Промени тема
Контакт

Нафтата поевтинува, фокусот е на новите санкции на САД за Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
SeKXr-

Цените на нафтата денеска се намалија на меѓународните пазари по двонеделниот раст, додека трговците ги следат најавите за нови американски санкции против Иран и нивното можно влијание врз снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.

Околу пладне, барел сурова нафта „Брент“ во Лондон се тргуваше за 93,20 долари, што е пад од 1,19 долари во однос на последната цена од петокот. Во САД, цената на американската лесна сурова нафта се намали за 1,47 долари, на 85,59 долари за барел.

— реклама —

Нафтата минатата недела поскапе повеќе од пет отсто и забележа втор последователен неделен раст. Причина за зголемувањето беше застојот во мировните преговори меѓу САД и Иран, што дополнително го ограничи транспортот на нафта преку Ормускиот Теснец.

„Цените на нафтата паднаа по две недели добивки, додека трговците чекаат објавување на американскиот план за економска изолација на Иран“, наведоа аналитичарите на „Saxo Bank“.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент најави дека Вашингтон би можел да воведе „најтешките санкции во историјата“ против Иран. Претседателот Доналд Трамп, пак, се закани и со санкции против трговските партнери на Техеран.

— реклама —

Аналитичарот на „PVM“, Тамас Варга, предупреди дека евентуалното спроведување на најавеното ембарго би можело дополнително да го намали снабдувањето со нафта од регионот. Според него, САД би можеле да го заострат притисокот врз иранските пристаништа, додека Иран би можел да возврати со напади врз нафтената инфраструктура на Блискиот Исток.

Техеран ги осуди најавите за нови американски санкции, а иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика на дипломатско решение. Во пресрет на очекуваното американско соопштение, началникот на пакистанската армија престојуваше во Техеран на разговори насочени кон посредување.

— реклама —

Во меѓувреме, транспортот низ Ормускиот Теснец останува сериозно ограничен. Според податоците за поморскиот сообраќај, само мал број товарни бродови поминале низ теснецот во текот на викендот, додека блокадите од иранска и американска страна го отежнуваат движењето низ еден од најважните енергетски коридори во светот.

Поради намалените испораки, залихите на иранска нафта наменета за кинеските купувачи исто така се намалуваат, што дополнително го зголемува притисокот врз цените.

Одделни аналитичари предупредуваат дека падот на цената може да биде привремен. „Morgan Stanley“ во своја анализа посочи дека цената на „Брент“ се искачила од околу 71 долар во јуни на приближно 92 долари, поради намалените залихи и зголемената загриженост за продолжување на нарушувањата на Блискиот Исток.

— реклама —

Банката ја зголеми и прогнозата за цената на „Брент“, со очекување дека во четвртиот квартал би можела да достигне 100 долари за барел.

Според податоците на Организацијата на земјите извознички на нафта, цената на барел од кошничката на ОПЕК во петокот се зголемила за 2,07 долари во однос на претходниот ден и достигнала 94,91 долар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 3 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 4 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања