1 нед.
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, вели СДСМ.„Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери...?Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта.Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.Молкот мора да престане.  Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.Нема бегање од одговорноста.Сите ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-03-11-at-12.43.30

ВМРО-ДПМНЕ: Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците. Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија како седи сам во празните простории на синдикатот, при што пишува дека чекал да дојде претставник на Владата за да се потпише договор за зголемување на платите.Ова е само уште една потврда на тезите дека барањата на Слободан Трендафилов не се барања од и за работниците, туку се барања со политичка заднина и дека зад оваа раководство на ССМ стојат СДС и Левица.Ваквото однесување на Трендафилов, не е ништо друго освен обичен театар за широката маса, во која тој изигрува жртва, а виновна е владата. На него никогаш не му било до зголемување на платите на работниците, туку целта единствено му било да се наштети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што е иста политичка агенда со таа на СДС и Левица.Оттука се јавува потреба да се постави прашањето, дали СДС и Левица му ги пишуваат барањата на ССМ и Трендафилов?Изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша нови колективни договори и ги зголеми платите во образование, здравство, полиција, одбрана, социјала и другите сектори, но за тоа Трендафилов ништо не кажа.Исто како што збор не изусти за ценовните шокови во време на власт на СДС и ДУИ, кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, кога сметките за струја се зголемија за над 50% и молчеше кога во неколку државни институции со месеци немаше плати.Исто така, потсетуваме дека во изминатите години на власт на СДС, се потпишаа колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Тоа значи, СДС и ССМ си потпишале договори без претходно одобрени средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор и уште едно изигрување на работниците за политички цели.Со овие политички игри и лицемерие Трендафилов и ССМ покажуваат дека не се борат за работниците, туку соработуваат и работат во корист на СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од нив, Владата е посветена на изнаоѓање одржливи економски решенија во разговор со сите засегнати страни, за подобрување на економската состојба и подобрување на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
20230503092858

Д-р Лазаров по протестите: Ај ако не само за Македонците казни и даноци, се некој е обесправен на етничка основа

Граѓани во повеќе градови во Македонија вчера протестираа поради незадоволство од од измените на Законот за сообраќај, односно од новите одредби поврзани со возачките дозволи и одземањето на возилата.На социјалните мрежи реагираше доктр Ненад Лазаров, кој вели дека постојано некој е обесправен во земјичкава на етничка основа.„Па ај ако не у оваа држава само за Македонците казни и даноци да има.Све некој е обесправен у земјичкава на етничка основа, со сила малоумни се праат, истата земја што очигледно не ја сакате, ама да ја почитувате мора!Сите ние останатите без оглед на етникум сме заложници на сите вас што испрофитиравте на национализам и не поминува веќе, пошто никој не е обесправен на етничка основа туку сите сме обесправени на секоја основа.Овие дивљациве без таблици колите, без возачки - протести праат зошто ги казниле, уште и гуми палат и улици затвараат, оној Села у Чаир поише камери имало од на друго место...Земете стрпајте све тоа у затвор и да продолжиме со сериозните проблеми“, се вели во објавата.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvt0p6tgmurm3csp4MeS

Трагедија во Грција: 15 лица загинаа во судир меѓу патролен брод и глисер со мигранти

Најмалку 15 лица загинаа, а десетици беа повредени доцна во вторникот откако брод на грчката крајбрежна стража се судри со глисер со нередовни мигранти кај источниот дел на егејскиот остров Хиос, соопштија властите.Инцидентот се случил додека глисерот, за кој се верува дека го управувале криумчари на мигранти, се обидувал да пристигне во областa Мирсиниди на источниот брег на островот за да ги истовари патниците. Еден висок функционер од Грција изјави дека бродот превезувал околу 30 лица и бил опремен со моќен мотор кога бил забележан од патролен брод на крајбрежната стража.Следела потера, за време на која двата пловни објекти се судриле, според службениците на крајбрежната стража.До полноќ властите потврдиле 15 загинати – 11 мажи и четири жени – и предупредиле дека бројот може да се зголеми. Веднаш била покрената голема операција за пребарување и спасување, во која учествувале повеќе патролни бродови на крајбрежната стража и приватен брод со цивилни нуркачи.Амбулантите биле стационирани во пристаништето на Хиос, транспортирајќи ги повредените преживеани до Општата болница „Скилицеио“ на островот. До полноќ, итните служби пренеле 24 мигранти, вклучувајќи две бремени жени, како и двајца офицери на крајбрежната стража кои претрпеле полесни повреди.Подоцна, болничките службеници потврдиле дека фетусите што ги носеле двете бремени жени не преживеале.Три од хоспитализираните мигранти биле оперирани поради сериозни повреди на витални органи.Грчката крајбрежна стража одговорноста за несреќата ја лоцира кај управувачот на мигрантскиот пловен објект.„Управувачот на глисерот не постапил по визуелните и звучните сигнали на патролниот чамец. Наместо тоа, глисерот го променил правецот и удрил во десната страна на патролниот пловен објект“, се наведува во соопштението.„Поради силата на ударот, глисерот се превртел и потонал, при што сите лица на бродот паднале во морето.“Соопштението е придружено со повеќе фотографии од пловниот објект на крајбрежната стража, на кои е видливо оштетување на неговата десна страна.Иако во минатото се случувале потери со висока брзина со бродови за криумчарење мигранти кај грчките острови како Кос, Сими, Родос, Самос и Агатониси, властите изјавија дека инцидентот кај Хиос е еден од најсериозните во последните години.Притоа, пристигнувањата на мигранти на егејските острови значително опаднале во последните месеци. Во декември, околу 220 лица пристигнале на Хиос, додека на почетокот на февруари биле забележани 33 пристигнувања, според податоците на Министерството за миграции. Вкупно, мигрантските приливи на егејските острови паднале во 2025 година, при што приближно 40% од пристигнувањата биле на јужниот остров Крит.Доцна во вторникот, министерот за миграции Тасос Плеврис најави во рамки на парламентарна расправа за закон за легална миграција дека Владата ќе воспостави две приемни центри за мигранти на Крит. Центрите, кои ќе бидат финансирани од Европската Унија, се очекува да започнат со работа до Велигден. Лани на островот пристигнале скоро 19.800 мигранти.Законот, исто така, содржи одредби за компензациско финансирање на локалните заедници, слично на мерките што веќе се применуваат на егејските острови со долгорочни приемни центри.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
den

Македонија одбележува 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.Централното чествување по повод раѓањето на Делчев, традиционално ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што, според најавите, цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија…Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО во 1896 година, а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 година бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Неговите посмртни останки од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjd2clltsdmf82oLNsmL

(Фото) Нелегална сеча на Галичица: Фатен трактор со дабови дрва спремни за транспорт

При теренска контрола извршена на 31 јануари 2026 година околу 15 часот, шумочуварската служба на подружницата „Преспадрво“ од Ресен открила бесправно посечени дабови зелени огревни дрва, подготвени за транспорт, во шумско-стопанската единица „Галичица – Болно“.Како што информираат од јавното претпријатие „Македонски шуми“, дрвата потекнуваат од засега непознат сторител. Тие се одземени и пренесени во склад на подружницата „Преспадрво“ во Ресен.На фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи, се гледа дека дрвата биле товарени на трактор, спремни за транспорт.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfkeiguk7ttn25bNaMr2

(Видео) Oдбил контрола и се обидел да побегне: Македонец уапсен на граничниот премин „Блато“

На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избегa.„Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“,  бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на полициските службеници и се обидел да избега со возилото, загрозувајќи ги животите на полицајците. Тој е фатен и уапсен“, соопшти албанската полиција.Уапсениот ќе одговара за кривични дела „спротивставување на вршење на должност на службеник од јавен ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а возилото што го управувал е запленето.Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја, за понатамошни дејствија.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
vreme

Променливо облачно со дожд и засилен југоисточен ветер, на планините снег

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.Времето во наредните деновиОд денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Apple-iPhone-14-iPhone-14-Plus-hero-220907_Full-Bleed-Image.jpg.large_

Нова опција на iPhone и iPad ги штити корисниците од следење

Apple воведе нова функција за приватност која им овозможува на корисниците значително да ја ограничат прецизноста на податоците за локацијата што ги споделуваат со мобилните оператори.Технолошкиот гигант направи нов потег во насока на зголемување на безбедноста на корисниците. Новата опција наречена „Limit Precise Location“ (Ограничи прецизна локација) им овозможува на сопствениците на iPhone и iPad уреди да ја сокријат точната локација од мобилните оператори.Досега операторите можеле прилично прецизно да ја определат вашата локација користејќи податоци од базните станици. Со новата опција, која доаѓа со iOS 26.3, операторот ќе ја види само приближната локација. На пример, ќе знае во кое сте населено место, но не и на која улица или во која зграда.Важно е да се нагласат две работи:Служби за итни случаи: Оваа опција автоматски се исклучува ако повикате итна помош, за да можат спасувачите полесно да ве пронајдат.Вашите апликации: Ова не влијае на Google Maps, Instagram или функцијата „Find My“. На нив сè уште можете да им дозволите (или забраните) прецизна локација независно од операторот.Иако Apple официјално не открива за мотивите, индустриските аналитичари укажуваат на огромните казни што операторите ги плаќале во минатото поради продажба на податоци за движењето на корисниците. Потсетуваме, американскиот FCC ги казни водечките оператори со речиси 200 милиони долари токму поради злоупотреба на овие информации.За сега листата на поддржани уреди и мрежи е делумно ограничена. Функцијата е достапна за iPhone Air и iPhone 16e, како и за iPad Pro (M5) (Wi-Fi + Cellular модели).Исто така, потребно е мобилниот оператор исто така да ја поддржува оваа технологија. За сега на листата се големите светски играчи како германскиот Telekom и британскиот EE, а се очекува листата да расте со следните ажурирања.Ако имате поддржан уред и соодветна верзија на софтверот, опцијата можете да ја најдете на: Settings > Cellular > Cellular Data Options > Limit Precise Location.Откако ќе ја вклучите, телефонот веројатно ќе побара рестарт за да ги примени новите правила за комуникација со базните станици.

Медиасет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4j88o06argn48A14PBn

(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки

Социјалниот револт поради одземањето на возилата на лица кои управуваат без возачка дозвола кулминираше на патот Битола–Охрид, каде демонстрантите јавно ги изнесуваат своите лични приказни и причини за протестот.„Ние сме од Битола, ние сме од нашите, некои немаме возачки. Денеска ми земаа 700 евра кола. Пет деца имам, во шупа живеам. Кај да одиме?“, вели еден од демонстрантите, објаснувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку единствено средство за преживување.Тој директно ги поврзува протестите и блокадите со последните законски измени со кои се предвидува задолжително одземање на возила управувани без возачка дозвола. „Гледај сега што направи претседателот со ова. Е сега гледај ние што правиме. Прилеп, Ресен, Битола – сѐ е блокирано. Уште 2000 души доаѓаат“, изјавува демонстрантот, нагласувајќи дека протестите се шират и дека незадоволството расте.Во неговото обраќање доминира чувството на социјална безизлезност. „Без возачки што беа луѓето трпат за леб. Греотичка сме, кај да најдеме леб? Овде што сме ние, немаме возачки. Ни даваат по 50 евра социјално“, вели тој, додавајќи дека барањето е едноставно и директно: „Колата да ми се врати“.Ваквите сведоштва ја отсликуваат атмосферата на протестите, каде што законските мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот се судираат со длабоки социјални проблеми и сиромаштија. Демонстрантите порачуваат дека за нив возилото претставува основно средство за егзистенција, а не прекршок од кој може лесно да се откажат, додека институциите најавуваат дека законот ќе се применува без исклучоци.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Двајца загинати при пад на лесен авион во близина на Манчестер

Најмалку две лица загинаа по пад на лесен авион во поширокото подрачје на Манчестер.Несреќата се случила на земјоделско земјиште во местото Литлборо, во областа Рочдејл.Полицијата соопшти дека биле пронајдени двајца мажи и дека на самото место била констатирана нивната смрт, пренесе „Скај њуз“.„Ова е разорен инцидент во кој две лица го загубија животот и нашите мисли се со нивните семејства и пријатели“, изјави главниот надзорник на полицијата, Дени Инглис, додавајќи:„Во текот на денот тесно соработувавме со колегите од итните служби и партнерските агенции со цел да ги утврдиме сите околности, а на местото на несреќата ќе останеме и во текот на ноќта и утре. Ќе има засилено присуство додека полицајците и истражителите детално ја прегледуваат областа и обезбедуваат прибирање на сите достапни докази. Доколку некој има какви било информации или бил сведок на падот, апелираме да ни се јави.“Фотографии споделени на социјалните мрежи, како што се чини, прикажуваат жолт падобран делумно обвиткан околу подножјето на електричен столб.Постојат извештаи дека авионот што се урнал бил од типот „Cirrus SR20“, летало опремено со падобрански систем кој е наменет да се активира во итни ситуации.Сајтот за следење летови Flightradar24 објави порака на мрежата X со фотографија од авион од типот Cirrus, за кој се верува дека бил вклучен во несреќата.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya6n7f26cob4d0UPEEyc

(Видео) Камион излета од патот Битола-Прилеп

Сообраќајна незгода е регистрирана на патниот правец Битола – Прилеп, каде камион излетал од коловозот и се превртел покрај патот.Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту пак се познати причините поради кои дошло до излетувањето и превртувањето на товарното возило.На местото на настанот се присутни полициски екипи кои вршат увид, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynbqnl1fa558vd8P9eUD

(Видео) Протест во Штип поради одземање возила: запален оган и тензии со полицијата

Граѓани од ромската заедница протестираат во Штип, каде што палат оган на јавна површина. Причината за протестот, како што посочуваат, е одземањето на возилата на дел од нив поради управување без возачка дозвола, мерка што произлегува од новите законски одредби.На местото е повикана и пристигнува Противпожарна екипа, но демонстрантите не дозволуваат пристап за гаснење на огнот. Повеќе од 20 минути трае расправија меѓу учесниците на протестот и полициските службеници, по што полицијата повикува и засилување.Демонстрантите тврдат дека мерката е неправедна и дека им се одземаат возилата, иако ги управуваат без возачка дозвола, поради што извикуваат „бараме правда“. Атмосферата е напната, а огнот сè уште гори.Полициските службеници се обидуваат да им укажат дека палењето оган претставува опасност и дека истиот мора итно да биде изгаснат, но демонстрантите продолжуваат да одбиваат соработка. Засега нема официјални информации за приведени лица, но од надлежните се очекува постапување согласно законот.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya6g6ia3iclen3vOwTMX

СпејсИкс ја купи xAI: Маск ги спои двете компании во највредната приватна фирма во светот

Компанијата „СпејсИкс“ објави дека ја купила xAI, со што се споени двете компании на милијардерот Илон Маск во, како што се наведува, највредната приватна компанија во светот.Маск во соопштение објавено на веб-страницата на „СпејсИкс“ наведе дека спојувањето претставува „следно поглавје“ во заедничката мисија на „СпејсИкс“ и xAI, пренесува Си-Ен-Ен.Аналитичарите оценуваат дека овој потег укажува на потребата на xAI за поголеми финансиски и компјутерски ресурси во сè поконкурентната област на вештачката интелигенција, како и на растечкото значење на оваа технологија за иднината на вселенските истражувања.Според податоците на истражувачката компанија „ПичБук“, вредноста на „СпејсИкс“ е проценета на 800 милијарди долари по секундарната продажба на акции во декември 2025 година, додека xAI е проценета на 230 милијарди долари по последната рунда финансирање во јануари.Маск наведе дека напредокот во вештачката интелигенција во моментов се потпира на големи центри за податоци на Земјата, кои бараат огромни количини енергија и ладење, и оцени дека „логично решение“ е преместување на таквите системи во вселената.„СпејсИкс“ минатата недела побара дозвола од Федералната комисија за комуникации за лансирање констелација од еден милион сателити, со цел создавање мрежа на центри за податоци напојувани со сончева енергија за потребите на вештачката интелигенција.Според проценките на Маск, вештачката интелигенција во рок од две до три години би можела најевтино да се развива токму во вселената.Во меѓувреме, растот на побарувачката за компјутерска моќ и енергија веќе поттикнува големи инвестиции на технолошките компании во инфраструктура, додека во одделни делови на САД се забележани значителни зголемувања на трошоците за електрична енергија во близина на дата-центри.xAI, која неодамна собра 20 милијарди долари од инвеститори, е и сопственик на социјалната мрежа X, чиј AI четбот Грок се соочи со критики поради проблематична содржина.И покрај тоа, интересот на инвеститорите за вештачката интелигенција останува силен, наведува Си-Ен-Ен.Меѓу „СпејсИкс“ и xAI и претходно постоеше значајна соработка и преклопување на кадри, иако некои поранешни вработени предупредуваа на можни културолошки разлики меѓу компаниите.Маск во декември ги потврди плановите за иницијална јавна понуда на акции на „СпејсИкс“, која, според наводите, би можела да биде меѓу најголемите во историјата и дополнително да ја зголеми неговата веќе огромна нето-вредност.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library95vof60kvvjv9KKjEUf

Убиен синот на Гадафи

Саиф ел Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен, изјави извор близок до семејството Гадафи за „Ал Арабија“.Изворот наведе дека четворица напаѓачи пукале во Саиф ел Ислам во неговата градина, по што побегнале од местото на злосторството.Според истиот извор, засега не е јасно кој стои зад убиството.Либиската државна новинска агенција ЛАНА исто така извести за неговата смрт, повикувајќи се на неговиот советник Абдала Отман.Саиф ел Ислам долго време беше сметан за наследник на својот татко. Во 2021 година тој објави дека ќе се кандидира за претседател, но тие избори беа одложени на неопределено време.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Управувал возило со 2.09 промили алкохол во крвта

Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта. Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
policija-policaec-35-450x270-1

Лишени од слобода двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит – возилата одземени

Двајца возачи од Куманово и Скопје биле лишени од слобода откако било утврдено дека управувале моторни возила без положен возачки испит, а нивните возила биле одземени, соопшти полицијата.На 3 февруари 2026 година во 12:40 часот, на патниот правец Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Ш.А. (31) од Куманово. При извршена сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возачот управувал возило без положен возачки испит за Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.Истиот ден, во 13:00 часот на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, полициски службеници од истата мобилна единица го лишиле од слобода И.Џ. (20) од Скопје. При контрола на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, било утврдено дека и тој управувал без положен возачки испит за Б категорија. И ова лице било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
ohridsko-ezero

Македонија на второто место на најмалку посетени европски дестинации

Европа веќе долго време е најпосетуваниот континент во светот, но сепак постојат земји на овој дел од планетата кои се прилично „под радарот“ за меѓународните туристи и кои не сакаат да ги посетат, бидејќи не ги доживуваат како особено атрактивни или безбедни.Компанијата Riviera Travel ги анализирала податоците на Евростат за најмалку посетуваните европски земји, користејќи статистика за бројот на ноќевања остварени во туристички сместувања во секоја држава.На врвот на листата се наоѓа Лихтенштајн, каде што во текот на 2024 година биле забележани само 228.579 ноќевања, според најновите достапни податоци.Главниот град Вадуц е познат по замокот од кој се пружа поглед на долината на Рајна. Сепак, Лихтенштајн најчесто се посетува во рамките на еднодневни излети од соседните земји, што објаснува толку мал број на ноќевања.На второ место е Македонија, со нешто повеќе од два милиони ноќевања во 2024 година, додека третото место го зазема Луксембург, кој забележал околу 3,6 милиони ноќевања. Следуваат Летонија и Црна Гора на четвртото и петтото место.Во продолжение, целосната листа на десет европски земји со најмалку туристи, според бројот на ноќевања:ЛихтенштајнМакедонијаЛуксембургЛетонијаЦрна ГораЕстонијаАлбанијаЛитванијаМалтаСрбија

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygf7m6i7mg2kq0QtAp3o

Епстин имал увид во даночната политика на Обединетото Кралство преку Питер Манделсон

Новообјавени судски документи од САД откриваат дека Џефри Епстин преку поранешниот британски министер и европски комесар Питер Манделсон добивал пристап до расправи за даночната политика на Обединетото Кралство и стратегијата на Банката на Англија во реално време. Документите ги објавија американскиот Конгрес и Министерството за правда по иницијатива за транспарентност, пренесува „Јуроњуз“.Најчувствителните делови се однесуваат на електронска преписка која укажува на близок однос меѓу Епстин и Манделсон, во кој покрај лични прашања се разменувале и информации за владини и економски политики. Банкарски записи покажуваат уплати од вкупно 75.000 долари кон сметки поврзани со Манделсон во периодот 2003–2004 година, како и дополнителни средства по 2009 година. Манделсон изјави дека не се сеќава на тие трансакции и дека ќе ја провери автентичноста на документите.Британската влада соопшти дека материјалите се доставени до полицијата, а премиерот Кир Стармер изјави дека е згрозен од откритијата. Манделсон поднесе оставка од Домот на лордовите и од Лабуристичката партија, наведувајќи дека не сака да ѝ создава дополнителни проблеми.Документите покажуваат дека Епстин бил информиран и за чувствителни теми како данокот на бонусите на банкарите, стратегијата за квантитативно олеснување и интерни анализи поврзани со економската криза, што отвори повици за истрага и укажа на сериозни институционални пропусти во заштитата на јавниот интерес.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген овозможува пензија на 57 години

Фолксваген, во рамки на своите мерки за социјално прифатливо намалување на бројот на работни места, отвори програма за скратено работно време пред пензија (Altersteilzeit) за генерацијата родена во 1969 година.Од 26 јануари 2026 година, засегнатите вработени можат да се пријават за заминување во пензија на 57-годишна возраст, десет години пред законската граница за пензионирање. Оваа одлука е централен дел од стратегијата на компанијата, со која до 2030 година се планира укинување на околу 35.000 работни места во Германија. Слични регулативи веќе се во подготовка и за генерацијата родена во 1970 година, пишува „Феникс магазин“.Скратеното работно време пред пензија е инструмент со кој Фолксваген овозможува социјално прифатливи премини во пензија. На вработените родени во 1969 година компанијата им нуди атрактивни услови кои значително ги надминуваат законските стандарди. Така, засегнатите работници добиваат доплата на платата до 95 отсто од досегашната нето-заработка.Компанијата исто така уплатува придонеси за законското пензиско осигурување во износ од 100 отсто, како и доживотно надоместува половина од пензискиот јаз што настанува поради предвремено пензионирање.Слични правила важат и за лица со тешка инвалидност родени во 1970 година. Користењето на опцијата за предвремено заминување во пензија се заснова на доброволна основа. Фолксваген проценува дека околу 70 отсто од опфатените работници ќе ја искористат оваа можност.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања