Промени тема
Контакт

„Мајчинството не смее да биде причина за отказ“, Левица бара власта да го поддржи предлог-законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryjp26act66n03bCaV9r6
Скопје1.мк

На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – се меѓу најнезаштитените работнички. Работодавците масовно ја користат законската дупка со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност.

Со цел да се надмине оваа неправда, пратеничката група на Левица поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој директно ја таргетира оваа системска неправда.

— реклама —

Постојниот Закон за работните односи, во член 101, забранува отказ за време на бременост, раѓање и родителство, но во ставот 3 јасно дозволува престанок на работниот однос ако договорот е склучен на определено време и истекол рокот. Токму оваа одредба во пракса значи дека илјадници жени остануваат без работа, без приходи и без социјална и здравствена заштита – иако формално „нема отказ“.

— реклама —

Со предложените измени, се воведува автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе нема да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот. Дополнително, се предвидува јасна забрана за престанок на работниот однос на работничка на определено време доколку таа достави потврда за бременост од овластен лекар или надлежен орган.

Предлог-законот предвидува санкции за работодавачите кои нема да го почитуваат законот и нема да го трансформираат работниот однос од определено во неопределено време. Иако и досега постоеа казни (член 265), во пракса тие ретко се применуваа, што дополнително ги охрабруваше злоупотребите.

— реклама —

Овој предлог-закон на Левица претставува обид конечно да се стави крај на практиката мајчинството да се казнува со отказ. Во држава со ниска стапка на наталитет, економска несигурност и масовна миграција, заштитата на бремените жени не смее да биде декларативна, туку реална и применлива. Бремените жени не бараат привилегии. Тие бараат сигурност, достоинство и право на работа. Овој предлог-закон е чекор кон исправување на долгогодишна неправда и јасна порака дека бременоста не смее да биде причина за дискриминација, туку основ за засилена заштита“, вели Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 23 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања