Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд со уникатен спој на културата, традицијата и туризмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vevcanski-karneval

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција.

Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата култура и традиција.

— реклама —

„Вевчанскиот карневал е потврда за посветеноста и љубовта на вевчанци кон своето наследство, кои со својата упорност и страст го задржаа духот на карневалот жив, и ја потврдија неговата важност. Креативните маски изработени со големо мајсторство, се повеќе од уметнички дела. Тие се огледало на времето – носат пораки, раскажуваат приказни и на уникатен начин го поврзуваат минатото со сегашноста, и ја коментираат стварноста“, рече Љутков.

— реклама —

Министерот Љутков ја истакна туристичката атрактивност и можностите за развој на културата и туризмот на Вевчани:„Вевчани е и вистинска туристичка атракција. Лоцирано на падините на планината Јабланица, со недопрена природа како Вевчанските извори, богата историја, традиционална архитектура, специјалитети од локалната кујна, традиција и фолклор е основа Министерството за култура и туризам во иднина да посвети особено внимание во промоција и поддршка на културниот туризам на целиот овој регион, вклучувајќи ги и Охрид, Струга, и Дебарца“.

— реклама —

Во пресрет на годинешниот Вевчански карневал, министерот најави дека оваа манифестација, која е членка на меѓународната асоцијација на карневали, ќе биде промовирана како национален бренд кој нуди уникатно искуство и кој како спој на културата и туризмот привлекува и ќе привлекува уште поголемо меѓународно внимание и посетеност.

На прес-конференцијата се обрати и градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски. Беше најавено дека Вевчанскиот карневал ќе се одржи традиционално за празникот Василица, од 12 до 14 јануари. Покрај традиционалните маски и новите креации кои го отсликуваат општествениот живот во изминатите 12 месеци, организаторите најавија богата и разновидна дводневна музичка програма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Од министерска функција на нова државна позиција: Љутков станува национален координатор за култура

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

„Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност“, вели Љутков

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylss1vn2hl1u742GwoMt

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqbcqcnim3aqb3HDGtjn

Љутков и Перински од Струмица: Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во туристичка рута

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања