Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Медузи ја прекинаа работата на три нуклеарни реактори во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe
unsplash

Три реактори во нуклеарната централа Гравлин во северна Франција биле исклучени откако рој медузи ги блокирал пумпите за ладење со морска вода, соопшти енергетската компанија ЕДФ.

— реклама —

Инцидентот се случил во понеделникот, при што три реактори биле целосно исклучени, додека моќноста на четвртиот била намалена за половина. Петтиот реактор продолжува да работи со полн капацитет, а шестиот бил исклучен и претходно поради редовно одржување.

— реклама —

Од ЕДФ соопштија дека ситуацијата не претставува опасност за безбедноста на постројката, вработените или животната средина.

Гравлин е најголемата нуклеарна централа во западна Европа и располага со шест реактори, секој со моќност од 900 мегавати. Сличен проблем со медузи се случил и минатата година, кога биле блокирани пумпните станици за морска вода.

— реклама —

Нуклеарното производство во Франција годинава веќе неколкупати било намалено поради топлотни бранови и суша, а високите температури во јуни и јули довеле до привремено запирање на работата на неколку реактори.

— реклама —

Експертите посочуваат дека прекумерниот риболов, загадувањето со пластика и затоплувањето на морето создаваат услови за зголемено размножување на медузите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања