1 нед.
media-librarykpeftbj8hn8v3ouwmof

Сиљановска: Кога ги усогласуваме нашите закони со европските стандарди, градиме систем во којшто правилата ја надживуваат власта

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас - да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им припаѓаат на луѓето. Го претстави македонскиот случај и посочи дека државата веќе 25 години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, формално и правно се усогласува со Европската Унија, со нејзините институции, правила и регулативи, но и покрај тоа сме меѓу најдолгогодишните кандидати за полноправно членство во Европската Унија.Но, усогласувањето, според претседателката, не го правиме само заради Брисел, туку и поради фактот што процедурите се гаранција за еднаквост. Кога ги усогласуваме нашите закони со европските стандарди, градиме систем во којшто правилата ја надживуваат власта, рече претседателката, истакнувајќи дека ова е разликата меѓу владеењето на човекот и владеењето на правото.Посочи дека македонските институции остануваат инклузивни и посочи дека Националната стратегија за развој 2024 ‒ 2044 помага да ги калибрираме политиките и законите.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
megafoni

Закани кон новинарот Александар Видиновски, ОЈО отвори предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски.„Коментарите биле објавени под видео прилог на новинарот кој се однесува на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и во себе содржеле сериозни закани, говор на омраза, ксенофобични пораки и пораки што поттикнуваат национална нетрпеливост.Имајќи во вид дека во конкретниов случај станува збор за новинар и уредник кој врши дејност од јавен интерес и професионални задачи, прдметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје со цел да преземе дејствија за испитување на индициите за евентуално постоење на елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност“, се

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Обвинителство отвори предмет за случајот со „извоз на мозоци“ во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.„Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
najcevska

Најчевска: Чекам да се одземе џип и на богатун или функционер чие дете вози без дозвола, како кај Ромите

По вчерашните протести на групи граѓани од ромска припадност кои се побунија да возат возила без возачки дозволи, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.„Секое возило е потенцијално моќно оружје кое може да доведе до повреди или смрт на едно или повеќе лица. И како такво треба да биде третирано.Јас сепак чекам кога ќе биде одземен џип од некој богатун или функционер чие дете вози без дозвола на ист начин како за Ромите. Од Верушевски наваму гледаме дека токму тие “нечии“ деца дивеат по улиците на градовите и поминуваат со никаква или минимална казна. Да не ги спомнувам купените дозволи.Она што во случајов треба да се направи е да се даде рок од неколку месеци да се регистрира автомобилот и да се полага возачки испит. За одреден период треба да се даде и поддршка (финансиска) од државата за ова на сите кои немаат соодветни средства.На тој начин ќе се разбие монолитноста на групата. ќе се отапи острилото и ќе се испрати пораката дека станува збор за безбедносна мерка а не казна за сиромаштијата.Во целата работа треба да се вклучат невладините организации (со објаснувања, алтернативни решенија и поддршка во спроведување на законот на начин кој нема да биде егзистенцијално загрозувачки за Ромите).И секако и партиите на Ромите кои треба да седнат со своите гласачи да ги разгледаат можните решнија кои нема да го девалвираат еднаквото важење на законот“, вели Најчевска.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
vojska

Трилатерален состанок на т.н. Косово, Албанија и Хрватска: Почнува забрзано вооружување

На основа на Заедничката тристранска декларација, која во 2025 година ја потпишаа министрите за одбрана на Косово, Албанија и Хрватска, се одржа состанок на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.Состанокот се одржа во Хрватска, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Косово.„Делегацијата на Република Косово ја предводеше директорот за одбранбена политика Фарук Гечи, а разменети беа мислења за можностите за унапредување на заедничката соработка во областа на одбранбените капацитети, соработката помеѓу одбранбените индустрии на потписничките земји, како и понатамошните чекори за спроведување на Декларацијата“, се наведува во соопштението.Декларацијата одредува четири главни области на понатамошна соработка, кои вклучуваат: промоција на соработка во областа на одбранбените капацитети и одбранбената индустрија, зголемување на интероперабилноста преку образование, обука и заеднички вежби, справување со хибридни закани и јакнење на отпорноста, како и обезбедување континуирана и целосна поддршка на евроатлантските интеграции.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
2

Уапсен бегалец од затвор, спроведен во „Идризово“ за доиздржување на казната

Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот „Идризово“.А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец за сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, тој е спроведен во Затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
zdravko-colic-koncert

Полицијата дојде до снимките од нападот на куќата на Здравко Чолиќ: Камерите ги уловија напаѓачите

Сигурносните камери на вилата на Здравко Чолиќ на Дедиње го забележале моментот кога двајца непознати мажи вчера, точно во 5 часот наутро, фрлиле рачна бомба на домот на пејачот.Елитната населба Дедиње вчера беше место на драматичен инцидент кој, за среќа, помина без човечки жртви. Според неофицијални информации на „Телеграф“, полицијата веќе располага со видео материјал на кој се гледа како двајцата напаѓачи приоѓаат до оградата и ја активираат експлозивната направа.Бомбата, според неофицијални информации, експлодирала на терасата кај самата влезна врата. Токму снимките од видео-надзорот се во фокусот на истрагата што ја води Високото јавно обвинителство, бидејќи на нив се гледа движењето на напаѓачите пред и по детонацијата.Иако во моментот на нападот никој не бил повреден, материјалната штета на имотот е голема. Фасадата околу влезните врати е уништена, а од силата на ударот испукале прозорите и е оштетена влезната капија.Мала штета претрпела уште една куќа во близина каде што исто тка испукале прозорите.Инспекторите од криминалистичката полиција и обвинителството моментално работат на идентификација на лицата од снимката. Се проверуваат и базните станици на мобилната телефонија, како и другите камери во околината за да се утврди дали напаѓачите имале соучесници кои ги чекале во автомобил во близина.Овој невиден напад врз една од најголемите ѕвезди на регионот ги подигна на нозе сите безбедносни служби, а мотивот засега останува непознат.Здравко Чолиќ се огласи за „Уна“:„Се наоѓам во Загреб, каде што завршувам последни песни за новиот албум. Во Белград е се во ред, фала му на Бога што сите се добро“, изјави тој, додавајќи:„Разбирам го интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите се протолкувани на начин кој не одговара на вистинската состојба. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истражувањето е во тек и чекаме полициски извештај“, изјави Чолиќ за Уна.За време на истрагата ќе се утврди дали Чолиќ бил мета и каков е мотивот, а вчера се појавија информации дека бомбашите можеби „погрешиле“. Полицијата ќе оствари разговор со Чолиќ кога ќе се врати од странство.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8apjuql2insb1u0WJaW

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено забрза. Банкарскиот сектор и натаму остварува солиден раст на депозитната база и кредитната активност, а девизните резерви се задржуваат на соодветно и сигурно ниво.„Народната банка продолжи со унапредувањето на својот оперативен инструментариум заради поддршка на ефикасното спроведување на монетарната политика. Во последниот квартал од 2025 година, таа изврши приспособување на оперативната монетарна рамка заради подобрување на управувањето со ликвидноста и зајакнување на монетарната трансмисија. Со измените се става посилен акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика.Во Кварталниот извештај се наведува дека во четвртото тримесечје од 2025 година годишната стапка на инфлација изнесуваше 4,2%, што претставува очекувано забавување. Инфлацијата за целата 2025 година, во просек, изнесува 4,1%, што е близу до октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2026 година и на среден рок се очекува забавување на инфлацијата и постепено враќање кон историскиот просек. Сепак, и понатаму постојат одредени ризици, при што главните извори на неизвесност се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, геополитичките тензии и процесите на трговска фрагментација, како и со одредени домашни фактори што влијаат врз побарувачката.Во третиот квартал од 2025 година, реалниот годишен раст на бруто домашниот производ забрза и од 3,5% во претходното тримесечје се искачи на 3,8%, што е малку повеќе од оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Според основното сценарио од октомври, за целата 2025 година се очекува забрзување на економскиот раст којшто би изнесувал 3,5% (3,0% во 2024 година), а во 2026 година, како и на среден рок дополнително би се засилил и би достигнал 4,0%.На крајот на 2025 година, нивото на девизните резерви достигна 4.920,5 милиони евра и според сите релевантни показатели, обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.Податоците од монетарниот сектор укажуваат на натамошна солидна кредитна поддршка за економијата и зајакнување на депозитната база на банките. Во четвртиот квартал од 2025 година, годишниот раст на вкупните кредити изнесуваше 13%, при годишен раст и на депозитите од 10%, што е малку над нивото проектирано за крајот на годината.На седницата, Советот на Народната банка разгледа и повеќе други точки поврзани со тековното работење на Банката“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ се закани со тужба: Ако СДС има докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до ЈО

СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прели чашат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба.На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност.Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?СДС мора да разбере дека ако они крадеа, ние не крадеме. Ако тие даваа пасоши на криминалци, ние не даваме. Ако тие договараа тендери во 4 очи и добиваа автомобили за истото, ние не правиме така. СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, вели СДСМ.„Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери...?Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта.Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.Молкот мора да престане.  Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.Нема бегање од одговорноста.Сите ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-03-11-at-12.43.30

ВМРО-ДПМНЕ: Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците. Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија како седи сам во празните простории на синдикатот, при што пишува дека чекал да дојде претставник на Владата за да се потпише договор за зголемување на платите.Ова е само уште една потврда на тезите дека барањата на Слободан Трендафилов не се барања од и за работниците, туку се барања со политичка заднина и дека зад оваа раководство на ССМ стојат СДС и Левица.Ваквото однесување на Трендафилов, не е ништо друго освен обичен театар за широката маса, во која тој изигрува жртва, а виновна е владата. На него никогаш не му било до зголемување на платите на работниците, туку целта единствено му било да се наштети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што е иста политичка агенда со таа на СДС и Левица.Оттука се јавува потреба да се постави прашањето, дали СДС и Левица му ги пишуваат барањата на ССМ и Трендафилов?Изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша нови колективни договори и ги зголеми платите во образование, здравство, полиција, одбрана, социјала и другите сектори, но за тоа Трендафилов ништо не кажа.Исто како што збор не изусти за ценовните шокови во време на власт на СДС и ДУИ, кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, кога сметките за струја се зголемија за над 50% и молчеше кога во неколку државни институции со месеци немаше плати.Исто така, потсетуваме дека во изминатите години на власт на СДС, се потпишаа колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Тоа значи, СДС и ССМ си потпишале договори без претходно одобрени средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор и уште едно изигрување на работниците за политички цели.Со овие политички игри и лицемерие Трендафилов и ССМ покажуваат дека не се борат за работниците, туку соработуваат и работат во корист на СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од нив, Владата е посветена на изнаоѓање одржливи економски решенија во разговор со сите засегнати страни, за подобрување на економската состојба и подобрување на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
20230503092858

Д-р Лазаров по протестите: Ај ако не само за Македонците казни и даноци, се некој е обесправен на етничка основа

Граѓани во повеќе градови во Македонија вчера протестираа поради незадоволство од од измените на Законот за сообраќај, односно од новите одредби поврзани со возачките дозволи и одземањето на возилата.На социјалните мрежи реагираше доктр Ненад Лазаров, кој вели дека постојано некој е обесправен во земјичкава на етничка основа.„Па ај ако не у оваа држава само за Македонците казни и даноци да има.Све некој е обесправен у земјичкава на етничка основа, со сила малоумни се праат, истата земја што очигледно не ја сакате, ама да ја почитувате мора!Сите ние останатите без оглед на етникум сме заложници на сите вас што испрофитиравте на национализам и не поминува веќе, пошто никој не е обесправен на етничка основа туку сите сме обесправени на секоја основа.Овие дивљациве без таблици колите, без возачки - протести праат зошто ги казниле, уште и гуми палат и улици затвараат, оној Села у Чаир поише камери имало од на друго место...Земете стрпајте све тоа у затвор и да продолжиме со сериозните проблеми“, се вели во објавата.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvt0p6tgmurm3csp4MeS

Трагедија во Грција: 15 лица загинаа во судир меѓу патролен брод и глисер со мигранти

Најмалку 15 лица загинаа, а десетици беа повредени доцна во вторникот откако брод на грчката крајбрежна стража се судри со глисер со нередовни мигранти кај источниот дел на егејскиот остров Хиос, соопштија властите.Инцидентот се случил додека глисерот, за кој се верува дека го управувале криумчари на мигранти, се обидувал да пристигне во областa Мирсиниди на источниот брег на островот за да ги истовари патниците. Еден висок функционер од Грција изјави дека бродот превезувал околу 30 лица и бил опремен со моќен мотор кога бил забележан од патролен брод на крајбрежната стража.Следела потера, за време на која двата пловни објекти се судриле, според службениците на крајбрежната стража.До полноќ властите потврдиле 15 загинати – 11 мажи и четири жени – и предупредиле дека бројот може да се зголеми. Веднаш била покрената голема операција за пребарување и спасување, во која учествувале повеќе патролни бродови на крајбрежната стража и приватен брод со цивилни нуркачи.Амбулантите биле стационирани во пристаништето на Хиос, транспортирајќи ги повредените преживеани до Општата болница „Скилицеио“ на островот. До полноќ, итните служби пренеле 24 мигранти, вклучувајќи две бремени жени, како и двајца офицери на крајбрежната стража кои претрпеле полесни повреди.Подоцна, болничките службеници потврдиле дека фетусите што ги носеле двете бремени жени не преживеале.Три од хоспитализираните мигранти биле оперирани поради сериозни повреди на витални органи.Грчката крајбрежна стража одговорноста за несреќата ја лоцира кај управувачот на мигрантскиот пловен објект.„Управувачот на глисерот не постапил по визуелните и звучните сигнали на патролниот чамец. Наместо тоа, глисерот го променил правецот и удрил во десната страна на патролниот пловен објект“, се наведува во соопштението.„Поради силата на ударот, глисерот се превртел и потонал, при што сите лица на бродот паднале во морето.“Соопштението е придружено со повеќе фотографии од пловниот објект на крајбрежната стража, на кои е видливо оштетување на неговата десна страна.Иако во минатото се случувале потери со висока брзина со бродови за криумчарење мигранти кај грчките острови како Кос, Сими, Родос, Самос и Агатониси, властите изјавија дека инцидентот кај Хиос е еден од најсериозните во последните години.Притоа, пристигнувањата на мигранти на егејските острови значително опаднале во последните месеци. Во декември, околу 220 лица пристигнале на Хиос, додека на почетокот на февруари биле забележани 33 пристигнувања, според податоците на Министерството за миграции. Вкупно, мигрантските приливи на егејските острови паднале во 2025 година, при што приближно 40% од пристигнувањата биле на јужниот остров Крит.Доцна во вторникот, министерот за миграции Тасос Плеврис најави во рамки на парламентарна расправа за закон за легална миграција дека Владата ќе воспостави две приемни центри за мигранти на Крит. Центрите, кои ќе бидат финансирани од Европската Унија, се очекува да започнат со работа до Велигден. Лани на островот пристигнале скоро 19.800 мигранти.Законот, исто така, содржи одредби за компензациско финансирање на локалните заедници, слично на мерките што веќе се применуваат на егејските острови со долгорочни приемни центри.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
den

Македонија одбележува 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.Централното чествување по повод раѓањето на Делчев, традиционално ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што, според најавите, цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија…Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО во 1896 година, а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 година бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Неговите посмртни останки од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryjd2clltsdmf82oLNsmL

(Фото) Нелегална сеча на Галичица: Фатен трактор со дабови дрва спремни за транспорт

При теренска контрола извршена на 31 јануари 2026 година околу 15 часот, шумочуварската служба на подружницата „Преспадрво“ од Ресен открила бесправно посечени дабови зелени огревни дрва, подготвени за транспорт, во шумско-стопанската единица „Галичица – Болно“.Како што информираат од јавното претпријатие „Македонски шуми“, дрвата потекнуваат од засега непознат сторител. Тие се одземени и пренесени во склад на подружницата „Преспадрво“ во Ресен.На фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи, се гледа дека дрвата биле товарени на трактор, спремни за транспорт.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryfkeiguk7ttn25bNaMr2

(Видео) Oдбил контрола и се обидел да побегне: Македонец уапсен на граничниот премин „Блато“

На граничнот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, албанската полиција уапсила македонски државјанин, кој откако одбил да биде контролиран, се обидел да избегa.„Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“,  бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на полициските службеници и се обидел да избега со возилото, загрозувајќи ги животите на полицајците. Тој е фатен и уапсен“, соопшти албанската полиција.Уапсениот ќе одговара за кривични дела „спротивставување на вршење на должност на службеник од јавен ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а возилото што го управувал е запленето.Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја, за понатамошни дејствија.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
vreme

Променливо облачно со дожд и засилен југоисточен ветер, на планините снег

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.Времето во наредните деновиОд денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Apple-iPhone-14-iPhone-14-Plus-hero-220907_Full-Bleed-Image.jpg.large_

Нова опција на iPhone и iPad ги штити корисниците од следење

Apple воведе нова функција за приватност која им овозможува на корисниците значително да ја ограничат прецизноста на податоците за локацијата што ги споделуваат со мобилните оператори.Технолошкиот гигант направи нов потег во насока на зголемување на безбедноста на корисниците. Новата опција наречена „Limit Precise Location“ (Ограничи прецизна локација) им овозможува на сопствениците на iPhone и iPad уреди да ја сокријат точната локација од мобилните оператори.Досега операторите можеле прилично прецизно да ја определат вашата локација користејќи податоци од базните станици. Со новата опција, која доаѓа со iOS 26.3, операторот ќе ја види само приближната локација. На пример, ќе знае во кое сте населено место, но не и на која улица или во која зграда.Важно е да се нагласат две работи:Служби за итни случаи: Оваа опција автоматски се исклучува ако повикате итна помош, за да можат спасувачите полесно да ве пронајдат.Вашите апликации: Ова не влијае на Google Maps, Instagram или функцијата „Find My“. На нив сè уште можете да им дозволите (или забраните) прецизна локација независно од операторот.Иако Apple официјално не открива за мотивите, индустриските аналитичари укажуваат на огромните казни што операторите ги плаќале во минатото поради продажба на податоци за движењето на корисниците. Потсетуваме, американскиот FCC ги казни водечките оператори со речиси 200 милиони долари токму поради злоупотреба на овие информации.За сега листата на поддржани уреди и мрежи е делумно ограничена. Функцијата е достапна за iPhone Air и iPhone 16e, како и за iPad Pro (M5) (Wi-Fi + Cellular модели).Исто така, потребно е мобилниот оператор исто така да ја поддржува оваа технологија. За сега на листата се големите светски играчи како германскиот Telekom и британскиот EE, а се очекува листата да расте со следните ажурирања.Ако имате поддржан уред и соодветна верзија на софтверот, опцијата можете да ја најдете на: Settings > Cellular > Cellular Data Options > Limit Precise Location.Откако ќе ја вклучите, телефонот веројатно ќе побара рестарт за да ги примени новите правила за комуникација со базните станици.

Медиасет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4j88o06argn48A14PBn

(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки

Социјалниот револт поради одземањето на возилата на лица кои управуваат без возачка дозвола кулминираше на патот Битола–Охрид, каде демонстрантите јавно ги изнесуваат своите лични приказни и причини за протестот.„Ние сме од Битола, ние сме од нашите, некои немаме возачки. Денеска ми земаа 700 евра кола. Пет деца имам, во шупа живеам. Кај да одиме?“, вели еден од демонстрантите, објаснувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку единствено средство за преживување.Тој директно ги поврзува протестите и блокадите со последните законски измени со кои се предвидува задолжително одземање на возила управувани без возачка дозвола. „Гледај сега што направи претседателот со ова. Е сега гледај ние што правиме. Прилеп, Ресен, Битола – сѐ е блокирано. Уште 2000 души доаѓаат“, изјавува демонстрантот, нагласувајќи дека протестите се шират и дека незадоволството расте.Во неговото обраќање доминира чувството на социјална безизлезност. „Без возачки што беа луѓето трпат за леб. Греотичка сме, кај да најдеме леб? Овде што сме ние, немаме возачки. Ни даваат по 50 евра социјално“, вели тој, додавајќи дека барањето е едноставно и директно: „Колата да ми се врати“.Ваквите сведоштва ја отсликуваат атмосферата на протестите, каде што законските мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот се судираат со длабоки социјални проблеми и сиромаштија. Демонстрантите порачуваат дека за нив возилото претставува основно средство за егзистенција, а не прекршок од кој може лесно да се откажат, додека институциите најавуваат дека законот ќе се применува без исклучоци.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Двајца загинати при пад на лесен авион во близина на Манчестер

Најмалку две лица загинаа по пад на лесен авион во поширокото подрачје на Манчестер.Несреќата се случила на земјоделско земјиште во местото Литлборо, во областа Рочдејл.Полицијата соопшти дека биле пронајдени двајца мажи и дека на самото место била констатирана нивната смрт, пренесе „Скај њуз“.„Ова е разорен инцидент во кој две лица го загубија животот и нашите мисли се со нивните семејства и пријатели“, изјави главниот надзорник на полицијата, Дени Инглис, додавајќи:„Во текот на денот тесно соработувавме со колегите од итните служби и партнерските агенции со цел да ги утврдиме сите околности, а на местото на несреќата ќе останеме и во текот на ноќта и утре. Ќе има засилено присуство додека полицајците и истражителите детално ја прегледуваат областа и обезбедуваат прибирање на сите достапни докази. Доколку некој има какви било информации или бил сведок на падот, апелираме да ни се јави.“Фотографии споделени на социјалните мрежи, како што се чини, прикажуваат жолт падобран делумно обвиткан околу подножјето на електричен столб.Постојат извештаи дека авионот што се урнал бил од типот „Cirrus SR20“, летало опремено со падобрански систем кој е наменет да се активира во итни ситуации.Сајтот за следење летови Flightradar24 објави порака на мрежата X со фотографија од авион од типот Cirrus, за кој се верува дека бил вклучен во несреќата.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања