3 ден.
300906766_5554581604588006_2137906982980117008_n

11-годишно дете тешко повредено, со велосипед удил во дрво

Дете од Штип (11) се здобило со тешки телесни повреди, откако изгубило контрола на својот велосипед и удрило во дрво, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Штип.Во соопштението се наведува дека вчера во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип.Според пријавеното, малолетникот управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“ изгубил контрола и удрил во дрво.Малолетникот е хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.За настанот бил известен Јавен обвинител и извршен е увид.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library0un8h0k1klk17PAewJe

„Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!“ – Здрава котлина утре најавува блокада

Активистите на „Здрава котлина“ најавуваат мирна блокада на три улици во Струмица како реакција на продолженото аерозагадување и недоволните мерки од надлежните. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да се залагаат за чист воздух и здрав град.„По протестот и официјалното доставување на нашите барања, гледаме дека има почетна реакција од надлежните, но сè уште нема резултати за подобрување ниту пак има итни ефективни мерки против аерозагадувањето.Принципот на вградување филтри на индустријата е суштински и нема да се двоумиме да блокираме индустриски капацитети кои работат без филтри. Закани и притисоци од газдите само ќе не мотивираат повеќе, а сите такви ќе бидат соодветно пријавени.Ние сме спремни за војна со сите загадувачи, а народот нека одбере страна во таа војна!Во исто време продолжуваат палењата на бакар, а во една ситуација деновиве дури и намерно ненајавено блокирање на улица Антон Панов, од двете страни со луѓе и возила, наменски со цел прикривање на оголување на огромна количина кабел за кој претпоставуваме дека ќе се распореди и гори овие денови.Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!Затоа, како граѓани кои бараат право на чист воздух и здрав живот, организираме мирна целосна блокада во трање од 2,5 часа на трите улици кај кружниот тек.10 февруари 202613:00 - 15:30 часотКружен тек, кај ПоштатаСѐ додека немаме ефективно чист воздух, продолжуваме со нашите иницијативи, протести и блокади во градот и околината.Низ годините се докажа дека јавниот притисок е најефикасно решение во Македонија за сите проблеми каде се бара решително преземање одговорност!Дали си за чист воздух, во чист град?Приклучи се и ти, кажи го твоето мислење!“ велат од Здрава котлина.Блокадата беше закажана за денеска, но поради најавените временски услови и дожд, блокадата се презакажа за вторник.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
366531169_1034322597890552_6490382837454383521_n

Шугата не потекнува од касарната во Велес, тврди Министерството за одбрана

Шугата е во фокусот на јавноста по информациите за неколку заболени професионални војници, но од Министерство за одбрана уверуваат дека заразата не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес и апелираат случајот да не се користи за манипулација и нанесување штета врз угледот на Армијата.Од Министерството нагласуваат дека станува збор за поединечен здравствен случај и дека е неточно тврдењето оти заразувањето се случило во касарнските услови. Потсетуваат дека шугата е инфективна кожна болест која се пренесува исклучиво преку директен контакт со заразено лице или преку предмети како постелнина и пешкири кои претходно биле користени од лице што веќе е носител на болеста.Според Министерството, пред приемот на професионалните војници во касарната во Велес биле преземени сите потребни подготовки. Просториите биле целосно уредени и дезинфицирани, а на војниците им биле обезбедени чисти и испрани постелнини и ќебиња. Оттаму посочуваат дека токму поради ваквите процедури, не постои основ за тврдења дека изворот на заразата е во самата касарна.Во меѓувреме, Армијата и Воено-медицинскиот центар, постапувајќи согласно здравствените протоколи, презеле мерки за спречување на евентуално натамошно ширење на болеста. Од одделението за превентивна заштита при Воено-медицинскиот центар бил извршен стручен епидемиолошки надзор, дадени биле мислења и препораки, а сите војници кои биле во контакт со заразените лица биле упатени на превентивни прегледи.За време на викендот, како што информираат од Министерството, во просториите каде што се сместени војниците била направена комплетна замена на постелнината, дезинфекција на спалните соби, ќебињата, перниците и душеците, како и перење на целокупната постелнина. Војниците биле детално информирани за симптомите на болеста и добиле насоки при појава на какви било кожни промени веднаш да се јават кај доктор.Според последните податоци од Министерството, досега се регистрирани четири лица кај кои е потврдена шугата и на сите им е пропишана соодветна медицинска терапија. Состојбата со останатите припадници се следи континуирано и се постапува според насоките на доктор епидемиолог.Од Министерството потсетуваат дека во касарната „Алексо Демниевски Бауман“, како и во другите центри за обука, на годишно ниво престојуваат голем број припадници на Армијата и на сојузничките армии, и досега не биле регистрирани вакви случаи. Токму затоа, апелираат да не се злоупотребува поединечен здравствен настан за ширење дезинформации и нарушување на угледот на Армијата.Во соопштението се нагласува и дека Министерството и Армијата, заедно со Генералштабот, континуирано работат на подобрување на условите за работа и престој. За 2026 и 2027 година се предвидени 41,3 милиони денари за реконструкција, санација и градежно-занаетчиски работи на објектите. Во изминатиот период биле обезбедени средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување, со цел подобрување на инфраструктурата, безбедноста и условите во објектите што ги користат припадниците на Армијата, при што овој пристап ќе продолжи и во тековната година.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
avion

СДСМ: Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, Владата планира купување луксузен авион

Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос, вели СДСМ.„Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра.За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања.Ученикот сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот.И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма?Малку да не им се 161 тендер досега?Сè е бизнис во ВМРО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryag44j6fr9t7d5xfcg1v

(Видео) Првата фаза од булеварот „Македонија“ во тек: „Скопјани за првпат ќе добијат подземна сообраќајница“

Градот Скопје започна со реализација на првата фаза од булеварот „Македонија“, проект што ќе го трансформира урбаниот пејзаж и ќе овозможи модерна сообраќајна инфраструктура. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, завршувањето на сите фази ќе донесе побрз и побезбеден проток на сообраќај и нов квалитет на живеењето во главниот град.„Интензивно и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон модерно, функционално Скопје.Со завршувањето на сите фази, скопјани за првпат ќе добијат подземна сообраќајница, решение што носи побрз проток, поголема безбедност и нов квалитет на урбаното живеење.Продолжуваме со дела, одговорно и посветено, за наше Скопје“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 дена

3 ден.
media-library02kon4n4v0g73Kize7j

Трифунов: Пратениците да дојдат на минималец, па да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија

Утре, со почеток во 9 часот, улиците Даме, Груев и 11 октомври пред Собранието ќе бидат блокирани од работниците. Согласно закон, најмалку 21 човек ни се потребни на двете локации по 21 човек за да ги блокираме пратениците, да не се грижат тие за тоа колку луѓе ќе излезат на улица имајќи во предвид дека блокадата треба да упати порака до пратениците, дека тие го блокираат законот за минимална плата повеќе од една година, а за истиот временски период, секоја семејство е по-сиромашно за 9500 денари месечно, затоа што вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за толку пари во истиот период, изјави денес на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трифунов.„Пратениците сè уште се прават глуви и слепи на иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите работнички плати за најмалку 6000 денари, но пратениците се прават глуви и слепи за последната иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија за намалување на нивните плати за 80%, или да си ја намалат основицата за пресметка на платите, од просечна на минимална плата, да дојдат и тие на минималец, па потоа да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија.Имајќи во предвид дека, веќе најавуваат намалување на нивните коефициенти за процентот на порастот на просечната плата или колку што си пресмета гувернерот на Народна банка (1:39) за 9,2 проценти, па јавно ги прашуваме како ќе биде уставно и законски да ги намалат коефициентите на сложеност на нивните плати за 9,2 проценти, а да не ги намалат за 80 проценти. Како 9 проценти ќе биде уставно и законски, а 80 проценти е не Уставно и незаконски. Пратениците први ќе се соочат со гневот на работниците, тие нема да можат да наплатат трошоци за доаѓање на работа, кои изнесуваат од 100, па нагоре евра, и со тоа ќе им покажеме дека, онака како работниците што доаѓаат на работа пешки или со автобус, со јавен превоз, така ќе треба и тие да дојдат истиот ден, за да им покажат на работниците дека со чувствуваат со нивната мака, заради тоа што ниту трошоците за превоз и храна, како што бара Сојузот на Синдикатите на Македонија, не ги гласаат на Собрание за да имаат право работниците на таквите трошоци.Потоа, во четврток, ќе ги блокираме газдите, односно Стопанската комора, Организација на работодавачи и бизнис конфедерација на Македонија, и наредната недела, во вторник, кога владата одржува традиционално седници, ќе бидат блокирани и владините функционери“, вели Трифунов

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryjp26act66n03bCaV9r6

„Мајчинството не смее да биде причина за отказ“, Левица бара власта да го поддржи предлог-законот

На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки, велат од политичката партија Левица.„Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – се меѓу најнезаштитените работнички. Работодавците масовно ја користат законската дупка со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност.Со цел да се надмине оваа неправда, пратеничката група на Левица поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој директно ја таргетира оваа системска неправда.Постојниот Закон за работните односи, во член 101, забранува отказ за време на бременост, раѓање и родителство, но во ставот 3 јасно дозволува престанок на работниот однос ако договорот е склучен на определено време и истекол рокот. Токму оваа одредба во пракса значи дека илјадници жени остануваат без работа, без приходи и без социјална и здравствена заштита – иако формално „нема отказ“.Со предложените измени, се воведува автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе нема да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот. Дополнително, се предвидува јасна забрана за престанок на работниот однос на работничка на определено време доколку таа достави потврда за бременост од овластен лекар или надлежен орган. Предлог-законот предвидува санкции за работодавачите кои нема да го почитуваат законот и нема да го трансформираат работниот однос од определено во неопределено време. Иако и досега постоеа казни (член 265), во пракса тие ретко се применуваа, што дополнително ги охрабруваше злоупотребите.Овој предлог-закон на Левица претставува обид конечно да се стави крај на практиката мајчинството да се казнува со отказ. Во држава со ниска стапка на наталитет, економска несигурност и масовна миграција, заштитата на бремените жени не смее да биде декларативна, туку реална и применлива. Бремените жени не бараат привилегии. Тие бараат сигурност, достоинство и право на работа. Овој предлог-закон е чекор кон исправување на долгогодишна неправда и јасна порака дека бременоста не смее да биде причина за дискриминација, туку основ за засилена заштита“, вели Левица.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarynch44fps57ctehAv2mA

Министерството за правда му подари скенер на затворот „Идризово“

Министерството за правда соопшти дека на Казнено-поправната установа Идризово ѝ е отстапен контролен скенер за детекција на опасни материи. Со новата опрема, како што информираат оттаму, ќе се унапреди безбедноста и контролата во установата.„Министерството за правда отстапи контролен скенер за детекција на опасни материјали на КПУ Идризово.Со оваа современа опрема значително се унапредува безбедноста во установата, се подобрува контролата и се зајакнува заштитата на вработените и лицата лишени од слобода.Континуираните вложувања во безбедносната инфраструктура претставуваат важен чекор кон посигурен и поефикасен пенитенцијарен систем“, велат од Министерството за правда.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarykkutmduvl10n8o1s8nO

(Видео) Филмски вооружен напад на автопат во Италија: Разбојници кренаа во воздух возила за транспорт на пари

На автопат во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи, утрово се случи драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на пари. Инцидентот се случи во близина на градот Тутурано.Со брзата акција на полицијата од Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во областа на северен Саленто, каде што силите на редот веднаш го насочија пребарувањето.Истрагата е во полн ек бидејќи се бараат други членови на групата.Според последните информации, напаѓачите дигнаа во воздух дури две, а не само едно возило за транспорт на пари, како што првично се веруваше, пренесува Rai News.Нападнатото возило е на компанијата BTV Battistolli, а разбојниците, за да го спречат, попречиле друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.По нападот, државниот пат Бриндизи – Лече бил привремено затворен за сообраќај во двата правци.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Гаши: Собранието ќе работи – пратениците нека најдат начин да дојдат, пеш или порано

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите изјави дека Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).„Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седница, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој со кола би дошол, дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Но, се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест на граѓаните. Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на мојот кабинет се сретна со началниците во МВР, тие си имаат редовни безбедносни протоколи. МВР ги презема сите свои мерки. Се надевам дека се ќе биде мирно и ќе тече се како што треба. Така, тие ќе си протестираат, ние ќе си работиме“, кажа Гаши на денешниот брифинг со новинарите.Во однос на прашањето за коментар за синдикалните барања, Гаши смета дека проблемот не може да се реши само со зголемување на платите.„Сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв наш приоритет, но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил сите плати. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни во државата. Од таму да одиме – Претседател на државата, на Собрание, Премиер, пратеник, директор, наставници, доктори… и да имаме поправедно нивелирање на платите. Мислам дека на таков начин најправедно би било да се реши тој проблем“, рече Гаши.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryphkfnj91lbn8ddnehSL

Обвинителството во Хаг бара 45 години затвор за Хашим Тачи за воени злосторства

Обвинителите за воени злосторства во судот во Хаг денеска изјавија дека поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ги контролирал етничките албански герилци и дека тој треба да биде осуден за воени злосторства и да добие 45 години затвор.Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 година, кое на крајот му донесе независност на регионот со мнозинство Албанци од Србија.„Обвинетите извршија злосторства против своите противници со цел да ја преземат контролата врз Косово“, изјави обвинителката Кимберли Вест пред судот во Хаг.Таа додаде дека во 1998 и 1999 година, повеќе од 100 политички противници и наводни соработници на српските безбедносни сили биле убиени, а стотици биле злоупотребени во околу педесет логори под администрација на ОВК.„Овој случај се однесува на целта на четворицата обвинети да добијат и да остварат контрола врз целото Косово“, рече Вест кон крајот на речиси тригодишното судење во Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, со седиште во Хаг.Тачи, кој беше премиер, министер за надворешни работи и претседател на независно Косово помеѓу 2008 и 2020 година, и другите обвинети ги негираат сите обвиненија.Адвокатите на Тачи, кои се очекува да дадат завршни зборови во среда, претходно тврдеа дека 57-годишниот Тачи немал вистинска власт над ОВК и нејзините воени команданти за време и по востанието.Обвинителите тврдат дека Тачи и другите водачи на ОВК воделе насилна кампања против политичките противници, како и малцинствата етнички Срби и Роми, со цел да преземат целосна контрола врз Косово.Повеќето од жртвите на прогонот биле членови на етничкото албанско мнозинство во Косово, објави обвинителството.Специјализираниот суд за Косово, во кој работат меѓународни судии и адвокати, беше основан во 2015 година за да се занимава со случаи на воени злосторства според косовскиот закон против поранешните герилци на ОВК. Многу Косовари веруваат дека судот е пристрасен и ги сметаат командантите на Ослободителната војска на Косово за херои кои го ослободија Косово од репресивната српска Влада.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
benzinska-benzin-nafta-

РКЕ: Горивата остануваат со иста цена, поевтинува само мазутот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 2.2.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,235 ден/кг и сега ќе изнесува 33,650 ден/кг.Од 10.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,650 (денари/килограм)

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library9vdd0vlq5cqs3wLxE2Y

Лажни лекари и сообраќајни несреќи: Притвор за маж од ресенско осомничен за серија измами, стари лица останале без 7.000 евра и злато

Министерство за внатрешни работи информира дека е лишен од слобода 40-годишен маж од ресенско, осомничен за повеќе измами врз повозрасни лица во Битола, при што судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од осум дена.СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В.П. (40) од селото Стење, ресенско, со престој во Битола, како и против едно непознато лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.Според информациите од МВР, на 5 февруари 2026 година, околу 11:30 часот во Битола, осомничените со цел да прибават противправна имотна корист довеле во заблуда 72-годишна битолчанка. Второосомничениот ѝ се јавил на мобилен телефон, лажно претставувајќи се и тврдејќи дека нејзината снаа е тешко повредена и дека итно се потребни пари и злато за операција. По кратко време, соучесникот дошол во домот на оштетената, која му предала златна огрлица и златно ланче со привезоци, со што сторителите се стекнале со противправна корист од околу 40.000 денари.Само еден ден подоцна, на 6 февруари 2026 година, околу 9:30 часот, во близина на Саат-кулата во Битола, истите лица измамиле уште една 76-годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Во овој случај, второосомничениот повторно се јавил телефонски, претставувајќи се како доктор од охридска болница и тврдејќи дека нивната внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и дека мора итно да се изврши операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат-кулата и на првоосомничениот му предале 7.000 евра.По пријавувањето на случаите, полициските службеници презеле низа мерки и активности за нивно расчистување. Извршени биле претреси на повеќе локации што ги користел осомничениот В.П., при што биле пронајдени предмети за кои се сомнева дека потекнуваат од кривичните дела. По тоа, тој бил лишен од слобода, против него била поднесена кривична пријава, а судот му определил притвор од осум дена.Од МВР информираат дека интензивно се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на второосомниченото лице.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryorisr53l60u1fMLn0bk

„Секоја џукела која мисли поинаку е обична режимска будала што заслужува да биде тепан“, Стеваноски на информативен разговор во МВР

Адвокатот Жаре Стеваноски бил повикан на разговор во Полициската станица во Прилеп на информативен разговор поврзан со негов пост на социјалните мрежи од 28 јануари 2026 година.Оваа информација, заедно со свој коментар и реобјава на постот преку социјалните мрежи ја сподели самиот Стеваноски.„Денес бев повикан во МВР ПС Прилеп заради информативен разговор за овој статус.Мојата изјава е следна: 'Точно е дека го објавив статусот на 28.01.2026 година и секоја џукела која мисли поинаку е обична режимска будала што заслужува да биде тепан'" - пишува Стеваноски во објавата.

Коментари | пред 3 дена

3 ден.
media-library3drc22kavicg6DC48wl

Штипскиот угостител кој пијан си ја уби мајка му осуден на доживотна робија

Доживотен затвор доби Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август минатата година во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка.Зарков на рочиштата од судењето за убиството тврдеше дека не се сеќава дали ја убил мајка си.Обвинетиот претходно даде исказ дека не се сеќава дали тој ја убил својата мајка или не. Пред судот изјави дека тој ден, на 8 август минатата година, ги извршувал секојдневните обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси возило. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител. Кога се јавил на бројот за итни случаи за да побара помош, Зарков се обратил со зборовите „ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.Со вештачењето на ножот и ДНК анализата на отисоците и крвта на ножот, неприкосновено беше докажано дека извршител на убиството е Зарков.Стојанче Зарков меѓу штипјани е познат како поранешен угостител, препознатлив по кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryangt9hfuvgr49uOXPDi

Инцидент на Блаце: Автобус удри во кабина на граница

На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
bomba-1

Пронајдени четири експлозивни направи кај Гостивар

На 08.02.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library8482tdoin17172D29h0

Инцидент на фудбалски натпревар: нападнат вработен во „Башкими“

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23),  М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во с. Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу  клубовите Башкими и Куманово, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб Башкими.По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) „Намерно удриле во банкина“ – Откриени нови детали за киднапирањето на Кајмакоски

Пејачот Даниел Кајмакоски кој беше киднапиран во ноќта меѓу сабота и недела по настапот во Бетон Хала Новинарот Младен Мијатовиќ откри нови детали за потерата по киднаперите,„Постои сомневање дека намерно удриле во банкнина. Го држеле врзан, а по несреќата го оставиле во остатоците од возилото и побегнале пешки“, пренесува новинарот Младен Мијатовиќ детали од истрагата.Кајмакоски во полиција изјавил дека напаѓачите комуницирале на англиски и турски јазик.„Тие со закана со пиштол барале од него некој од членовите на неговото семејство или пријатели да обезбеди 20.000 евра. Во спротивно, се заканувале дека ќе му нанесат штета нему и на неговите најблиски“, наведува Мијатовиќ за Pink.Полицијата се уште трага по двајца турски државјани кои по несреќата побегнале во околината на Рума.Познатиот пејач, по изјавата дадена во полиција, се наоѓа со своето семејство.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryg0t9jvdbjaqh972Y0KU

„Одговорноста не застарува“: Ченто реагира на изјавата на Заев

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.„Денешната изјава на Зоран Заев е навреда за интелигенцијата на народот.Човекот кој ја распарчи државата зборува како да нема ништо со хаосот што го остави зад себе.Под негово водство, Македонија беше понижена, институциите уништени, а судството сведено на алатка за пресметка со неистомисленици.Зад неговите "реформи“ останаа скршени животи, неправди, прогон, селективна правда и страв. Луѓе беа жртвувани за политички маркетинг, а државните интереси заменети со лични договори и туѓи агенди.Ова не е политика.Одговорност мора да има!Вистината може да се одложува, но не и да се избрише.И колку и да се крие зад изјави и медиумски настапи, одговорноста не застарува.За сè што направи, мора да одговара за своите постапки –И ТОА ЧАС ПОСКОРО.Македонија памети“, напиша Ченто.

Коментари | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања