3 ден.
media-libraryfct7co86mg7a6BAuab5

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години“. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка,  Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив“, на ТВ „Телма“, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните депозити, што е поврзано со стабилизирањето на очекувањата на граѓаните, зголемените приноси од штедењето, особено на долг рок и во домашна валута, како и со мерките преземени од Народната банка за поддршка на процесот на денаризација и поттикнување на долгорочното штедење.„Во декември 2025 година, вкупните депозити на домаќинствата достигнаа 445 милијарди денари, што претставува годишен пораст од 12%. Во однос на периодот од пандемијата наваму, заштедите на граѓаните се зголемени за над 50%, што ја потврдува довербата во банкарскиот систем и неговата отпорност“, нагласи Арнаудова-Стојановска. „Во изминатите години, денарските и долгорочните депозити на домаќинствата растат со двоцифрени стапки, при што учеството на денарските депозити достигна 55%, а на долгорочните 33,5% од вкупните депозити на домаќинствата, наспроти 47,8% и 25,1%, соодветно, во декември 2022 година. Овие показатели потврдуваат дека банкарските депозити и понатаму се најзначајниот и најсигурен облик на штедење за домаќинствата, придонесувајќи за стабилноста на финансискиот систем и за поддршка на вкупната економска активност“, истакна Арнаудова-Стојановска.Според последните расположливи податоци за 2024 година, банкарските депозити и натаму се главниот облик на штедење кај домаќинствата во земјава. Во структурата на финансискиот имот на домаќинствата, депозитите кај банките учествуваат со околу 60%, по што следуваат средствата во приватните пензиски фондови со околу 25%. Овие движења се во согласност со трендовите забележани во повеќе земји од регионот и од Европската Унија.Арнаудова-Стојановска нагласи дека Народната банка и натаму ќе спроведува политики насочени кон одржување на финансиската стабилност и создавање поволни услови за поттикнување на штедењето кај граѓаните.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
IMG_3421

Охридскиот Регион на дневен ред: Владина делегација на средби во Париз со УНЕСКО

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз. Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО. На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност. Делегацијата ќе се осврне и на мерките што Владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација. Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
fon-der-lajen

Европа пред пресврт: Минхенскиот безбедносен извештај најавува идеолошка и стратешка конфронтација со САД

Европа дошла до болен но клучен заклучок дека мора да биде поодлучна и воено поавтономна, ослободена од зависноста од сè поавторитарната американска администрација која, според оценките, веќе не ги споделува либералните демократски норми и вредности. Ова е централната порака на извештајот подготвен за Минхенската безбедносна конференција што започнува оваа недела, објави британскиот весник „Гардијан“.Во документот се нагласува дека Европа влегува во период на отворена идеолошка конфронтација со Белата куќа на Доналд Трамп, при што сè поголем број европски лидери ја прифаќаат реалноста дека САД повеќе не се сигурен безбедносен и трговски партнер. Потребата од поголема воена автономија веќе не се смета за теоретска дебата, туку за практична нужност.Како клучен момент во овој пресврт се посочува говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на минатогодишната Минхенска конференција, кога тој ги обвини европските елити дека ја задушуваат слободата на говорот и ја поттикнуваат масовната миграција. Според извештајот, токму тогаш Европа сфатила дека администрацијата на Трамп радикално се оддалечува од досегашните трансатлантски позиции и од вредносната рамка што со децении ја дефинираше западната алијанса.Односите дополнително се влошиле преку низа конкретни судири – од американскиот притисок Украина да прифати територијални отстапки кон Русија, преку заканите за преземање на Гренланд, до протекционистички мерки како воведување царини и ограничувања за инвестиции. Поделбата јавно ја посочи и канадскиот премиер Марк Карни, кој на Светскиот економски форум во Давос предупреди на длабок раскол меѓу САД и нивните традиционални западни сојузници.Извештајот оди чекор понатаму и оценува дека Европа со растечка загриженост, па дури и со ужас, го следи „лизгањето на САД кон конкурентен авторитаризам“, при што се отвора прашањето колку е навистина отпорна американската демократија. Се наведува дека Вашингтон се оддалечува од либералните принципи што го обликувале повоениот светски поредок и дека постои ризик активно да се создава „постамерикански“ меѓународен систем.Политиките на Трамп, според критичарите цитирани во документот, не водат кон „повторно величење на Америка“, туку претставуваат „самоубиство на велесила“. Во таа насока, европските лидери заклучиле дека долгогодишната зависност од американската воена моќ и политиката на попустливост ги достигнале своите крајни граници.Извештајот отворено ги повикува европските лидери да бидат поодважни, поиновативни и појасни во своите одлуки и јавни пораки. Се оценува дека стерилните соопштенија, предвидливите конференции и претпазливата дипломатија повеќе не функционираат во свет во кој противниците дејствуваат агресивно, без почит кон правилата и воспоставените норми. Наместо реактивен пристап, се бара активна изградба на нови, поодржливи безбедносни и политички структури.За разлика од администрацијата на Џо Бајден, која поддршката за Украина ја сметаше и за морална обврска и за стратешки интерес, Трамп и неговиот тим, според извештајот, покажуваат вознемирувачка наклонетост кон рускиот претседател Владимир Путин.Заклучокот е недвосмислен: Европа повеќе не може да си дозволи да биде пасивен набљудувач. Во услови кога, како што се наведува, „сè е на коцка“, европските лидери мора да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, политичка автономија и иднина.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
crkva

Малолетници се обиделе да украдат пари од манастирот на Попова Шапка

Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7. февруари пријавил во СВР Тетово дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози.- На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на лице место и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираа од тетовската полиција.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarynnjn8rnqmb5nfwhBB03

Полицијата одзема „порше“, возачот немал дозвола па го уапсиле

При редовна сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило марка „порше“ со тетовски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.Како што соопшто МВР, ноќта кон неделата, околу 00:20 часот по полноќ на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. од село Требош.По констатирањето на прекршокот, по насоки на надлежен јавен обвинител, возилото било одземено. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно законските прописи.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryfllhj3vik23tckzoimL

Никола Ѓуричко во МНТ - вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд‑ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер Никола Ѓуричко. Наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, каде беше постојан член на ансамблот уште од 1995 година и каде реализира бројни успешни театарски улоги, а од крајот на 2019 година живее и работи во Лос Анџелес, САД. Ѓуричко e светски препознатлив и по улогата на Јури во хит серијата „Stranger Things“, како и во филмот „World War Z“ и други меѓународни продукции. По три години од успешниот стенд-ап „Сѐ што сакавте да знаете за Џони, а никогаш не се осмеливте да го прашате“, Ѓуричко подготви нова програма под наслов „Show biz“, со која настапува низ Србија, регионот и дијаспората во рамки на големата турнеја.Новиот материјал, како и претходниот, е потпишан од актерската ѕвезда и се однесува на неговиот живот, кариера и семејство. И оваа шоу-програма на духовит начин ги раскажува интересните детали од неговиот живот и професионален пат.„Show biz е моето ново стенд-ап шоу. Речиси три години не настапував, па се зажелев за луѓе, за публика. Имам многу нов материјал... тоа се само некои нови животни искуства и сознанија, кои сакам да ги споделам со луѓето, како на пример, зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција.“, вели Ѓуричко. Вечерта на 30 март, Ѓуричко најавува вечер исполнета со хумор, анегдоти и лично сведоштво од меѓународната кариера.Неговиот настап е дел од роденденската прослава на МНТ. Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-librarym32skuhq2gdi1Jc9VF6

Трендафилов повика на блокада: Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на социјалните мрежи објави повик за блокада на пратениците пред Собранието.„Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот.Протестот / БЛОКАДАТА ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците - “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањети на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79% зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати.Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за раборниците е срамно.Истите пратеници кои уживаат право на собраниско бифе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците.Ги потсетуваме дека не само што мораат итно да гласаат за зголемување на минималната плата и за згомемување на сите останати плати, мораат да гласаат и за намалување на функционерските плати по иницијативата на ССМ.Доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10.000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати.Ќе мораат да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците ( нивните гласачи) или ќе гласаат за работниците !* За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине“, вели Трендафилов.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
Saso-Klekovski-696x583-1

Клековски: Со намалувањето на функционерските плати за 80%, платите на министрите би биле 23.000 денари

Откако директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, објави дека јавната дебата за минималната плата од 600 евра во Македонија се води со погрешни споредби и „мешање на баби и жаби“, тој се огласи со нова објава на социјалните мрежи овој пат посветена на платите на функционерите.„Функционерски плати - колкави се?Деновиве покрај расправата за минимална плата, се предлага доколку не се зголеми минималната плата, да се намалат функционерските плати за 80%.Овој предлог за разлика од тој за минимална плата е поддржан со пола уста, а и самиот предлагач не кажува колку всушност се платите и на колку ќе се намалат?Дали знаете колку се функционерските плати во Македонија? Според службените јавни податоци (февруари 2026)Премиер → нето 140.450 денари (~2.280 €)Министри, директори вкл. ФЗО → нето 115.540 денари (~1.880 €)Пратеници → околу нето 110.000–130.000 денари (со додатоци)Платата на Премиерот е најниска во регионот со таа во Албанија, а по паритет на куповна моќ (ПКМ) е слична на платата на премиерите во Албанија, Србија и Црна Гора.Платата на Премиерот3х просечната плата ~746 €5.7х минималната плата ~397 €И тој сооднос е најнизок и споредлив повторно со Албанија, Србија... Функционерските плати и во номинална и во куповна моќ, и во сооднос спрема просечна и минимална плата е во рангот на најниските заедно со Албанија и Србија.Со Барањето на намалување на функционерските плати за 80%, платите на министрите би биле → околу 23.000 денари (~370 €) или под сегашната минимална плата.Дали предлагачот ќе предложи кратење и на нивните плати на ова ниво?“, вели Клековски.

Коментари | пред 3 дена

3 ден.
media-library2sr6d9693k5fevI8u7D

ФСБ тврди: Украинската разузнавачка служба нарачала атентат врз генералот Алексеев

Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Украинската безбедносна служба. ФСБ, исто така, вели дека полското разузнавање било вклучено во регрутирањето на напаѓачот, објави новинската агенција Интерфакс.Не се понудени докази за тврдењата. Украина негира каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека руски државјанин роден во Украина бил екстрадиран од Дубаи во Москва вчера. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.Алексеев, заменик-шеф на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, бил застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители објавија во петокот дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал. Според Комерсант, Алексеев бил успешно опериран во саботата и се освестил, но сè уште е под медицински надзор.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library53b3df214ta5dMFvp79

5-годишно девојче во критична состојба по пад во фонтана во Грција, родителите уапсени

Властите планираат да ги доведат пред јавен обвинител родителите на петгодишно девојче поради несреќниот инцидент во кој детето паднало во фонтана под нејасни околности во атинското предградие Калитеа, соопшти грчката полиција.Детето го спасиле припадници на патролната единица DIAS, кои биле алармирани од локални жители околу 20:30 часот во неделата, во Плоштадот Давaки. Полицајците го извлекле девојчето од фонтаната и ѝ пружиле прва помош.Иако била повикана амбуланта, девојчето било пренесено во Детската болница „Аглаиа Киријаку“ со полициско патролно возило пред пристигнување на брзата помош.Лекарите успеале да ја реанимираат по околу 40 минути интензивни напори, а детето останува во критична состојба и е интубирано на одделот за интензивна нега.Грчката полиција продолжува со истрага за околностите на инцидентот, а 26-годишниот татко и 23-годишната мајка се уапсени под обвинение за занемарување на дете.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан тврди: Клинтон побара Унгарија да ја нападне Србија во 1999 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во 1999 година, за време на неговиот прв мандат, поранешниот американски претседател Бил Клинтон побарал од Унгарија да ја нападне Србија по копно за да отвори втор фронт во средината на војната во Косово.Орбан го изнесе ова тврдење за време на викендот на состанокот на Дигиталните граѓански кругови на Фидес во Сомбатели, пишува Телекс.Според Орбан, Клинтон барал Унгарија да ја нападне Србија или „барем да пука во нив од Унгарија преку Војводина па сè до Белград“.Владата на Орбан, како што тврди тој, одбила, а на изричното барање на американскиот претседател, тие одговориле со „Не, господине!“. „Да имавме тогаш премиер кој знаеше само да каже „Да, господине“, ќе бевме во војна до врат“, заклучи Орбан.Унгарскиот премиер вели дека потоа го прашал Клинтон што ќе се случи со 300.000 Унгарци што живеат во Војводина во тој случај. Тој тврди дека го предупредил и Клинтон дека враќа на оган од една локација и прашал:„Дали треба да дозволиме бомбардирање на Сегед, тоа е планот? Или на Ходмезовашархеј и Мако?“ Орбан рече дека се согласиле да разговараат за тоа лично на самитот на НАТО една недела подоцна, но тврди дека Американците никогаш повеќе не го отвориле прашањето.„Можно е да се каже „не“ кога имате храброст“, им рече тој на присутните во Сомбатеј. Додаде дека за неколку години, дипломатската историја ќе открие преку кои канали и информации го убедиле американскиот претседател никогаш повеќе да не поднесе такво барање.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryf1jaltehs2kj3kWgZv1

Сопругата на Мицотакис доживеа несреќа во Италија, успешно оперирана

Марева Грабовски Мицотакис доживеа несреќа во саботата додека беше во Италија заедно со својот сопруг и премиер на Грција, Киријакос Мицотакис.Според информациите, сопругата на премиерот ги повредила двете раце и била оперирана во болницата КАТ.Во болницата ја придружувал Киријакос Мицотакис, со кого претходно присуствувала на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано.Операцијата на двете раце ја извршил Емануил Фандридис, директор на Националниот здравствен систем во Општата болница Атика КАТ, а воедно и раководител на Клиниката за раце и микрохирургија на горните екстремитети.Грабовски Мицотакис е во добра здравствена состојба и се опоравува во болница.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library28plki67uefgeTxR3CO

СДСМ: Кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?

После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница, вели опозициската СДСМ.„Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан.Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија?Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога.Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога.Но и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години.Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата.Нема бегање. Сите ќе одговарате“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
sjo

СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Што е деновиве актуелно од расипништвото на СДС на кое сведочеа деновиве граѓаните?Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски, буџетот се трошел за кафиња, лешници, за договори на роднини и пријатели на обвинителите од СЈО, како и на лица од СДС.Овие информации во јавноста ги пренесе, Лејла Кадриу поранешна обвинителка од згаснатото СЈО, актуелен адвокат која пак пред СЈО работела во јавното обвинителство во Тетово.Деталите говорат за тоа дека СЈО непотребно трошело милиони евра на граѓаните. За само два месеци во 2015 година биле потрошени милион евра, а за што очигледно треба да се отвори истрага.Оттука главната обвинителка на СЈО, Катица Јанева која по згаснувањето на СЈО заврши со пресуда 7 години затвор за земање мито, а минатата година доби условен отпуст со обврска да се јавува во Кривичниот суд Скопје до завршување на казната, за себе велела дека е девојка од милион долари.Главни во СЈО, според сведоштвото на Кадриу, биле Ленче Ристоска, претендент за државен јавен обвинител, и Гаврил Бубевски кој сакаше уште еден мандат во скопското јавно обвинителство.Ристоска и Бубевски во СЈО биле познати како лица кои не го почитуваат законот. Двајцата се радувале на присуството на Заев и Шекеринска во СЈО и примале од нив предмети не правејќи никаков записник. Во превод во овие предмети можел секој да земе документ и да додаде нов во секое време.Или кратко кажано, Ристоска и Бубевски само глумат професионалци.Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС.Не само диктати во СЈО, имало обиди и за контрола врз судството кој да биде обвинет, колку лица да бидат во обвинение и кои. А според сведоштвото на Кадриу, на Владимир Панчевски тогашниот претседател на Кривичниот суд во Скопје му креирале лажен предмет.Сега на чело на СДС е другарот на Заев, Венко Филипче кој самиот вели дека е во контакт со учителот.Дали ова СДС со Филипче ја има истата стратегија непочитување на закон и Устав, влијание врз правосудство, кражба на пари на граѓаните како што командуваше Заев?Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквата пракса“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина, вели ВМР-ДПМНЕ.„Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина.Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
hasim-taci-990x556-696x391

Завршни зборови во Хаг на судењето против поранешните лидери на ОВК

Изнесувањето на завршните зборови на судењето против поранешните лидери на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, обвинети за воени злосторства, започнува денеска пред Специјализираните судски совет во Хаг и ќе трае до 18 февруари.Завршните зборови ќе се одржат од 9 до 13 февруари, а потоа на 16 и 18 февруари.Обвинителството ќе ги изнесе завршните зборови на 9 и 10 февруари, а на 10 февруари ќе се одржи и завршното излагање на застапниците на жртвите.Потоа, на 11, 12, 13 и 16 февруари, завршни зборови ќе изнесе одбраната на обвинетите, а на 18 февруари ќе се изнесат одговорите на страните во постапката и изјавите на обвинетите, соопштија претходно од Специјализираните совети.По завршните зборови, советот ќе донесе пресуда.Пресудата се носи во рок од 90 дена од завршувањето на доказниот процес, а доколку поради околности е потребно дополнително време, рокот може да се продолжи за уште 60 дена.Тие се товарат врз основа на индивидуална кривична одговорност во шест точки на обвинението за злосторства против човештвото: прогон, затворање, други нехумани постапки, мачење, убиство и присилно исчезнување на лица, и во четири точки за воени злосторства: незаконско и произволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиство.Во обвинението се наведува дека кривичните дела за кои се товарат се извршувани најдоцна од март 1998 година до крајот на септември 1999 година на повеќе од 40 локации низ Косово и Метохија, како и во Кукеш и Цахан, во северна Албанија.Тачи, Весељи, Селими и Красниќи се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото врз најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 102 биле убиени.Според обвинението, овие кривични дела таканаречената ОВК ги извршила против цивили и лица кои не учествувале во конфликтите и за кои се сметало дека не ја поддржуваат ОВК.Таќи, Весељи, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од апсењето на 4 и 5 ноември 2020 година, а судењето започна во април 2023 година.Вкупно 134 сведоци дале исказ во судницата, од кои 125 ги повикало обвинителството, два сведока ги повикал застапникот на жртвите, а седум одбраната.Дополнително, 164 изјави на сведоци се прифатени во писмена форма.Обвинителството го заврши изведувањето на доказите во април 2025 година, при што повикало 125 сведоци и изведело околу 3.000 материјални докази.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryj256htg4tou65c8fGQd

Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување за публиката - Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби свој официјален музички спот.Видеото беше промовирано вчера (08.02) на јутјуб каналот на Урбан рекордс и веднаш доби многу позитивни коментари.„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов - Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’,“ вели Елвир.Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски.„Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време. Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
zemjotres

Земјотрес од 5,8 степени ја погоди Камчатка, прогласена вонредна ситуација

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди утрово крајбрежјето на рускиот полуостров Камчатка, соопшти Камчатскиот огранок на Федералниот истражувачки центар на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките.Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, на 232 километри источно од Петропавловск Камчатски, на длабочина од 40,5 километри, пренесе агенцијата РИА Новости.Се истакнува дека во тој регион во текот на минатата недела се случиле 31 земјотрес. Камчатка беше погодена на 30 јули од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала.По тоа, во регионот беше прогласена вонредна ситуација, која и понатаму е на сила.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
42465215_1995261163853419_3550302108123136000_o

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни активности

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир.Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 февруари 2026 година.Времениот сообраќаен режим ќе биде на сила во период од 9 февруари 2026 година до 2 февруари 2027 година.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
media-librarynca45dqdtpkac3lL3hn

Нов хаос во Венецуела: Киднапиран лидерот на опозицијата

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гванипа, поранешен пратеник во Националното собрание на Венецуела, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако бил пуштен од затвор, соопшти опозициската лидерка Марија Корина Мачадо.„Хуан Пабло Гванипа е киднапиран пред само неколку минути во квартот Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени лица, во цивилна облека, пристигнале со четири возила и со сила го одвеле. Бараме негово итно ослободување“, напиша Мачадо на социјалната мрежа Икс рано утрово.Рамон Гванипа, син на киднапираниот опозиционер, потврди дека неговиот татко е киднапиран и наведе дека го однеле десет неидентификувани лица. Партијата на Гванипа „Примеро Хустиција“ ја осуди киднапирањето на својот лидер, како што тврди, „од страна на репресивните сили на диктатурата“, пренесува БФМ.Неколку часа претходно, Гванипа (61) бил пуштен од затвор, во пресрет на најавеното гласање за историски закон за амнестија во Венецуела.Тој синоќа соопшти дека е ослободен по повеќе од осум месеци поминати во затвор.„Денеска сме пуштени на слобода. Има многу што да се разговара за сегашноста и иднината на Венецуела, секогаш со вистината во прв план“, изјави Гванипа синоќа во видеоснимка објавена на социјалната мрежа Икс, пренесе Ројтерс.Гванипа беше уапсен кон крајот на мај минатата година, а министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо го обвини за учество во наводна „терористичка група“ која планирала бојкот на законодавните избори тој месец, потсетува агенцијата.Ослободувањето на Хуан Пабло Гванипа се случи во време на зголемен притисок врз владата на вршителката на должноста претседател Делси Родригез да ги ослободи сите лица чии притворања пред неколку месеци или години нивните семејства и невладини организации ги поврзуваа со нивните политички убедувања. Родригез положи заклетва како вршител на должноста претседател на Венецуела откако американската војска на почетокот на јануари го зароби и одведе тогашниот претседател Николас Мадуро.

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања