Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Надминат проблемот со донацијата, наскоро факторот 8 ќе биде достапен за пациентите со хемофилија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj7t34bpod0dq9LyhQcz

Надминати се административните и бирократските пречки поради кои со месеци беше заглавена донацијата наменета за Институтот за трансфузиона медицина, информира Сашо Клековски.

— реклама —

Станува збор за 1,2 милиони единици фактор 8 за лекување на хемофилија, чија вредност е околу 500.000 долари.

— реклама —

„Го разрешивме проблемот со донацијата за Институтот за трансфузиона медицина – 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија. Вредноста на донацијата е околу 500.000 долари“, изјави Клековски.

Тој посочи дека донацијата повеќе месеци била блокирана поради административни процедури, но со ангажман на здружението и Институтот за трансфузиона медицина, во координација со Маумет Институтот за јавно здравје, биле надминати пречките.

— реклама —

Според Клековски, лекот оваа недела веќе бил ставен на располагање на Институтот, а наскоро ќе биде достапен и за пациентите.

— реклама —

„Оваа донација значително ќе ја подобри состојбата на засегнатата група пациенти со хемофилија“, нагласи Клековски, заблагодарувајќи им се на Институтот и здружението за нивната упорност во надминувањето на проблемот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt1qd5k37q0gsaAmFeZX

Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Македонија | пред 5 дена

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски најави реформи во здравството: Повеќе лекови, обновени болници и реформа на итната помош

Македонија | пред 6 дена

media-library11695ido54t4e3J38oF

Македонија подготвува нов Закон за лекови, целта е усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања