3 ден.
media-libraryrgji68prph4ac9IZZES

Eксперти од Словенија откриваат пропусти во онкологија: Целокупната документација беше многу нецелосна

Судењето за случајот со несовесно лекување на Клиниката за онкологија денеска продолжи со клучни сведочења на медицински експерти од Словенија. Вештакот Маја Радник од Медицинскиот факултет во Марибор пред судот изнесе поразителни наоди по анализата на 51 медицинско досие на пациенти.Од 51 случај, само во еден бил забележан запис од мултидисциплинарен конзилиум, што е задолжително при промена на терапија.Во голем број наоди било забележано дека пациентот добивал лек, а воопшто немало запишана анамнеза, ниту извршен клинички преглед.Кај најголем дел од пациентите не биле забележани дури ни основни параметри како телесна висина и тежина, кои се неопходни за правилно дозирање на токсичната онколошка терапија.„Целокупната документација беше многу нецелосна. Промените на лекување не беа соодветно бележени и многу пати без никакво објаснување“, нагласи вештакот Радник.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
berlin-protest

Дронови, пожари и хакерски напади: растечки ризици за здравствените установи во Берлин

Болниците во Берлин пријавуваат сè поголем број сомнителни инциденти, меѓу кои кибернапади, прелети на дронови, провали и подметнати пожари, што, според експертите, укажува дека здравствените установи стануваат лесни и привлечни цели за непријателски и криминални структури.Здружението на берлински болници предупредува на серија, како што ги опишува, „необјасниви инциденти“ во болниците и здравствените установи во главниот град на Германија. Дел од овие настани, според безбедносните и разузнавачките служби, се разгледуваат како можни облици на хибридно војување. Од Здружението нагласуваат дека заштитата на болниците повеќе не смее да се третира како внатрешно прашање на институциите, туку како задача што мора да се решава во тесна соработка со државните безбедносни служби.Поради безбедносни причини, не се соопштува во кои конкретни установи се случиле инцидентите, но од Здружението посочуваат дека растечките закани ги принудиле болниците да воведат поефикасни механизми за самоодбрана. Во Берлин функционираат повеќе од 80 болници, меѓу кои и „Шарите“, најголемата универзитетска болница во Европа, со традиција подолга од три века.Во ноември, силна експлозија сериозно ја оштетила болницата „Вивантес“, а само неколку часа подоцна избувнал пожар на влезот на „Шарите“. Во двата случаи биле погодени оддели за онколошки пациенти, што довело до отворање истрага за сомнеж за политички мотивирано подметнување пожар. Во текот на летото, биле пријавени и шест одделни пожари во подрумските простории на воената болница на Бундесверот, при што дел од медиумите шпекулирале за можна поврзаност со лекување на украински војници.Федералната служба за заштита на уставниот поредок соопшти дека засега не регистрира зголемени активности на странски разузнавачки служби насочени директно кон болниците, но истакна дека здравствените установи во последните години често се цел на киберкриминални групи. Се истражуваат бројни напади со изнуда преку заклучување на компјутерски системи, за кои постои сомнеж дека потекнуваат од руски киберкриминални мрежи. Според службата, границата меѓу кибершпионажата и киберкриминалот станува сè понејасна, а директна поврзаност со државни структури ретко може недвосмислено да се докаже.Експертите за заштита на критичната инфраструктура укажуваат дека болниците традиционално се слабо подготвени за ваков тип закани, особено помалите установи, главно поради хроничен недостиг од финансиски средства. Дел од болниците, според нив, ги насочуваат ограничените ресурси кон профитабилни оддели, наместо кон сеопфатна безбедносна инфраструктура. Дополнителен проблем е и растечката подготвеност за насилство кон здравствени работници и служби за итна помош, што се поврзува со ширење дезинформации на интернет.Во јануари, при пожар во Еврејската болница во Берлин беа повредени 14 лица, а истрагата се води во координација со безбедносните служби. Истата година, саботажа на електрични водови во југозападниот дел на градот остави околу 100 илјади жители без греење, струја и интернет за време на екстремно ниски температури, при што одговорност презеде екстремистичка група.Според безбедносните аналитичари, Германија сè уште не е доволно подготвена за заштита на критичната инфраструктура. Иако се преземени одредени чекори, тие, според нив, доаѓаат доцна и не се доволни. Берлин, сепак, направил исчекор со усвојување на првиот рамковен план за цивилна заштита на болниците, но се нагласува дека се неопходни значајни и насочени инвестиции за зголемување на отпорноста на здравствениот систем.Според проценките, потребни се околу 2,7 милијарди евра почетни инвестиции и дополнителни 670 милиони евра годишно за оперативни трошоци, со цел болниците да можат да одговорат на актуелното ниво на закани. Германскиот парламент неодамна усвои и нов законски пакет за зајакнување на заштитата на критичната инфраструктура, кој ги обврзува институциите во стратешките сектори да ја подобрат физичката и информатичката безбедност.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryejbjkbqsdssb7iWOZzl

Кривична за фирмата и газдата на чиј објект загина младиот Кристијан Љушев во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот.

Охрид | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryuh68mbasno7letua68c

Петрушевски: Заев и Филипче нека бидат еднаш искрени, нека кажат како се поврзани со бизнисот со марихуана и со последниот случај

И во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран Заев и секако неговиот другар, Венко Филипче, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Вклученоста си ја потврди сам Заев, се јави бранејќи се, наместо да им се извини на граѓаните за сиот криминал што го има направено.На Заев веќе никој не му верува, ама со жалопојќите на Фејсбук, тој самиот покажа дека е погоден и фатен жив на дело.Нешто што е јасно во јавноста е несомнениот факт дека неговата влада се прослави со актуелизирање на бизнисот со марихуана, продаден како грижа за здравјето на граѓаните или канабис за медицински цели.Како и да е, факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат  како М'гчев кој пак бизнисите ги тера со Вице Заев.Секако основоположникот на бизнисот со марихуана владата на СДС предводена од Заев кога министер за здравство беше Филипче, креирала правила по своја мерка и доделувала бизниси по своја мерка, или на свои луѓе.Сега следи целосно расчистување на криминалот во оваа област. Секој еден кој се занимава со одгледување, до производство на готови производи од марихуана ќе биде проверен.А за поврзаноста на Заев и Филипче еве за почеток тие лично нека дадат одговори на јавноста.Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ.Случајот ќе биде комплетен само ако јавното обвинителство ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче“, додава тој.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryutn8lceprgqhf5LEIm6

Манасиев: Заев и Шекеринска специјални гости кај Катица Јанева, СЈО функционирало како штаб на СДС

Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Згаснатото СЈО, кое сите паметиме како заврши, со пресуда за предводничката на СЈО Катица Јанева од 7 години за земање мито. За жал, СЈО било користено за исполнување на желбите и интересите на СДС и Зоран Заев, кои во тие моменти не бираа начин како да дојдат на власт.Најчести гости според сведоштвата на Лејла Кадриу, во СЈО на Катица Јанева биле токму Зоран Заев и Радмила Шекеринска, како и советници на Оливер Спасовски. Тие ги носеле прислушуваните разговори, односно таканаречените бомби, во форма на кривична пријава, но како што вели госпоѓа Кадриу, напишани на ливче. Истиве овие ливчиња ги преземале помошниците на Катица Јанева, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски противзаконски, бидејќи не направиле никаков записник. За да биде јасно на граѓаните, секој можел да земе, донесе или додаде нов документ во секое време. Дополнително, истите овие специјални гости, се обидувале и успевале во обидите да укажат на обвинителите кое лице да биде гонето, а кое да биде изземено од одреден случај. Или во превод, што би рекле и поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, СЈО било претворено во штаб на СДС.Ристоска и Бубевски, според сведоштвата биле главни и тие биле оние кои го раководеле СЈО во позадина, додека токму Катица Јанева сакала само медиумски да се профилира, поради тоа што била само обичен медиокритет во СЈО.Исто така, многу важно во работата на СЈО биле и финансиските средства. Во 2015 година, односно поточно од  15.10.2015 година Буџетот бил проектиран да секоја година СЈО добива милион евра од државата, а Катица секако ја интересирале само парите, па овие 2,5 месеци до крајот на 2015-та година морале да ги потрошат како што вели Лејла Кадриу за да не ги земе државата назад. Дополнително обвинителите во СЈО, земале по 4.000 евра месечна плата, а срамно и безобразно било тоа што трошеле плус 2.000 евра месечно за кафе, бадеми и лешници. Почитувани, во овој дел обвинителството треба да го истражи и провери овој случај, каде отишле овие пари за само 2,5 месеци и кој се земал бонуси, додатоци, и колку чинела киријата за местата каде што престојуваше СЈО.Почитувани граѓани,СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина“, додава тој.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarys504gpilioib8x4ury2

Ужас кај Чачак: Воз удри во камионет, возачот почина

Денеска во 9 часот се случила тешка несреќа на пругата Заблаќе – Чачак во, кога на патниот премин се судриле воз и камионет.Маж (40) кој бил зад воланот на камионетот кога во него удрил возот, по што починал од тежината на задобиените повреди во болница.„Мажот бил жив, екипата на Итната помош го извлекла од остатоците, но починал од тежината на повредите“, изјави за RINA еден од жителите кој се нашол на лице место.До несреќата дошло на обележан патен премин, а точниот причинител што довел до трагедијата ќе биде утврден по истрагата.„Сè се случило на место кое е целосно пропишано со сообраќајни знаци и со зона со потребна видливост. Сепак, и покрај тоа дошло до ударот на возот во камионетот“, изјави за RINA извор запознаен со случајот.На лице место пристигнале екипи на полицијата, како и надлежни од Железници на Србија.Железничкиот сообраќај на овој дел од пругата е во прекин.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-librarydnp783b299cs0TJxAjC

Димитриевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ„Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски.Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (DEA).Поради оваа меѓународна соработка, премиерот Мицкоски веќе една недела нема одговор на клучното прашање: како 5 тони марихуана успеале да ја преминат границата, да излезат од Македонија и да влезат во Србија?Овој молк не е случаен, туку индикатор дека во тврдењата има вистина. Бидејќи фактите укажуваат дека без поддршка на структури во власта, МВР, Царината и други институции, ваква огромна шверцерска операција би била невозможна. Затоа е паниката во власта. Наместо да се соочат со фактите, тие водат медиумска кампања за дефокусирање на јавноста од енормните количини запленета дрога. СДСМ бара итна, независна и транспаррентна истрага која ќе даде одговор на клучните прашања: Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница? Дали Симе, од сликите со Мицкоски е исто така дел од мрежата? Ова нема лесно да заврши! Сите ќе одговараат“, вели Димитријевиќ.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryaj008q76foindlqSR9R

(Видео) Фудбалски судија брутално претепан откако јавно го запроси момчето пред 50.000 гледачи

Германскиот аматерски фудбалски судија, Паскал Кајзер, бил брутално претепан пред својот дом само една недела откако за време на натпреварот од Бундеслигата помеѓу Келн и Волфсбург пред речиси 50.000 гледачи јавно го запроси својот партнер Мориц.Настанот што стана вирален на социјалните мрежи очигледно им засметал на одредени поединци.Според изјавата на Кајзер, тој претходно добивал закани, во кои дури била наведена и неговата домашна адреса. Иако ја известил полицијата, му било соопштено дека не постои непосредна опасност. Само дваесетина минути подоцна, додека пушел цигара во дворот, бил нападнат од тројца мажи.„Беа исклучително агресивни. Убеден сум дека нападот е директно поврзан со мојата јавна просидба“, изјави Кајзер, кој смета дека станал цел токму поради тоа што неговата врска стана јавно позната.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
arm

Приведен Кумановец за шверц со четворица мигранти

На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ: Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра 

Владата на Мицкоски не сака да ја зголеми минималната плата на 600 евра и директно ги остави работниците сами во борбата за гол опстанок, вели СДСМ.„По две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници живеат сè потешко, додека вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари. Животот поскапува, а платите стагнираат, тоа е суровата реалност на македонските работници.Наместо да го прифати предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра за сите ранотници, владата склучи селективен договор кој опфаќа само околу 10.000 административни службеници. Притоа беа целосно се игнорирани останатите јавни службеници и останатите илјадници работници во приватниот сектор.Фактите се поразителни: околу 200.000 работници земаат плата под 30.000 денари. Тоа значи продлабочување на сиромаштијата, губење на достоинството на трудот и забрзано иселување на младите и квалификуваните луѓе.Минималната плата мора да важи за сите – во јавниот и во приватниот сектор, во фабриките, конфекциите и малите компании. Селективни решенија и козметички договори не го решаваат проблемот.Решението на СДСМ е јасно, реално и изводливо. Минималната плата веднаш се зголемува за 50%, односно за 12.000 денари, и достигнува 600 евра. Тоа е мерка што директно го подобрува животот на работниците – сега, а не некаде во иднина.Со ребаланс на Буџетот и со кратење на луксузот на власта – службени возила, мебел, патувања, кабинети, може да се обезбедат околу 200 милиони евра. Тие средства се доволни и за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании, без да се загрози нивната ликвидност.Но владата на Мицкоски ги извиси работниците и си го избра сопствениот луксуз“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Кумановец спроведен во затвор Штип за издржување казна од пет години и пет месеци

На 08.02.2026 во 18:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С. (23) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и пет месеци, за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library7p8cubas92n9ajEfC8b

Минчев: Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ во дневник на Сител телевизија изјави дека законското решение за изменување на Законот за Влада, со кое се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓа во завршна фаза.Министерот истакна дека процесот се водел транспарентно и инклузивно, со активно вклучување и на опозициските политички партии.„На лидерската средба ова прашање беше отворено како една од главните теми. Иако постоеја различни ставови, ние постапката ја водевме максимално транспарентно, со можност и опозицијата да учествува во креирањето на законското решение“ изјави Минчев.Тој појасни дека нацрт-верзијата на законот била доставена до сите координатори на пратеничките групи во Собранието, со рок за доставување забелешки и сугестии, дел од кои биле прифатени.„Прифатени се забелешките на опозицијата, односно барањата на СДСМ, дополнителните министри да бидат распределени во ресорите кои тие ги предлагаа“ нагласи министерот.Како компромисно решение, прифатено е техничката влада да важи уште за следните парламентарни избори, без разлика дали тие ќе бидат редовни или вонредни, а потоа целосно да се укине.Министерот потенцираше дека предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа.„Овој закон се носи со 61 пратеник и без бадентерово мнозинство. Сметаме дека 100-те дена техничка влада сериозно го кочат интензитетот на реформите. Пржинската влада беше воведена во 2016 година за обезбедување фер и демократски избори, а по повеќе изборни циклуси со позитивни оценки, сметаме дека го исполни својот мандат и треба да остане во минатото“ заклучи Минчев.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Над 4.900 сообраќајни прекршоци за една недела, 641 од возачи со странски таблици

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки.Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“.Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library28plki67uefgeTxR3CO

Се поврзуваат 40-те тони марухуана од Македонија со српските 5 тони - нови информации од обвинителството

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиов период, а во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството соопшти дека континуирано презема активности во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство.Од обвинителството информираат дека постапувањето се одвива во постојана соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.Во насока на целосно утврдување на сите релевантни факти и околности, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција воспоставил комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија. Целта на оваа соработка е размена на информации од значење за постапката, кои треба да помогнат во утврдувањето на евентуална поврзаност меѓу случаите во двете држави и потеклото на запленетата марихуана.Паралелно со меѓународната соработка, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија во рамки на своите законски надлежности, меѓу кои и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и утврдување факти што се од суштинско значење за постапката.Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нагласуваат дека, заедно со надлежните институции, продолжуваат со преземање на сите неопходни дејствија за целосно расчистување на случајот, при што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за текот и исходот на истрагата.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Состојбата со горивото на Куба е критична, американскиот притисок ја продлабочува кризата

Кремљ соопшти дека состојбата со снабдувањето со гориво на Куба е критична и оцени дека американските обиди за „гушење“ на економијата на островската држава предизвикуваат сериозни тешкотии. Реакцијата на Москва доаѓа откако кубанската влада претстави план за рационализација на потрошувачката на гориво и заштита на клучните јавни услуги, со цел справување со продлабочената енергетска криза, објави агенцијата Ројтерс.Кубанската комунистичка влада во петокот детално ги изложи мерките за надминување на кризата, истовремено спротивставувајќи се на напорите на САД да го прекинат снабдувањето со нафта за карипскиот остров. Вашингтон претходно ја прогласи Куба за „невообичаена и вонредна закана“ за американската национална безбедност.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е целосно свесна за тежината на ситуацијата. Тој нагласи дека Русија одржува интензивни контакти со кубанските власти преку дипломатски и други канали, со цел да се разгледаат можностите за ублажување на кризата.Песков ја истакна и незадоволството на Москва од американската политика кон Куба, оценувајќи дека тактиката на економски притисок создава бројни проблеми за земјата. Според него, Русија разговара со кубанската страна за потенцијални решенија или, во најмала мера, за обезбедување помош каде што е можно.Изјавата следуваше по новинарско прашање за информациите за недостиг на авионско гориво и можните последици за руските туристи кои сакаат да ја напуштат Куба, која со децении е сојузник на Москва. Минатата недела, рускиот амбасадор во Хавана, Виктор Коронели, изјави дека Русија во изминатите години повеќепати ја снабдувала Куба со нафта и дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина.Во периодот кога беа дадени овие изјави, Русија се обидуваше да ги подобри нарушените односи со Соединетите Американски Држави, додека тогашниот американски претседател Доналд Трамп настојуваше да посредува во постигнување договор за завршување на војната во Украина. И покрај тоа, Кремљ јасно стави до знаење дека останува незадоволен од односот на Вашингтон кон Куба и последиците што таа политика ги има врз економската стабилност на островот.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
zdravko-colic-koncert

Притвор за лицата кои фрлија бомба во домот на Здравко Чолиќ

Вишиот суд во Белград одреди притвор за тројцата осомничени Сенад М., Марко А. и Перица С. дека на 20 ноември 2025 година и 3 февруари 2026 година активирале и фрлиле две рачни бомби, објави К1.Притвор е определен за да не влијаат врз сведоците и да не го повторат кривичното дело во краток временски период, а Перица С. и поради опасност од бегство, соопшти судот.Високото јавно обвинителство во Белград претходно соопшти дека покренало истрага против Сенад М. и Перица С. поради сомневање дека на 20 ноември 2025 година и 3 февруари 2026 година активирале и фрлиле две рачни бомби врз семејни куќи на оштетените, како и против Марко А., кој им помогнал, ставајќи им ги на располагање експлозивните направи.Со наредба за спроведување на истрага, Сенад М. и Перица С. се товарат за две кривични дела – Нелегална производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материјали во соизвршителство, додека Марко А. се товари за истите две кривични дела во помагање.Против Сенад М. и Перица С. ќе се преземат и доказни дејства за две кривични дела – Предизвикување општа опасност во соизвршителство, а против Марко А. за истите дела извршени во помагање.Првиот случај – 20 ноември 2025 годинаСенад М. и Перица С. неовластено носеле рачна бомба и, користејќи изнајмен автомобил марка „Тоjота“, дошле до семејната куќа на оштетениот Р. К. во општина Палилула. Околу 2:30 часот активирале и фрлиле рачна бомба во дворот на семејната куќа. Бомбата експлодирала во просторот помеѓу куќите на семејството на оштетениот и уште едно семејство, а осомничените побегнале до возилото трчајќи.Вториот случај – 3 февруари 2026 годинаНа 3 февруари 2026 година, тие неовластено носеле една рачна бомба. Користејќи такси возило, а потоа тротинет, дошле до семејната куќа на оштетениот З. Ч. на Савски венец. Околу 4:52 часот, осомничениот за кој се трага, активирал и фрлил рачна бомба во дворот на куќата, додека Сенад М. внимавал никој да не налета и го снимал со мобилен телефон.Бомбата експлодирала, по што осомничените со тротинет се оддалечиле од местото на настанот.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-library2u8evuj92u4hduVvNAt

Продолжува потрагата по девојката која со автомобил излета во Морача

Потрагата по едно или повеќе лица кои со автомобил паднале во реката Морача сè уште трае. Според првичните информации, зад воланот била девојка, но не е познато колку други лица биле во возилото.На терен се екипи на Службата за заштита и спасување.„Теренот се прегледува со чамци и дронови, потрагата сè уште трае“, потврдено е за RINA од Службата за заштита и спасување на Подгорица.На терен се и нуркачи од Регионалниот нуркачки центар Бијела (RRCB).„Екипите беа на терен вчера, а потрагата продолжи и денес. Потрагата ја отежнуваат лошите услови“, изјави Данило Мијајловиќ од RRCB.Несреќата се случила во ноќта од сабота кон недела, а надзорните камери го снимиле возилото како се движи по улиците. Пред мостот, како што се претпоставува, девојката ја изгубила контролата – возилото преминало од десната во левата лента и паднало во Морача.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
9B8A907B-1E41-4577-9576-7EC6803C5E40

Андреј од ДНК денес ќе наполнеше 44 години – Наталија сподели емотивен спомен од плажа

На 9 февруари 1982 година во Скопје е роден Андреј Ѓорѓиески, македонски музичар и продуцент, член на музичката група ДНК.Неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска, ретко споделува спомени со својот сакан сопруг, откако го загуби во трагедијата во Кочани на 16 март минатата година.На првиот роденден по неговата смрт, таа сподели фотографија од плажа, направена на зајдисонце на која Андреј стои во далечината, а во позадина на инстаграм оди песната „Север и југ“ од ДНК.„Твојот роденден“, напиша Наталија во пораката и ја дополни со емотикон од пар кој се прегрнува и бел гулаб што лета.Да беше жив, Андреј денес ќе наполнеше 44 години.За потсетување, Андреј и Наталија скоро 10 години беа во брак.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryalvavfkfdkd12MTg3Nl

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка зона

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона.„Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор“, рече  градоначалникот Горан Герасимовски.Проектот има за цел уредување на јавниот простор  и воведување организиран резидентен паркинг. Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 квадратни метри, на потегот од „Партизански одреди“ до улицата „Никола Тримпаре“.Во рамки на зафатот се предвидува инсталирање ново улично осветлување, поставување клупи и канти за отпад, како и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи.На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја.Проектот е изработен во соработка со Архитектонскиот факултет и вклучува уредување на зелените површини,  замена на исушените  дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило.Проектот се финансира со 70% средства од Светска банка, додека преостанатите 30% се покриени од буџетот на Општина Центар.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
pari

Платите во администрацијата ќе растат од март до 2028 година, договорени 8 проценти годишно

Од март па сè до 2028 година, месечните примања на околу 11 илјади вработени во јавната администрација ќе се зголемуваат за по осум проценти на годишно ниво, дополнително усогласени со законските корекции што произлегуваат од движењето на минималната плата. По долг период на преговори меѓу синдикатите и Владата, постигнат е договор за континуиран раст на платите во јавниот сектор.Синдикатот УПОЗ првично бараше зголемување од 10 проценти, но на крајот прифати осумпроцентен раст, според моделот понуден од Владата. Договорот е резултат на повеќемесечен социјален дијалог, синдикални протести и притисоци, со цел постепено намалување на јазот меѓу платите во администрацијата и реалните трошоци за живот. Првото зголемување ќе биде пресметано со мартовската плата.Од УПОЗ најавија дека во наредниот период ќе подготват предлог-текст на колективен договор, кој ќе биде доставен до Министерството за јавна администрација. Потоа, во координација со Министерството за финансии, ќе се изработи единствен колективен договор што ќе им биде понуден на институциите во јавниот сектор, со цел унифицирање на условите и јасна динамика на исплата.Иако договорот е оценет како чекор напред, дел од вработените во администрацијата укажуваат дека реалните ефекти ќе бидат ограничени. Причина за тоа, според нив, е инфлацијата, но и фактот што дел од растот ќе произлезе од општото зголемување на минималната плата, кое важи за сите вработени, а не само за администрацијата.Првичните реакции се фокусираат и на конкретните примери од праксата, особено кај административниот персонал во болниците и судовите, каде платите изнесуваат околу 28 илјади денари со вклучен надомест за храна и превоз. Кај овие категории, првичниот нето-ефект од зголемувањето се проценува на околу 1.400 денари, што, според дел од вработените, не е доволно за значително подобрување на животниот стандард.

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања