Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски со серија на средби во Њујорк: Европска интеграција, безбедност и регионална соработка во фокус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqogcg3h98b6m2Crg46t

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари повеќе билатерални средби со високи европски и регионални претставници, на кои главни теми биле европската интеграција на Македонија, безбедноста, регионалната соработка и актуелните глобални предизвици.

— реклама —

Во рамки на посетата, Мицкоски се сретна со претседателот на Финска, Александар Стуб. На средбата било разговарано за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за почитувањето на меѓународното право и зајакнувањето на мултилатералната соработка. Била нагласена и потребата од заеднички напори за стабилна и безбедна Европа.

Со премиерот на Косово, Албин Курти, во фокусот биле добрососедските односи, продлабочувањето на регионалната соработка, како и заедничките предизвици и можности за развој на двете држави.

— реклама —

Мицкоски остварил средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на која биле разменети мислења за европската перспектива на Македонија, продолжувањето на реформите согласно европските стандарди, унапредувањето на добрососедските односи и зајакнувањето на регионалната соработка.

— реклама —

На средбата со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, биле разгледани актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети за стабилен и безбеден регион.

Од Владата посочуваат дека средбите во Њујорк ја потврдуваат определбата на Македонија за активна и конструктивна улога во меѓународната заедница, како и за зајакнување на партнерствата со европските и регионалните партнери.

Во фокусот остануваат реформите, европската интеграција, добрососедските односи и придонесот кон стабилен, безбеден и просперитетен регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 1 ден

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања