Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.

„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.

— реклама —
— реклама —

„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши!

— реклама —

Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?!”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

(Видео) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

Македонија | пред 1 седмица

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

„Платеното политичко рекламирање треба да се укине и парите да се насочат за амбулантни возила и онкологија“, вели Мециновиќ

Македонија | пред 1 седмица

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Македонија | пред 3 седмици

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

„Да се стопираат законите за дата-центри, огромна потрошувачка на струја, а мала корист за граѓаните“, вели Мециновиќ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања