4 ден.
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Израелска авиокомпанија може да биде казнета за високи цени на билетите

Израелското тело за заштита на конкуренцијата соопшти денес дека планира да го казни националниот авио-превозник El Al Израел ерлајнс со 121 милион шекели (околу 36 милиони евра) поради, како што е наведено, високи и неправедни цени на авио-карти за време на војната во Појасот Газа.Предложената казна претставува максимален износ дозволен според законот. Антимонополската агенција наведе дека го анализирала периодот од 7 октомври 2023 година до мај 2024 година и утврдила дека El Al Израел ерлајнс имал монополска позиција на 38 од 53 линии што ги извршувал, вклучувајќи летови за Њујорк, Лондон, Париз, Бангкок и други градови во САД, Европа и Азија.Утврдено е дека цените на картите пораснале во просек за 16 отсто, а на поединечни линии и до 31 отсто.Од компанијата El Al Израел ерлајнс соопштиле дека „категорички ги отфрлаат“ тврдењата дека за време на војната наплаќале премногу скапи карти.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryr5tis8v2kr7650Qo98A

Судир на „пежо“ и „сеат“ во Неготино – еден возач тешко повреден

На 07.02.2026 во ОВР Неготино е пријавено дека околу 09:35 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.А.(56) од село Криволак, неготинско и патничко возило „сеат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од П.И.(53) од Неготино.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., а со телесни повреди се здобил П.И., констатирани од лекар во Итна медицинска помош Неготино.По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryhdh8o20jc2549qJ0jim

Уапсена 20-годишна девојка за точење алкохол на малолетници

На 07/08.02.2026 во Скопје во периодот од 19:00 до 03:00 часот, во централно градско подрачје, од страна на полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар е спроведена акциска контрола за санкционирање на присуство на малолетници во угостителски објекти после 24:00 часот и за точење на алкохол на малолетници.Притоа, во угостителски објект на подрачјето на Центар затекнати се малолетници кои консумирале алкохол.Од слобода е лишена 20-годишна вработена во објектот поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 204 од КЗ – „точење алхолни пијалоци на малолетници“, известен е Државниот пазарен инспекторат и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-librarygjafqmbccimrceH1xBO

(Видео) Петрушевски: Немам намера да му се извинам на Заев, напротив тој треба да и се извини на јавноста

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на Зоран Заев, туку дека напротив очекува Заев да и се извини на македонската јавност, за сите милионски криминали што ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања.„„Апсолутно немам намера, ниту чувствувам потреба да му се извинам на Зоран Заев. Напротив, очекувам Зоран Заев да ѝ се извини на целокупната македонска јавност за сите милионски криминали коишто ги има правено и да се извини за сите национални предавства и понижувања. Она што е индикативно во неговото излегување во јавноста е тоа што, иако демонтира и вели дека немал никаква врска со овој случај со марихуана, сепак во тоа негово писание, кажува дека ова било режирана драма и дека запленетата марихуана била наводно запленетата заради несоодветно чување и складирање, со што директно се става во одбрана на оние коишто се осомничени во овој случај. Дополнително, Зоран Заев треба да одговори на македонската јавност, затоа што имаше јавни сведоштва за тоа како гради зграда 40 Катница во Дубаи и она коешто треба да го каже, е дали и тој како Венко Филипче ќе оперира, па затоа добил златна виза за Дубаи. Оваа нервоза на Зоран Заев е само доказ дека клопчето се размотува, дека обрачот околу Заеви се стега и дека наскоро ќе има правда во Р. Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е продолжува со борбата против криминалот и корупцијата во Македонија“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
873x400-1-16

Индиски рафинерии го избегнуваат увозот на руска нафта

Индиските рафинерии избегнуваат купување руска нафта за месец април, а се очекува дека ќе го прекинат увозот на руска нафта и на подолг рок.Неименувани извори од индиските рафинерии изјавиле дека ова би можело да ѝ помогне на Индија да заклучи трговски договор со Вашингтон.САД и Индија во петокот се приближија кон постигнување трговски договор кој би можел да биде потпишан до март, со цел да се намалат американските царини и да се продлабочи економската соработка.„Компаниите Indian Oil, Bharat Petroleum и Reliance Industries не прифаќаат понуди од трговци за товарење руска нафта во март и април“, изјавил неименуван трговец со нафта кој контактирал со рафинериите.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Пијан велешанец се јавил во полициска станица омаловажувал полицајци, па подоцна агресивно се однесувал кон нив

На 07.02.2026 во 20:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.У.(52) од Велес.Претходно, тој се јавил во полициска станица и ги омаловажувал полициските службеници, а потоа на улица „Јовче Тикваров“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.При преземање мерки, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
sdsm-i-mickoski

СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците

Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра, вели СДСМ.„Овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници.После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници тешко живеат бидејќи вредноста на синдикалната  кошница порасна на 66.000 денари.Второ, периодот од покачување на платите минимално и тоа за две години од сега не е одговор на потребите на работниците на кои платите да им се покачат сега, оваа година.Околу 200.000 работници моментално земаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето на младите и квалификуваните.Затоа минималната плата треба да се покачи за сите вработени, во јавниот сектор, во приватниот сектор и приватните компании, фабриките, конфекциите.Решението на СДСМ е реално, одржливо и целосно ги задоволува потребите на сите работници кои земаат минимална плата, сега и веднаш. Со решението на СДСМ минималната плата се покачува за 50%, односно за 12.000 денари и тоа сега.Само со ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, како коли, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании да им се загрози ликвидноста.Власта го избра својот луксуз пред животните, егзистенцијални потреби на работниците.Владата на Мицкоски ги изигра работниците“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
zaharova-51235

Захарова: Неуспесите на бојното поле Киев ги заменува со терористички напади врз руски цивили

Киевскиот режим, свесен за својата неспособност да постигне резултати на бојното поле, ги компензира своите неуспеси и порази со терористички напади врз цивили во Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.Таа потсети дека руската страна секогаш ги гледала терористичките напади на киевскиот режим како дел од хибридната војна.„И таму каде што сфаќаат, а секогаш сфаќаат дека не можат да постигнат резултати на бојното поле, каде што не успеваат и очигледно нема да успеат, тие ги компензираат тие неуспеси и порази со терористички напади врз цивили, врз цивилна инфраструктура“, нагласи Захарова за телевизијата Росија-1.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
pistol-vperen

Инцидент пред угостителски објект во Сарај: Маж го нападнале со тврд предмет па му се заканувале со пиштол

На 08.02.2026 околу 01:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Ф. (39) од село Грчец, скопско, по претходна пријава дека на 07.02.2026 пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај физички го нападнал Р.З. (47) од истото село, користејќи тврд предмет, а потоа му се заканувал и со пиштол.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-library6a4o7esrff7525UIBLc

Уапсен бегалец од затвор, осуден на 13 години и 11 месеци

Денеска (08.02.2026) околу 15:00 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и Полициското одделение Мирковци во с. Глуво, скопско го лишија од слобода М.Т.(39) од Кочани.М.Т. беше баран со потерница по судска наредба поради бегство од КПУ Затвор Идризово за затворска казна од 13 години и 11 месеци поради сторено кривично дело по чл.235 чл. 236 чл.237 од КЗ. Лицето е спроведено во Полициски одделение Мирковци за понатамошна постапка.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-librarykf1f95o8qvah9KLRYpt

(Видео) Девојка со автомобил излета во Морача, во тек е потрага

Од мостот Луча во Подгорица се спроведува интензивна потрага по реката Морача, откако синоќа, околу еден часот по полноќ, патничко возило излетало во реката.Командирот на Службата за заштита и спасување, Никола Бојановиќ, потврди дека нивните екипи се на терен. Потрагата се изведува со помош на дронови, а во акцијата учествуваат и нуркачи, како и полицијата.Од полицијата неофицијално соопштиле дека бројот на лица во возилото ќе биде утврден дури по извлекувањето на возилото. Според неофицијални информации, автомобилот го управувала жена, а полицијата проверува дали во возилото имало уште две лица.Надзорните камери во близина на Водоводот забележале движење на автомобилот, потоа кај Логистичкиот центар, по што возилото направило круг до Доња Горица и се вратило назад. Непосредно пред мостот, автомобилот наводно изгубил контрола, преминал од десната во левата лента и излетал во реката Морача.На лице место синоќа и денес се присутни и членови на семејството на исчезнатото лице.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
marihuana2

Пронајдена марихуана и бела материја: приведени четири лица од кои двајца малолетници

На 07/08.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(29), Б.Л.(22) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана.По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
soobrakajka-696x463-312863

Тешка сообраќајка на Партизанска: повреден малолетен сопатник на мопед

На 07.02.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
292782990_437177755127439_1412855896591445171_n

Не застанале на знак: Фатени две лица со огревни дрва без документи

На 07.02.2026 околу 16:00 часот на земјен пат во атар на с. Бразда, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци ги лишија од слобода О.Ј.(24) и. Е.Љ.(48), двајцата од с.Блаце, затоа што во патничко возило “венто”, управувано од О.Ј., а сопатник бил Е.Љ., се пронајдени огревни дрва без документација. Полициските службеници дале знак за запирање, но О.Ј. не го запрел возилото.По преземени мерки, возилото е пронајдено, лицата се лишени од слобода, известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
soobrakjajka-izletano-vozilo

Автомобил излета од патот Маврови Анови – Дебар, 73-годишна жена тешко повредена

На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од коловозот.Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Пожар во Батинци: запалени два возила, истрагата во тек

На 08.02.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, општина Студеничани, биле опожарени патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И.(47) од с.Батинци и товарно возило „форд ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект.Нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Жени се тепале во трговски центар во Скопје

На 07.02.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 28-годишната Џ.Х. од гостиварско и 32-годишната С.И. од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
pretepan

Пијан татко со нож им се заканувал на синовите, а едниот и физички го нападнал

На 07.02.2026 во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син.Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) Филмска потера во Белград: Киднаперите го држеле Кајмакоски во бело „Волво“, додале гас и бегале од полицијата

Синоќешната полициска акција на Караѓорѓева улица во Белград се претворила во вистинска филмска драма, кога возачот на бел „Волво XC60“ не застананал на наредбата на полицијата и дал гас. Подоцна било утврдено дека во возилото се наоѓал киднапираниот пејач Даниел Кајмакоски (43), на кого киднаперите му ги врзале рацете.Драмата започнала во неделата околу 00.50 часот, откако Кајмакоски го завршил настапот во ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон хала.Кога седнал во својот автомобил, паркиран во Караѓорѓева улица, му пришло непознато машко лице кое, со закана со нож и употреба на сила, му ги врзало рацете со селотејп лента. Набргу му се придружил и втор соучесник, кој влегол на задното седиште, додека еден од киднаперите го презел воланот.За време на обидот да излезат од Караѓорѓева улица кон Бранков мост, киднаперите наишле на полициска патрола која се обидела да го запре возилото.Иако „Волвото“ накратко забавило, возачот потоа нагло забрзал, по што следела потера низ Белград – преку Бранков мост, покрај Палатата Србија и Белградската арена, а потоа вклучување на автопатот во правец на Шид, со намера да стигнат до границата.Како што се наведува, киднаперите му се заканувале на пејачот со пиштол и барале исплата од 20.000 евра за неговиот живот, тврдејќи дека имаат соработници пред неговиот семеен стан кои, доколку барањата не бидат исполнети, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и децата.Еден од киднаперите му се обраќал на Кајмакоски на лош англиски јазик, додека на соучесникот му давал инструкции на турски.По минувањето на наплатната рампа Шимановци, во потерата се вклучиле дополнителни полициски единици. Возачот кој возел со голема брзина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната банкинa. Двајца вооружени напаѓачи го напуштиле автомобилот и побегнале во непознат правец по сообраќајната несреќа.Полицајците во возилото го затекнале Даниел Кајмакоски, со врзани раце, но без потешки телесни повреди.Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилото било запрено со координирана акција на повеќе полициски единици, додека Вишото јавно обвинителство во Белград кривичното дело го квалификувало како киднапирање. Интензивната потрага по извршителите е во тек.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
sela-vo-pretres-3

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека се потребни конкретни чекори и политичка одговорност за, како што вели, прекршувањата на правата на Албанците.„Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат.Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги прекршил и законите и самиот Устав како највисок правен акт во земјата.Вториот факт што постојано го браневме, верувајќи во нашата посветеност и во правдата, е дека со измените на Законот за употреба на јазиците од 2018 година, што беше услов на АА за Владата во тоа време, албанскиот јазик е службен јазик низ целата земја и на централно ниво.Сепак, Алијансата за Албанците оценува дека само изјавата на премиерот не е доволна за затворање на овие теми, туку се потребни и конкретни акции во корист на граѓаните и спроведување на законите.Прво, поединци како што е актуелниот министер за правда и сите други кои отворено заземаа ставови против албанскиот јазик и правата на Албанците треба да се отстранат од институциите и политичката сцена, за да не се повторат вакви случаи во иднина.Потоа, итно треба да се покрене постапка за измена на сите закони и подзаконски акти кои мора да се усогласат со Законот за употреба на јазиците и Амандманот V од Уставот.Доколку тоа не се случи, денешната изјава на шефот на Владата може да се оцени само како обид да се однесува како умерен и добар политичар кон Албанците, во време кога Владата и институциите постапуваат спротивно“, вели Зијадин Села.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања