Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски и шпанскиот државен секретар за ЕУ разговараа за проширувањето на Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarystal02eoouaa3IU1Gp6

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со шпанскиот државен секретар за Европската Унија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос, при што разговараа за европската интеграција на Македонија и за актуелните случувања во процесот на проширување на ЕУ.

— реклама —

На средбата Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка што Шпанија ѝ ја дава на европската перспектива на Македонија, како и за нејзината заложба проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Европската Унија.

— реклама —

Тој ја истакна важноста од интензивна соработка и координација со Шпанија во претстојните разговори за иднината на политиката на проширување.

„Процесот на пристапување мора да биде кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна цел – полноправно членство во Европската Унија, паралелно со постепена интеграција“, нагласи Муцунски.

— реклама —

Министерот го информираше својот соговорник и за спроведувањето на Реформската агенда, истакнувајќи ја посветеноста на Владата на исполнување на европските стандарди и вредности.

— реклама —

Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и ја нагласија потребата од зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување, како и од забрзување на пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 седмица

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања