Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarycvbh21e0trsp9kRAdBG

По повод Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, организиран од Институтот за јавно здравје во трговскиот центар „Дајмонд мол“.

— реклама —

Активноста е насочена кон подигнување на свесноста кај граѓаните за превенција и навремено откривање на кардиоваскуларните заболувања.

— реклама —

Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е ставен на препознавање на скриените симптоми, едукација на населението и обезбедување пристап до кардиолошка нега и превентивни прегледи.

— реклама —

На пунктот на ИЈЗ, граѓаните имаа можност бесплатно да го проверат крвниот притисок, шеќерот во крвта и холестеролот, како и висината и телесната тежина. Со овие мерења се овозможува и пресметување на индексот на телесна маса (BMI), кој е еден од показателите за ризик од срцеви заболувања.

„Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и да се откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија и, доколку има потреба, да земаат терапија пропишана од доктор. Само на тој начин ќе го заштитиме здравјето“, посочи министерот Клековски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 21 октомври, приоритет ќе имаат ризичните групи

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library59qg8p3jt43ccqBHZgW

За првпат во Македонија, онколошката грижа на највисоко институционално ниво

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq8calfmrg7tcbzvUDCm

Клековски во Белград договорил соработка со српските здравствени установи

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryidv83ot3nmq5dtt2nL5

(Фото) Македонија светна во зелено за надеж и нов живот, Клековски: Секој донор е надеж

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања