Промени тема
Контакт

Најчевска контра Мицкоски за високото образование: Не се спорни построгите критериуми, туку нивната бесмисленост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
media-librarykc7c4p2cugf2eUumkR1

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките дека новиот Закон за високо образование поставува престроги критериуми, оценувајќи дека суштинскиот проблем не е во барањата, туку во квалитетот на образовниот систем. Тој посочи дека слабите резултати на универзитетите се доказ за состојбата во високото образование и потребата од реформи.

— реклама —

Професорката Мирјана Најчевска остро реагираше на изјавите на премиерот, оценувајќи дека не станува збор за отпор кон построги критериуми, туку против, како што вели, „бесмислени решенија“ кои ја нарушуваат суштината на високото образование. Во објава на социјалните мрежи, таа упати сериозни критики кон состојбите во образованието и институциите, обвинувајќи дека се создава простор за продлабочување на корупцијата и напредување на несоодветни кадри.

— реклама —
— реклама —

„Ништо не си разбрал.

Никој не се буни против построги критериуми туку против бесмислени критериуми кои ја замаглуваат сликата и овозможуваат и такви како тебе да станат професори.

ДПМНЕ го уништи високото образование и немуштите кадри без трунка знаење и интелектуален капацитет сега продолжуваат да создаваат хаос кој ќе обезбеди опстојување на корупцијата и напредување на најнесоодветните кадри.

Кога ќе го уништиш правосудниот систем и ќе го уништиш образованието создаваш најпогодна почва за освојување на просторот од страна на луѓе кои немаат ниту интелектуални предизпозиции ниту пак елементарно знаење - ДПМНовци“, напиша Најчевска.

media-librarypcn3kmnn7a9neA2TJXY

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 2 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 3 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Создадовме општество во кое е нормално да си криминалец, но е забрането така да го наречеш“, жестока порака од Најчевска

Македонија | пред 5 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: Поднесов пријава против Богојески за дискриминација, Комисијата молчи – можеби ќе реагира ако напишам дека го крши Охридскиот рамковен договор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања