Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нафтата поевтинува – стабилни цени до крајот на годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
nafta-mazut

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела забележаа благ пад, губејќи дел од добивките остварени неделата пред тоа, поради бавниот економски раст на најголемите светски економии и зголемената понуда на пазарот.

На лондонската берза, цената на барел сурова нафта се намали за 1,3 проценти, достигнувајќи 65,07 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1 процент, на 60,88 долари.

— реклама —

Неделата претходно цените пораснаа за околу седум проценти, како резултат на новите санкции на западните земји кон руската нафта, но минатата недела повторно благо се намалија. Побарувачката, според трговците, не се зголемува со очекуваното темпо, бидејќи растот на големите економии е умерен, а понудата постојано расте.

— реклама —

Според проценките на Меѓународната агенција за енергија (IEA), почетокот на следната година би можел да донесе вишок на понуда, бидејќи производството во САД, Канада, Бразил, Гвајана и Аргентина ќе ја надмине побарувачката.

Од друга страна, ОПЕК очекува зголемување на побарувачката во 2026 година за 1,3 милиони барели дневно, што е речиси двојно повеќе од прогнозите на IEA. Сепак, ОПЕК+ на последниот состанок во декември одлучи да ја зголеми производството за само 137.000 барели дневно, исто како во октомври и ноември, а значително помалку отколку во септември.

— реклама —

Организацијата најави дека во првиот квартал од следната година нема да има ново зголемување на производството, што покажува дека не се очекува значителен раст на побарувачката и дека пазарот би можел да биде презаситен ако понудата дополнително се зголеми.

— реклама —

Во моментов, најголема поддршка за цените на нафтата претставуваат санкциите на западните земји кон руската нафта, како и притисокот на Вашингтон врз Кина и Индија да ја намалат набавката на руска нафта и да се свртат кон американската или кон други извори на меѓународните пазари.

Аналитичарите не очекуваат значајни промени на цените до крајот на годината. Според анкетата на Reuters, просечната цена на барел на лондонскиот пазар би можела да изнесува околу 68 долари, што е за околу 40 центи повеќе од претходната прогноза, додека на американскиот пазар се очекува цена од околу 64,80 долари за барел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 2 седмици

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања