборуваат јавно и гласно. Очигледно, режимот на Мицкоски не толерира критика и слободата на говор ја смета за закана што треба да се сузбие.

— реклама —

Сепак, ДПМНЕ сè уште немаат разбрано една суштинска работа – овие подли и кукавички методи не функционираат врз Левица. Нашите членови и функционери свесно влегоа во отворен судир со партиско-државниот апарат, знаејќи дека режим кој се храни од неправда и криминал нема да реагира поинаку.

— реклама —

Левица нема да биде нем набљудувач на распаѓањето на државата, институционалните неправди и криминалите што ја гушат Македонија. Напротив, сме и ќе останеме гласни, без разлика на цената, затоа што молкот е соучесништво, а ДПМНЕ токму на тоа смета.

Колку повеќе режимот посегнува по притисоци, толку појасно станува дека власта на Мицкоски се плаши од опозиција која не може да се купи, уценува или замолчи“, велат од партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 23 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања