Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Над 100 милиони евра инвестиција за третиот мобилен оператор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarye5tprdemmlaic8JV2X4

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), која ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија, при што биле разгледани плановите за идниот развој на телекомуникацискиот пазар.

— реклама —

„Она што тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека компанијата веќе ги уплатила средствата потребни за добивање на лиценцата.

Според премиерот, новиот оператор ќе донесе директни придобивки за граѓаните. „Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и која, сигурен сум, ќе влијае позитивно врз намалувањето на цените на услугите кои мобилните оператори ги нудат во Македонија“, нагласи тој.

— реклама —

Во рамки на престојот во Давос, Мицкоски учествувал и на панел со светски лидери и претставници на мултинационални компании, каде што се разговарало за идните глобални предизвици, меѓу кои и вештачката интелигенција.

— реклама —

„За сериозна примена на вештачката интелигенција потребни се сигурна енергетска стабилност и ИТ инженери кои ќе ја користат таа технологија за потребите на општеството и граѓаните“, истакна премиерот.

Тој порача дека Македонија нема да остане надвор од овие процеси. „Македонија нема да седи на страна, туку ќе биде активен учесник во сите процеси кои ќе го обликуваат развојот во следните децении“, додаде Мицкоски.

Премиерот најави дека престојот во Давос продолжува со бројни билатерални средби и во текот на наредните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 1 ден

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања