3 ден.
media-librarynca45dqdtpkac3lL3hn

Нов хаос во Венецуела: Киднапиран лидерот на опозицијата

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гванипа, поранешен пратеник во Националното собрание на Венецуела, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако бил пуштен од затвор, соопшти опозициската лидерка Марија Корина Мачадо.„Хуан Пабло Гванипа е киднапиран пред само неколку минути во квартот Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени лица, во цивилна облека, пристигнале со четири возила и со сила го одвеле. Бараме негово итно ослободување“, напиша Мачадо на социјалната мрежа Икс рано утрово.Рамон Гванипа, син на киднапираниот опозиционер, потврди дека неговиот татко е киднапиран и наведе дека го однеле десет неидентификувани лица. Партијата на Гванипа „Примеро Хустиција“ ја осуди киднапирањето на својот лидер, како што тврди, „од страна на репресивните сили на диктатурата“, пренесува БФМ.Неколку часа претходно, Гванипа (61) бил пуштен од затвор, во пресрет на најавеното гласање за историски закон за амнестија во Венецуела.Тој синоќа соопшти дека е ослободен по повеќе од осум месеци поминати во затвор.„Денеска сме пуштени на слобода. Има многу што да се разговара за сегашноста и иднината на Венецуела, секогаш со вистината во прв план“, изјави Гванипа синоќа во видеоснимка објавена на социјалната мрежа Икс, пренесе Ројтерс.Гванипа беше уапсен кон крајот на мај минатата година, а министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо го обвини за учество во наводна „терористичка група“ која планирала бојкот на законодавните избори тој месец, потсетува агенцијата.Ослободувањето на Хуан Пабло Гванипа се случи во време на зголемен притисок врз владата на вршителката на должноста претседател Делси Родригез да ги ослободи сите лица чии притворања пред неколку месеци или години нивните семејства и невладини организации ги поврзуваа со нивните политички убедувања. Родригез положи заклетва како вршител на должноста претседател на Венецуела откако американската војска на почетокот на јануари го зароби и одведе тогашниот претседател Николас Мадуро.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library0k36dee50th57bH66s0

Нови досиеја откриваат: Принцот Ендру свесно споделувал доверливи информации со Епстајн

Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешен британски принц, свесно споделувал доверливи информации со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин од својата официјална работа во 2010 и 2011 година. Тоа го пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на досиеја објавени од Министерството за правда на САД.Како што се наведува, електронските пораки од неодамна објавената група досиеја на Епстин покажуваат дека поранешниот принц пренесувал извештаи за посетите на Сингапур, Хонг Конг и Виетнам, како и доверливи детали за инвестициски можности.Електронските пораки укажуваат дека на 7 октомври 2010 година Ендру му испратил на Епстин детали за своите претстојни службени патувања како во Азија, каде што бил придружуван од деловни соработници на Епстин.По патувањето, на 30 ноември, како што се наведува, му ги проследил на Епстин официјалните извештаи од тие посети што му ги испратил неговиот тогашен специјален асистент Амит Пател, само пет минути откако ги примил.Ендру за Би-Би-Си во 2019 година изјави дека последен пат го видел Епстин во Њујорк на почетокот на декември 2010 година за да го извести дека го прекинува пријателството.Меѓутоа, кон крајот на декември испратил електронска порака до Епстин со доверлив брифинг за инвестициски можности во обновата на провинцијата Хелманд во Авганистан, која во тоа време била под надзор на британските вооружени сили и финансирана со средства од британската влада.Дотогаш Епстин веќе бил осуден сексуален престапник, потсетува Би-Би-Си.Во понатамошна електронска порака од 9 февруари 2011 година, Ендру сугерирал дека Епстин би можел да инвестира во приватна инвестициска компанија што ја посетил една недела претходно.На Ендрју минатиот октомври му беа одземени кралските титули поради сè поголемиот број прашања за неговите врски со Епстин, кој почина во 2019 година.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
Zemjotres

Земјотрес почувствуван во Тетово и околината, епицентар во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

Продолжува судењето за Онкологија: Словенечки експерти денеска пред суд

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.На денешното рочиште ќе бидат сослушани вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството.Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а за сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта неделава.Во сгласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред судот по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
2-2

Минусни температури утринава, најстудено на Попова Шапка и во Демир Капија

Утринава најстудено е на Попова Шапка и во Демир Капија, каде се измерени -3 степени, додека -2 степени се регистрирани во Берово. Температурата се движи од 0 степени во Маврови Анови и Лазарополе, до 6 степени во Гевгелија, која е најтопла во земјава.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Крушево и на Попова Шапка – по 6 литри на метар квадратен, додека во Тетово, Пожаране и Маврови Анови се измерени по 5 литри. Помали врнежи има во Охрид, Лазарополе, Прилеп и Скопје.Снежната покривка утринава изнесува 55 сантиметри на Попова Шапка.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

„Пукање во сопствената нога“ – Тренчевска со критики за договорот за платите

Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по постигнувањето на договоро меѓу синдикатите и Владата за платите на административните службеници се јави со свој реакција на социјалните мрежи.- Договор за повисоки плати на административците! За околу 11.000 вклучувајќи ја и судската и обвинителската служба. Прашањето кое си го поставувам е оние административци кои имат претходно склучено колективен договор на ниво на работодавач за 30 отсто поголема плата (веднаш не до 2028) се некоја посебна сорта? Се наши, а не се нивни? Дали тоа е во ред за УПОЗ и за КСС, наместо да побарат изедначување на платите на административците веднаш и сега, тие се задоволија со формулата до 2028? Повторно има разноликост во платите за административците на исто ниво! Ама очигледно синдикатите се задоволни со дај што ќе дадеш? А не со вистинска грижа за своето членство!И за УПОЗ кои беа најгласни во барањата за потпишување на Општиот колективен договор во 2023 година, овој договор што денес го постигнаа е пукање у сопствената нога! Недоследност, негрижа, лицемерие или можеби притисок? Времето ќе покаже! - нагласува Тренчевска во својот коментар.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library2bqvk64kflgc5vqaLgk

47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 19-25 септември

ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година. Подгответе се за многу незаборавни дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за седмата уметност.Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.На 47. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни филмови, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.Покрај извонредните пет натпреварувачки програми, фестивалот се гордее со својот Клуб на великаните.Низ годините, плејада кинематографери од светски глас беа добитници на престижните награди. Лауреатите на Манаки се врвни мајстори на филмската фотографија, чии епохални остварувања ја разбранувале филмската индустрија. И годинава ќе бидат доделени наградите: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Шуга во велешката касарна – синдикатот алармира за катастрофални услови

По појавата на заразната болест шуга во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ реагираше Независниот синдикат на професионални војници (НСПВП).Според нив, причината за појавата на шугата биле лошите услови за живот и работа не само во велешката, туку и во сите касарни во државата.Болеста е регистрирана кај двајца од 296-те новопримени професионални војници.„Професионалните војници имаат најлоши услови за работа, од нечиста постелнина неиспрана со години, до перници стари по 15-20 години. Исто така, и ќебињата и чаршафите со години не се обновени.Просториите каде што спијат војниците се најчесто со влага и со многу инсекти, храната се дава во нехигиенски услови со прибори стари над 20 години и нејзиниот квалитет е на најслабо ниво. Храната е еднолична и недоволна, санитарните јазли не се реновирани повеќе од 15-20 години.Професионалните војници многу често работат во услови кога нема струја во објектите. Ваквите состојби траат со години - истакнуваат од НСПВП во соопштението испратено до медиумите.Од Синдикатот истакнуваат дека случајот во Велес е само еден од ретките кои добиле медиумска покриеност, иако слични инциденти се случувале и порано, но останувале затскриени од јавноста.- Со зголемениот буџет согласно барањата на НАТО, приоритет треба да бидат условите за работа и човечкиот фактор, а не само набавки на оружје. Залудно е да се инвестира во опрема ако нема кој да ја користи. Се реновираат само просториите на офицерите, а не и објектите каде што живеат и престојуваат професионалните војници - реагира Независниот синдикат на професионалните војници.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryk39pjnsl8acf39mVdFp

Зимски услови на патиштата: магла и влажни коловози, внимателно на Катланово – Велес

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради магла до 150 метри има на патниот правец Катланово – Велес, поради што се препорачува внимателно управување со возилата.Од 15 ноември во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.АМСМ апелира возачите да ја прилагодат брзината и да внимаваат на можни одрони на патиштата низ котлините и клисурите, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Воедно, патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица останува затворен за сообраќај до 31 март.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
277539285_300804572165634_9196439405926440518_n

Облачно со врнежи од дожд, а на планините снег

Денес облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од утре ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Македонија | пред 3 дена

4 ден.
media-libraryqdgeqa336bos8CP7xgt

Веднаш е решен дефектот, центарот на Скопје има струја

По кусиот прекин, повторно има струја во центарот на Скопје.Направена била брза интервенција, по што струја добиле околните објекти меѓу кои Градската болница, Собранието, Жена парк.Имало дефект на 10 киловолтно ниво, кој веднаш е решен.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryuh5d6is88rc07OiZVjp

(Видео) Дел од центарот на Скопје, кај Собрание, без струја

Цел од центарот на Скопје вечерва остана без струја, поточно потегот на улицата „11 октомври“. Граѓани јавуваат дека не работи уличното осветлување, но и семафорите.Истовремено, без струја остана и Градската болница.Претпоставка е дека станува збор за поголем дефект, на чие отстранување се работи.Повеќе информации подоцна.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
media-library0ah8330nv4i79Jkev5M

(Видео) Хуман гест среде интервенција: Вработен во ЕВН спаси маче од електродистрибутивната мрежа

Николче, вработен во ЕВН кој работи во Корисничко-енергетскиот центар во Битола, спаси мачка заглавена во кабли под висок напон.Постапувајќи брзо, но со целосно почитување на сите безбедносни протоколи, Николче ја изврши интервенцијата без никаков ризик по сопствената безбедност и без опасност за околината.Ова наиде на позитивни критики за него.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library8sej2hgakl10dU3Qbjg

(Видео) Орбан ја нарече Украина „непријател“ на Унгарија на предизборен митинг

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече Украина „непријател“ на Унгарија, говорејќи на предизборен митинг во градот Шомбатхељ, на западот од земјата.„Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел да ѝ се прекине на Унгарија дотокот на евтина руска енергија“, изјави Орбан во својот говор, додавајќи: „Додека тоа го прават, тие се наш непријател“, пренесе државната новинска агенција МТИ.Орбан во рамки на Европската Унија се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и со години води политика на силна енергетска зависност од Русија. За разлика од повеќето земји членки на ЕУ, Унгарија под негово водство не презеде значајни чекори за намалување на зависноста од рускиот гас и нафта.Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април, а Орбан за првпат по 16 години власт се соочува со сериозен политички предизвик. Опозициската Партија „Тиса“, предводена од конзервативниот политичар Петер Маѓар, веќе повеќе од една година води пред владејачката Фидес во анкетите на јавното мислење, што ја прави оваа изборна трка една од најнеизвесните досега.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-library43323qvstovccGTca7i

(Фото) Вечерата од 2015 што Епстајн ја нарекол „дива“: Маск, Закерберг и елитата на технологијата

Фотографија објавена во рамки на судските списи поврзани со Џефри Епстајн прикажува вечера од 2015 година на која присуствувале некои од најмоќните луѓе од Силициумската долина. Сликата, која ја објави американското Министерство за правда, покажува како основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, седи на иста маса со извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, и со Џои Ито, поранешен директор на MIT Media Lab, објави британскиот „Дејли мејл“.Според електронската комуникација пронајдена во списите, вечерата се одржала на 2 август 2015 година. Епстајн фотографијата си ја испратил сам на себе по електронска пошта еден ден подоцна и, според достапните информации, ја чувал изложена во својот стан на Менхетен. На настанот присуствувал и коосновачот на „Пејпал“, Питер Тил, иако тој не се наоѓа на самата фотографија.Во истата кореспонденција, Епстајн таа вечер ја опишал како „дива“, што повторно привлече внимание во јавноста по објавувањето на повеќе од три милиони документи од страна на Министерството за правда, со кои се разоткрива опсежната мрежа на негови контакти со моќни поединци од политиката, бизнисот и науката. Надлежните институции нагласуваат дека појавувањето на фотографиите и во документите не претставува доказ за какво било кривично дело.Во списите се појавуваат и повеќе електронски пораки што упатуваат на комуникација меѓу Епстајн и Илон Маск во периодот пред и по вечерата. Во една порака од 2012 година, Маск го прашува Епстајн кога ќе биде „најлудата забава“ на неговиот остров, додека во друга, од 2013 година, разгледуваат можност за посета на Карибите. Во тоа време, Епстајн веќе имал пресуда за сексуални кривични дела против малолетници.И покрај овие откритија, Маск јавно негира блиска поврзаност со Епстајн. Во интервјуа и објави на социјалните мрежи, тој истакна дека никогаш не присуствувал на забави организирани од Епстајн и дека не го познавал доволно добро за да има личен однос со него, нарекувајќи го „очигледно морничав“.Документите откриваат и детали за Џои Ито, кој поднесе оставка од својата функција на MIT во 2019 година, откако беше обелоденето дека Епстајн со години донирал значителни средства на институцијата. Според медиумските извештаи, дел од донациите биле прикривани, а контактите со Епстајн во лабораторијата станале табу-тема меѓу вработените.Објавувањето на фотографијата и електронската преписка повторно го актуализира прашањето за опсегот на влијание и контактите на Џефри Епстајн, кој почина во затвор во 2019 година, и за начинот на кој дел од највлијателните луѓе во светот се обидуваат да ја минимизираат својата поврзаност со него по неговата смрт.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-librarys40cufoqe57obPuaOVf

Српската полиција со детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски

Српското Министерство за внатрешни работи соопштува дека две засега непознати лица, со закани со нож и огнено оружје, во раните утрински часови во Белград го киднапирале македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и од него изнудувале пари.Според официјалното соопштение, киднапирањето се случува во Караѓорѓева улица во Белград, по што осомничените го однеле оштетениот во неговото возило. По полициска потера, возилото е запрено на територијата на општина Рума, каде што полицијата го затекнува Кајмакоски со врзани раце, додека сторителите успеваат да го напуштат возилото и да се оддалечат во непознат правец.Акцијата за запирање на возилото е реализирана координирано од повеќе служби на српското МВР, меѓу кои Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал, Службата за борба против тероризам, Жандармеријата, Специјалната антитерористичка единица, сообраќајната и граничната полиција, како и полициските единици на град Белград.Од српското МВР информираат дека оштетениот е згрижен, на местото на настанот е извршен увид, а полициските службеници продолжуваат со интензивна потрага по извршителите. Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува делото како киднапирање, а истрагата за целосно расветлување на случајот е во тек.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryv4b398aa12ee6dY5YN0

Документ од 2015 година: Епстин открива вечера со Маск, Тил и Цукерберг

Фотографија од судските списи за Џефри Епстин прикажува вечера одржана во 2015 година, на која присуствувале некои од највлијателните личности од Силициумската Долина, а самиот Епстин подоцна се фалел дека собирот бил „див“. На фотографијата, објавена од американското Министерство за правда, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, седи на маса покрај извршниот директор на Спејс-Екс, Илон Маск, и Џои Ито, поранешен директор на MIT Media Lab, објави британскиот таблоид „Дејли мејл“.На вечерата присуствувал и коосновачот на ПејПал, Питер Тил, иако тој не се наоѓа на самата фотографија. Епстин ја испратил фотографијата сам на себе по електронска пошта во понеделникот, на 3 август 2015 година, само еден ден откако се пофалил дека вечерал со технолошките титани. Врамениот примерок бил изложен и во неговиот стан на Менхетен. Според електронската кореспонденција во досието, вечерата се одржала на 2 август 2015 година.Истата вечер, Епстин му пишал на авторот и лекар Питер Атија, прашувајќи го каде се наоѓа, додавајќи дека можеби ќе отпатува во Лос Анџелес за да ја разгледа внатрешноста на друг авион, при што навел дека во тој момент вечера со Маск, Тил и Цукерберг. Атија одговорил со ентузијазам, оценувајќи дека станува збор за „одлична вечера“.Епстин, кој почина во затвор на Менхетен во 2019 година, подоцна го опишал собирот како „див“ во електронска порака испратена до милијардерот Том Прицкер на 20 август 2015 година. Овој опис повторно излезе во јавноста во момент кога расте интересот за врските на финансиерот со моќни поединци.Именуваните личности во меѓувреме се обидуваат да ја минимизираат секоја поврзаност со Епстин. Објавувањето на повеќе од три милиони документи од страна на Министерството за правда го разоткри неговиот општествен круг, при што се нагласува дека појавувањето на фотографиите не претставува доказ за какво било незаконско дејствие.Илон Маск се споменува повеќепати во документите, вклучително и во постари електронски пораки кои укажуваат на пријателски однос со Епстин со години пред вечерата во 2015 година. Во ноември 2012 година, Маск му пишал на Епстин прашувајќи кога ќе биде „најлудата забава на островот“, додавајќи дека веројатно ќе дојде со тогашната сопруга, актерката Талула Рајли. Во тоа време, Епстин веќе бил осуден за сексуални злосторства против малолетници на Флорида.Во декември 2013 година, Маск повторно го контактирал Епстин за можен престој на неговиот карипски остров, при што размениле повеќе пораки за датумите. Иако не е јасно дали посетата некогаш се реализирала, кореспонденцијата укажува на блиски односи.И покрај објавените документи, Маск во повеќе наврати негираше блискост со Епстин. Во интервју за „Венити фер“ изјави дека не го познавал доволно добро за да запознава други луѓе со него и го нарече „очигледно морничав“. На платформата Икс тој исто така отфрли тврдења дека присуствувал на негови забави, нагласувајќи дека никогаш не бил на таков настан и дека јавно повикувал на кривично гонење на сите што соработувале со Епстин во извршување злосторства.Дополнителни електронски пораки покажуваат дека Џои Ито присуствувал на вечери со Епстин и во 2014 година, а во друга кореспонденција разговарал за заеднички патувања со него. Јапонскиот претприемач поднесе оставка од функцијата директор на MIT Media Lab во 2019 година, откако беше откриено дека Епстин донирал околу 850.000 долари на Универзитетот меѓу 2002 и 2017 година.Според извештаи, Ито се обидел да прикрие значителни донации насочени кон лабораторијата и кон негови лични инвестициски фондови. Случајот излезе на виделина по објавата на текст во „Њујоркер“, во кој беше наведено дека вработени во лабораторијата, напорите за сокривање на контактите со Епстин ги нарекувале „Волдеморт“, односно „оној чие име не смее да се изговори“. Ито денес е претседател на Технолошкиот институт Чиба во Јапонија.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
kisev

Русија го нападна Киев со балистички проектили, делови од градот без струја

Руските сили извршија напад врз Киев со балистички проектили, по што во главниот град и во повеќе други украински области беше прогласена воздушна тревога, објави „Украинска правда“.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека во градот се слушнале експлозии и дека станува збор за балистички напад. Тој соопшти дека противвоздушната одбрана е активна и ги повика граѓаните веднаш да се засолнат. Информацијата ја потврди и началникот на Киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко, кој наведе дека е во тек непријателски напад со балистички проектили.Украинските воздухопловни сили информираа дека биле регистрирани брзи воздушни цели над Черниговската област, кои се движеле кон Киевската област, а потоа и директно кон главниот град.Веднаш по нападот, во најмалку еден киевски округ снемало електрична енергија. Државниот оператор „Укренерго“ претходно соопшти дека украинскиот енергетски систем е под сериозно оптоварување, бидејќи дел од нуклеарните електрани се делумно исклучени од мрежата по масовниот руски напад врз клучната енергетска инфраструктура во ноќта меѓу 7 и 8 февруари.Состојбата е особено тешка во Киев, каде што жителите веќе неколку дена имаат електрична енергија само еден и пол до два часа дневно. Во исто време, метеоролозите најавуваат пад на температурите и до минус 19 Целзиусови степени, што дополнително го зголемува притисокот врз веќе преоптоварениот енергетски систем.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Израелска авиокомпанија може да биде казнета за високи цени на билетите

Израелското тело за заштита на конкуренцијата соопшти денес дека планира да го казни националниот авио-превозник El Al Израел ерлајнс со 121 милион шекели (околу 36 милиони евра) поради, како што е наведено, високи и неправедни цени на авио-карти за време на војната во Појасот Газа.Предложената казна претставува максимален износ дозволен според законот. Антимонополската агенција наведе дека го анализирала периодот од 7 октомври 2023 година до мај 2024 година и утврдила дека El Al Израел ерлајнс имал монополска позиција на 38 од 53 линии што ги извршувал, вклучувајќи летови за Њујорк, Лондон, Париз, Бангкок и други градови во САД, Европа и Азија.Утврдено е дека цените на картите пораснале во просек за 16 отсто, а на поединечни линии и до 31 отсто.Од компанијата El Al Израел ерлајнс соопштиле дека „категорички ги отфрлаат“ тврдењата дека за време на војната наплаќале премногу скапи карти.

Свет | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryr5tis8v2kr7650Qo98A

Судир на „пежо“ и „сеат“ во Неготино – еден возач тешко повреден

На 07.02.2026 во ОВР Неготино е пријавено дека околу 09:35 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.А.(56) од село Криволак, неготинско и патничко возило „сеат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од П.И.(53) од Неготино.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., а со телесни повреди се здобил П.И., констатирани од лекар во Итна медицинска помош Неготино.По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања