„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Љутков од Баку: Министерскиот состанок е поттик за враќање на балансот меѓу туризмот и животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
konferencija_baku

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во Баку, Република Азербејџан, кој се одржува во рамките на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени – КОП29.

— реклама —

На овој висок собир, министрите разговараат за усогласување на политиките во областа на туризмот со ублажување на климатските промени и усвојување мерки за адаптација.

Говерејќи за улогата на овој еминентен состанок, министерот Љутков рече дека министрите имаат политичка, но и морална одговорност за преземање итна акција која ќе биде дел од глобалните напори за справување со климатските промени.

— реклама —

„Затоа сите заедно мора да работиме на засилување на мерките против климатските промени. Но, пред сè, во едно сум сигурен: за да се постигне успех во справувањето со глобалните предизвици, потребни се голема посветеност и активно учество на сите нивоа: на власта, на приватниот сектор, на граѓаните и, секако, меѓународната соработка. Во тој контекст ќе подвлечам дека како Министерство за култура и туризам, и во иднина продолжуваме со заложбите за спроведување иновации и инклузивни стратегии во туризмот што ќе обезбедат не само економски развој, туку и заштита на природните ресурси и на културното наследство“, истакна Љутков.

Тој додаде дека иднината на туризмот е во хармонија со животната средина, а природните катастрофи, затоплувањето на водите, уништувањето на природните ресурси, урбанизацијата, се само дел од факторите што имаат сериозни влијанија врз туризмот, неговата инфраструктура и неговото одржување.

Во тој контекст, министерот Љутков ја издвои значајната улога на македонското Министерство за култура и туризам, кое преку Секторот за туризам, активно е вклучено во креирањето политики во туризмот, во заштитата на културното богатство, но ја подвлече и: „несебичната поддршка од Владата на Република Северна Македонија за реализација на проекти со кои пред домашните и странските посетители ќе бидат претставени богатото културно наследство и туристичките потенцијали на нашата земја и на народот што живее на овие простори“.

Во духот на состанокот, каде што ќе биде усвоена Декларација за засилена климатска акција во туризмот од Баку, министерот Љутков го заврши своето обраќање со потенцирање на потребата од носење битни стратешки документи, соработка и имплементација на одржливи практики кои ќе овозможат светот да го создаде туризмот на иднината.

„Затоа, оваа конференција нека биде поттик за нови акции и решенија што ќе го вратат балансот меѓу развојот на туризмот и заштитата на природата и животната средина“, порача министерот Љутков.

Организатор на состанокот е Претседателството на КОП29/ Државната агенција за туризам на Република Азербејџан, во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите нации и со поддршка од Програмата за животна средина на Обединетите нации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb1gmm8dp3d4cceHQJ5a

Љутков: По седум години започнуваме со нови културни инвестиции за заштита и промоција на културното наследство

Македонија | пред 2 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

„Документи потврдуваат, ја објавивме вистината за злоупотребите на Љутков“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 месеци

ljutkov-sobranie-1

СДСМ бара оставка од Љутков оти вработените во културата немаат земено плата

Македонија | пред 8 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Љутков им се извини на вработените во културата оти останаа без плати за Велигден

Магазин | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања