Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мерц: Членство на Украина во ЕУ до 2027 не е возможно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
merc

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека влезот на Украина во Европската унија до почетокот на следната година не е реална цел, истакнувајќи дека станува збор за долг процес.

— реклама —

Мерц со ова ги намали очекувањата поставени од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој како целна година за членство ја наведе 2027.

„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не е возможно. Тоа не е реалистично“, рече Мерц во Берлин, пренесува агенцијата DPA.

— реклама —

Германскиот канцелар нагласи дека секоја држава кандидат прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, кои опфаќаат низа политички, економски и законодавни услови, а овој процес обично трае години. „Украина можеме постепено да ја приближуваме кон Европската унија“, додаде тој.

— реклама —

Украина го доби статусот на кандидат за членство во ЕУ во 2022 година, а минатата година заврши процес на анализа на усогласеноста на своето законодавство. Киев се залага за забрзано пристапување поради тековните мировни преговори со Москва, тврдејќи дека членството е клучно за поствоеното закрепнување и безбедноста на земјата.

Иако Брисел го оцени напредокот на Киев во реформите, отворањето на пристапните поглавја сè уште го блокира унгарскиот премиер Виктор Орбан.

— реклама —

Орбан претходно изјави дека доверлив документ, дискутиран во рамките на ЕУ во текот на мировните преговори, предвидува влез на Украина во Унијата следната година преку забрзана процедура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 ден

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 3 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања