Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Макрон: Израелската офанзива врз Газа може да доведе до вистинска катастрофа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа може да предизвика „вистинска катастрофа“ – и за Израелците и за Палестинците – со ризик целиот регион да биде втурнат во „постојана војна“.

— реклама —

Макрон изјави дека разговарал со јорданскиот крал Абдула II и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, истакнувајќи дека тројцата лидери делат убедување оти единствено политички и хуманитарен пат може да стави крај на конфликтот.

— реклама —

„Веруваме дека само следниот процес може да го прекине овој војна: воспоставување траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, масовна достава на хуманитарна помош за народот во Газа и разоружување на Хамас, паралелно со зајакнување на Палестинската самоуправа во појасот Газа,“ напиша Макрон на социјалната мрежа X.

Тој повика и на распоредување на меѓународна стабилизациска мисија во Газа, како и на работа на политичко решение кое ќе одговори на стремежите и на Палестинците и на Израелците.

— реклама —

Макрон потсети дека Франција заедно со Саудиска Арабија ќе копретседава со меѓународната конференција за решението „две држави“ во септември во Њујорк.

„Ова е единствениот кредибилен пат за семејствата на заложниците, за Израелците и за Палестинците,“ нагласи тој, додавајќи: „Не на војната – да за мир и безбедност за сите.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 1 месец

makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 1 месец

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања