Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Набавка на 100 амбулантни возила и деблокада за паркирањето во Клинички се „удар врз хаосот во здравството“, вели ВЛЕН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
brza-pomos-nokje-3

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека на вчерашната владина седница биле донесени две одлуки кои, според нив, означуваат „нова фаза“ во јавното здравство и директен одговор на, како што наведуваат, долгогодишната небрежност и хаос во системот. Од ВЛЕН посочуваат дека мерките се реализираат под раководство на министерот за здравство Азир Алиу и дека се поставуваат нови стандарди со фокус на „животот на граѓаните“.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека со одлуката за набавка на 100 нови амбулантни возила, во вредност од над 461 милион денари, треба да се обезбеди побрз одговор на итни случаи, поефикасен транспорт на пациенти и подобра покриеност на територијата на државата, и во урбани и во рурални средини.

— реклама —
— реклама —

Како второ, ВЛЕН информира дека се отвора пат за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, при што, според нив, со отстранување на административните пречки ќе се овозможат ред, модернизација, зголемени капацитети и поорганизиран пристап за пациентите и медицинскиот персонал.

— реклама —

Од коалицијата додаваат дека ја ценат „решителноста и сериозноста“ на министерот Алиу и оценуваат дека здравството не се реформира со декларации, туку со конкретни одлуки и работа, порачувајќи дека нивната цел е здравствена заштита што функционира и држава што се грижи за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања