Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски демантира дека бил незадоволен по средбата со Фон дер Лајен: „Имавме исклучително квалитетен состанок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли тврдењата дека по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразил незадоволство од разговорот и од она што било постигнато.

— реклама —

Мицкоски рече дека таквите информации ги слушнал од опозицијата и од, како што ги опиша, одредени медиуми блиски до опозицијата, обвинувајќи ги дека ја искривуваат вистината.

— реклама —

Тој посочи дека средбата со Фон дер Лајен ја оценил како исклучително квалитетна, содржајна и пријателска, а нејзината посветеност кон европската перспектива, според него, претставува дополнителен мотив за продолжување на реформскиот процес.

„Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она што во иднина претставува посветеност, лична посветеност на Европската Унија, нè мотивира да продолжиме по патот на реформите. И така и ќе продолжиме во периодот што следи“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека Фон дер Лајен, како што рече, досега не дала таква оценка за работата на Владата, нагласувајќи го нејзиното признание дека Владата прави „инспиративна“ работа во делот на реформите и евроинтегративниот процес.

— реклама —

Мицкоски очекува во периодот што следи да се интензивира процесот и да се најде решение за актуелната ситуација во која се наоѓа државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: По речиси две и пол години стигнавме до точка нула, сега очекувам раст

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 4 дена

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања